Компресорот е номинално 10955 Btu на 735W.
Прегледај го приврзокот 182103
Во имплементацијата што нас не интересира (Хансол -20), максимумот е поставен на 800W, што значи ги има тие 12000 Btu.
Прегледај го приврзокот 182104
Ние грееме слична површина, во мојот случај грубо 30м2 дел од 50 години стара куќа, без изолација (освен 10 цм стаклена волна над плафонот од трската), дрвена дограма ала хотел промаја...
Денес Хан Соло направи еден дифрост во раните утрински часови. Цело попладне сум дома, до сега нема направено ниту еден. Инаку дифростите се со минимум вода (2dl слободна проценка) и не гледам таму проблем, како што кажа и
@Che59.
Си грее одлично, супер задоволен сум до сега. И јас не користам iFeel, го држам во трета брзина, со зададена 22C. Ако ставам 23C (по желба на жена ми), ми станува жешко за кратко време, па знам да направам некое вонредно луфтирање - да ја вратам состојбата во нормала.

Секако тоа е субјективно, некои се позимурливи од другите (особено жените се познати по тоа).
@omlet13m пробај да ја тераш со повисока фиксна брзина. На ауто фен кај мене 90% од времето тера на 1-ва и 2-ра брзина, па таа опција ја користам само ноќе за спиење со зададени 21C. Пробував ноќе да ја држам и на 20C, но во тој случај исклучува повремено, па подобро на 21C да си работи константно во 1-ва брзина (поголем комодитет, послаба ефикасност).