Ова е тоа луле?
Прегледај го приврзокот 179731
Не го ни стави монтерот. Му викам "Oва што е?" - "Нема потреба тоа.. фрли го." Овластен монтажер на Фонко на времето. 10€ поскап беше од сите останати монтажери... со право
Инаку тоа со температурите муабетот. Ко ќе се вратам од работа кај 16h ја пуштам и работа до кај 01 по полноќ кога си легинам. Зададена 25'C термометарот дома е 20'C
Кога ќе влезам дома е околу 16'C. 20'C постигнува за два сати дување и тука застанува.
Сега незнам колку е паметно тоа и каква е математиката со струјата
1. Да оставиш Клима да работи 24/7 и да ти држи фиксно 20'C цело време. и ко ќе спиеш покриен со јорган и ко ќе си на работа да си дува на празно.
2. Да палиш Клима кога ќе си дојдеш од работа и да издува да затопли простор.
Зборам за овие есенски услови сега кога имаме варијации од -5 сабајлешни температури па до 20 степени преку ден.
За кога ќе стегне зима, се знае 24/7 ON