Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 29.217
- Поени од реакции
- 39.200
http://vecer.mk/ekonomija/beg-gi-oshtetil-skopjani-za-139-milioni-evra
БЕГ ги оштетил скопјани за 13,9 милиони евра!
Стручни лица од енергетиката направија анализа со која тврдат дека за 4 години скопјани се оштетени за 13,9 милиони евра. Имено, според анализата БЕГ преку своите фирми ќерки лиценцирани за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со „амин" на Регулаторна собрал вишок од 13,9 милиони евра со што директно ги оштетил потрошувачите.
Во анализата изработена од компетентни стручни лица се констатира дека оштетувањето на скопјани го овозможила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со тоа што му овозможила на БЕГ да наплаќа повеќе пари одошто треба за испорачаните услуги. Од тоа 10,4 милиони евра е трајна ненадоместена штета на корисниците на услугите на БЕГ во периодот од 2013 година до 2016 година, а околу 3,5 милиони евра е штета која треба да се надомести со одлуките на РКЕ со тоа што РКЕ му овозможила на БЕГ без камати да враќа пари на своите клиенти кои претходно биле наплатени за прекумерно потрошена топлинска енергија.
„Нелегалната" добивка одобрена од Регулаторна овозможила и бесплатно кредитирање на БЕГ од страна на корисниците на нивните услуги со прекумерните наплати на средства за испорачана топлинска енергија. Воедно РКЕ му одобрила на БЕГ загуби во топлинска енергија на дистрибутивна мрежа поголеми од 12 отсто како што е утврдено со Правилникот.

Не ми изгледаат убаво ни керамичките, ни гранитните. Ајде ќе размислам, во секој случај фала.

)