Најекономично греење и ладење

Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Муабетот е "кој грее" е тој копер и хантер. Ако е ломо еко 18 не е исто со хансол 18.
Cooper&Hunter мислам дека е исто Gree, само друг увозник и друга налепница.
На таа квадратура галиба, ќе треба саглам клима. Јас имам Митцу и Даикин и задоволен, со тоа што мене ми се примарно греење а парното ми е за ептен кризни ситуации. А да си најдеш две Mithc fh35ve ако уште ги има? Гром клима, пробај, после ќе правиме лафмуабет дали ќе ти биде парното основно.
Даикинот fxtf50 ќе е идеален за таму.
 
L

lleeoo

Гостин
Oкеј, еве и за тебе бан да биде праведно.
E d
Oкеј, еве и за тебе бан да биде праведно.
Moze i za mene ban za da se pridruzam vo cestitkite
so ubo klimata vo mavrovo
Balkanska rabota c c c c[DOUBLEPOST=1543362097][/DOUBLEPOST]
idi isprobaj na "toplovo" sega, da ne otides okolu nova godina pa da smrznesh :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
Ne se sekiraj si nosi panelka vo kepek za bekap :))
 
Член од
28 ноември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo na site, nova sum na forumov, mi treba mislenje se nadevam ke mi pomognete. Veke imate razgovarano na ovaa tema, ali da ne baram niz site 1500 stranici...
Dali ima nekoj iskustvo so centralno ladenje i greenje so toplinska pumpa?
Potocno postaveno na plafon?
Koja brend na toplinska pumpa go preporacuvate?
So postavuvavnje na toplinska pumpa za ladenje i greenje koja imstaacija e najdobra, podno greenje so fenkoljeri, radiatori, samo fenkoljeri?
Ve molam spodelete iskustva...

Kukata e 360m2
Dolniot kat e 160m2 otvoren prostor, kade sto isto taka e planuran kamin. E sea koja mi e najdobra opcija za instalacija za ladenje i greenje?
 
Член од
25 август 2018
Мислења
54
Поени од реакции
29
@Slag*jana Цената мене со подно греење на плочки и фејнколери во дневните и собите за 220 м2 ми дадоа понуда од 15000 евра. Со тоа што е предвидена 16 кw даикин пумпа и 260л бојлер. Разгледував многу опции . Инсталацијатс за подно и радијатори се прави сега кога се гради така да 3000евра и да ставиш клими и не пак ќе отидат. Разгледував мулти сплит 3000 евра за спрат така да 6000 евра вкупно плус инсталација што ке ставам за подно низ куќата за да има 3000 евра плус соларен испаѓа пак 10 000 евра минимум . Така да 15 000 евра пумпата и инсталација на даикин се исплаќа поради се ова и плус има субвенции од шпаркасе 20% тоест ке испадне 12 000евра
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Podno greenje voopsto ne e isplatliva opcija spored mene.

Najprvo e mnogu tromo, odnosno nema moznost za pobrza regulacija na teperaturata. Podnoto greenje ja gree kosulicata, koja sluzi kako akumulator na toplina koja potoa ja ispusta vo prostorot. Za da akumulira toplina treba da ima kapacitet odnosno tezina. Kosulicata treba da bide najmalku 5cm za da gi pokrie cevkite no mnogu cesto e nad 7cm.

E sega seto ova treba da bide planirano uste vo samoto proektiranje za da moze da se podnese ovoj teret. Razmislete kolku moze da se zastedi vo samata gradba bez ovie baranja.

Vtoro, samata opcija da ti pominuvaat cevki so voda, niz kosulicata voopsto ne e primamliva opcija. Zamisli da ima nekakov kvar ke treba da kopas se do ploca. A kvarovi se slucuvaat, ponekogas i od nevnimanie.

Ponatamu, ima ognicuvanja kolkav prostor smees da pokries kaj vakviot sistem. Ne smees da postilas tepisi preku celata soba, ne smees da imas povrsinski golem mebel koj lezi na podot i sl.

Najdobrata opcija koja imam videno e so vgraduvanje na kanali za cevkite za greenje vo zidot, i ova posebno e mnogu lesno da se izvede koga nema maltarenje odnosno koga namesto maltarenje se postavuvaat knauf ploci. Samo so vadenje na kapakot se ima pristap do site cevki, pa bilo kakov servis ili zamena e mnogu brza i lesna. (Inace istiot sistem se primenuva i kaj vodovodnite cevki).

A dokolku e planirana toplotna pompa togas nema izbor i mora fenkojleri, samo i tamu ima razlika.
A za greenje na topotna pumpa imam slusnato samo pozitivni iskustva. Poveketo familii vo Prilep koi gi poznavam i koi se prefrlija na greenje so toplotna pumpi se prezadovolni. Skoro site proekti gi ima raboteno Euroterm, so Airmac toplotbni pumpi i fenkojleri. Edinstven problem e investicija. Paralelno so toplotnata pumpa site postavuvaa termofasadi i visokoizlacioni prozori i vo prosek nekade gi kostalo okoku 20.000 po objekt.
 
Член од
18 август 2015
Мислења
213
Поени од реакции
420
На ниво на цела држава. Реализацијата на проектот-Програмата оди преку министерството за економија. Огласот се однесува за сите кои набавиле печки на пелети во периодот од 01.09.2018 заклучно со 12.12.2018 год. Доделувањето на субвенциите-поврат на средства изнесува 50 % од вредноста, но не повеќе од 500 Евра и оди по принципот „прв дојден-прв услужен“. На веб страницата на министерството за економија (www. ekonomy.gov.mk) се објавени документите кои треба да се поднесат ( обрасците ). Документацијата ( наведената во самиот оглас) се доставува до министерството на начин како што е наведено во самиот оглас -„Втор оглас за надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети во домаќинствата за 2018 година“.
Добра можност тој што набавил печка за пелети во периодот од 01.09.2018 па се до 12.12.2018 година и кој досега не користел ваква субјенција да поврати дел од потрошените средства кои можат да бидат 50% до вредноста на уредот- мах. до 500 Евра. Документацијата која треба да се достави не е обемна и со мала ангажираност, првичната инвестиција за набавка на ваков уред може да биде прифатлива од економска гледна точка.
РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ е до 12.12.2018 година
Побрзајте !
Не чекајте последен ден !
Кој прв дојде-тој прв ќе биде услужен !
Секое добро.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Вака за греењето ако сакаш да се со бајаги замарање.
Се става плоча па стиропор за подно, па цевки за подно и кошуљица. Над тоа што сакаш ставаш, паркет/плочки/ламинат. И каков сакаш мебел. Подот никогаш нема да надмине 30Ц степени затоа нема потреба од замарање на таа тема.
Одиме понатаму.
Се зема топлинска пумпа Воздух-Вода околу 3.5-5.5KW за еден спрат со помошен греач ако е за еден стан, се става бафер за вода од парното и се поврзува со подното. Со тоа се добива убав млак под на ефикасен начин.
3000еур за подно, 4000 за пумпата.
Потоа се ставаат 2-3 ѕидни инвертери самостојни 2.5 или 3.5KW зависно колку соби има во просторот и каква е потребата.
Ова уште 2000евра.
В
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
1
Здраво, сакам да ве поздравам често го следам форумов. Ми треба мислење, идеа.

Уредувам втор спрат на куќа, каде што ќе седам во иднина. Сакам да се греам со инвертер клими. На долиот спрат татко ми се грее со парно да дрва, сакам доколку е можно да ги греам сите простории со климите.
Земам во предвид дека ќе ми требаат најмалку две. Освен дневниот простор ( дневна, кујна, трапезарија) сакам и спалната, купатилото и ходникот да бидат топли, да речиме некаде 18 степени би биле идеални. Во иднина ќе треба и детската да се грее, за 2-3 години.Доколку е потребно ( а ќе биде) би купил и трета клима за детската во иднина.

Дилемата ми е како да ја поставам 2рата клима така да се греат спалната, купатилото и ходникот и ако можи да избегнам купување на трата клима. До следната зима планираме да поставиме надворешна изолација. Прозорците се ПВЦ.

Ставив и слика од распоредот на собите.

Ви благодарам
raspored.jpg
 
Член од
24 февруари 2018
Мислења
28
Поени од реакции
27
Ве молам за одговор. Имаме купено грее хансол 3,5 за сега е во ред топло, почна да тече надворешната од гумените отвори, не од цревото за надворешната, монтерот вели треба када да се стави. Тогаш зошто е цревото?
 
Прегледај го приврзокот 200164

Вака ќе можеш да си го тераш дневниот престој на 23Ц, хондикот на 22Ц, и спалните на 21Ц идеално за спиење. Под услов да се отворени вратите меѓу спалните и ходникот.
 
Член од
18 август 2015
Мислења
213
Поени од реакции
420
Ве молам за одговор. Имаме купено грее хансол 3,5 за сега е во ред топло, почна да тече надворешната од гумените отвори, не од цревото за надворешната, монтерот вели треба када да се стави. Тогаш зошто е цревото?
Можеби е запушено цревото. Би било добро да се провери. Јас на едната клима, која е монтирана на позиција каде кондензатот при дефрост не пречи, целосно го имам извадено ЛУЛЕТО со се цревото, така при дефрост, кондензатот слободно и побргу излегува од надворешанта единица, а со тоа се намалува можноста од замрзнување на кондензатот во надворешната единица.
 
Член од
2 ноември 2010
Мислења
22
Поени од реакции
14

Истиот проблем го имав, имам направено таква када, за неколку часа ќе ја сликнам да видиш како изгледа.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
228
Поени од реакции
203
Можеби е запушено цревото. Би било добро да се провери. Јас на едната клима, која е монтирана на позиција каде кондензатот при дефрост не пречи, целосно го имам извадено ЛУЛЕТО со се цревото, така при дефрост, кондензатот слободно и побргу излегува од надворешанта единица, а со тоа се намалува можноста од замрзнување на кондензатот во надворешната единица.
Доколку се изолира лулето и цревото со изолација за водовод, дали би мрзнел кондензатот? Дали некој пробал и кое е Вашето мислење за тоа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom