Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.232
- Поени од реакции
- 37.856
Си ги гледал тие големите гранитни што ги носат Мега Куманово? (во Кисела Вода имаат продавница)Како бе плочки во дневна да ставам...Не ми изгледаат убаво ни керамичките, ни гранитните. Ајде ќе размислам, во секој случај фала.
Од 60х60, па до 100х100, убав гранит, разни бои/шари... Не ти е голема дневната, можеш да си дозволиш од кој и да ти се допадне. Јас баш бендисав еден црн гранит завчера (со тоа што мене ми треба за делот со камин/печка).
Ти се знаеш, од апект на економичност и удобност нема подобро од подно греење, а естетика е веќе работа на личен вкус. Но не е дека не изгледаат убаво дневни со гранитен под:
https://www.google.com/search?q=gra...mJTXAhVPaFAKHQFjDOMQ_AUICigB&biw=1604&bih=934
[DOUBLEPOST=1509224647][/DOUBLEPOST]
Не е економично??Подното греење има голем број на мани а и воопшто не е толку економично и бара голема почетна инвестиција посебно ако не е во објект во градба.
Нема поекономично греење. Целиот под станува изменувач на топлина. Колку поголем е изменувачот, толку поголема е ефикасноста во преносот и до помала температура треба да се грее водата. COP факторот на топлотната пумпа е поголем, колку што е пониска температурата што треба да се постигне.... Како е ова неекономично, те молам објасни ми?
160 метри за 16м2? Да не претера?Една соба со димензии 4*4 метри има потреба од 160 метри на цевки, по просечна цена од 1 евро.

И од каде дојде до бројката... Јас колку што знам прво се гледа колку киловати треба за посторијата, после се пресметува колкава должина од цевките треба.
Каква изолација?Изолацијата од 5 цм тие е уште 2,5 евра, односно 200 евра за една соба вкупно, колку што е и еден фенкојер.
Тоа е за фенколјери/радијатори. За подно греење САКАШ да се оддаде топлината во подот. Не треба изолација.

Радијатори? Фенкојлери? Темп. од 55с?Ова не вклучува разводни табли, електроника и др. Можеби најисплатлива варијанта е предимензионирани радијатори на помала температура од 55 степени. Температурата на водата е помеѓу 40 и 50 степени исто како и за фенкојлерите.
Баче, не го следиш муабетот. Зборуваме за подно греење, и греење со температури од максимално ~35с (со правилна инсталација под 27с, 28с). Не требаат радијатори, не требаат фенкојлери, и заради тоа секако не требаат повисоки температури.
Но? Кога си видел се деси такво нешто со нискотемпературни системи за подно греење (до +35с)? Само механички може да се оштетат, ако лошо се направи кошулицата. Но тоа веќе друга приказна, така и куќата може да не ти ја направат како што треба (ако не пазиш).Пукање на цевки во самата кошулица е многу, многу ретко иако се случува, но
Термална инерција е нормална, всушност пожелна е во ваквите случаи, пошто добиваш термална акумулација (ако снема струја, ќе биде топло уште подоста време). Брзина на промена е небитна, еднаш се подесува и се остава на некои триестина степени.Целиот систем е многу тром и нема брза измена и контрола на температурата.
Енергијата не се губи, тука е, акумулирана е во подот. Тоа е плус, не е минус.
Последно уредено: