- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
Незнам што да ти кажам... оддалеченост од таванот како правило на нет имаш податоци за правилно монтирање од 10см па до 30 како што вели Daikin:Да,истава клима што си ја постирал ја имам 2 год и не можам да кажам дека сум целосно задоволен.Како што кажав греам просторија 33 м2 во куќа со PVC прозори петкоморни и 4 сезонско стакло.Подот е паркет и немам визба за ладен под.И таваните не се високи,спуштен плафон со кнауф 2.40 см висина и горе на таван имам послано стаклена волна + собава е на јужна страна.Единствено што немам е надворешна изолација немам фасада.Кога ќе падни надвор температурата под 0 доколку не пуштам панел греалка нема шанси да се стоплам или пак сама да крени некој степен.Јас уште првата година се сомневам во монтажата да не е зафркнато нешто,дотолку не можи да не ја бидува климава како што кажа самиот 1000 евра е.И арно што спомна ,внатрешната единица од таванот е разделена само 8 см ? Мислење ?

колку ми е познато гледајки и по комшилук, тука климите се монтираат на 15-20 цм од плафонот (кај мене е 15-16цм), бидејки сите внатрешни единици нели на горната страна имаат решетка од каде претпоставувам им треба простор за воздух!?
Имаше на форумот еден член, кој со нова клима, непрописно монтирана многу блиску до плафонот беше незадоволен ...но откако тоа го корегира чоекот рече голема разлика - презадоволен по корекцијата!
Дали можеби монтажата кај тебе (близината до плафонот 8 цм) влијае на квалитетот, неможам да бидам сигурен, туку можам само да нагаѓам! Незнам, ако е 10цм минимум па 8 и не гледам дека би можеле да прават некои поголеми проблеми и влијаат на перформансите ... Незнам навистина!
А од друга страна пак ќе кажам, каква панелка на температури под 0.... климата ми изгледа многу моќна да неможе да загрее 33квадрати со PVC прозори со сезонско стакло: PdesignH 3.5kW, моќ од 4kW, a максимална при затоплување 6kW...!?
Се надевам некој од поголемите познавачи на проблематикава ќе имаат што да кажат!?