Здраво, сакам да ве поздравам често го следам форумов. Ми треба мислење, идеа.
Уредувам втор спрат на куќа, каде што ќе седам во иднина. Сакам да се греам со инвертер клими. На долиот спрат татко ми се грее со парно да дрва, сакам доколку е можно да ги греам сите простории со климите.
Земам во предвид дека ќе ми требаат најмалку две. Освен дневниот простор ( дневна, кујна, трапезарија) сакам и спалната, купатилото и ходникот да бидат топли, да речиме некаде 18 степени би биле идеални. Во иднина ќе треба и детската да се грее, за 2-3 години.Доколку е потребно ( а ќе биде) би купил и трета клима за детската во иднина.
Дилемата ми е како да ја поставам 2рата клима така да се греат спалната, купатилото и ходникот и ако можи да избегнам купување на трата клима. До следната зима планираме да поставиме надворешна изолација. Прозорците се ПВЦ.
Ставив и слика од распоредот на собите.
Ви благодарам
Прегледај го приврзокот 200164

Вака ќе можеш да си го тераш дневниот престој на 23Ц, хондикот на 22Ц, и спалните на 21Ц идеално за спиење. Под услов да се отворени вратите меѓу спалните и ходникот.