Подно греење не сакам поради друга причина. Од луѓе што веќе имале подно греење дознав дека е многу заебано кога ќе се деси некој дефект, во смисла дека ќе треба да се кршат плочки/паркет, а сакам така фино да си го средам што срце ќе ме боли при кршење.
Во овој случај ќе треба да размислам за топлотна пумпа со фенкојлери, а така ми се чини дека инвестицијата ќе биде непотребно преголема, иако можеби грешам.
Не грешиш, ама прво за климите: најдобро е да не се исклучуваат. Но во 13м2 со добра изолација (ти велиш одлична), дури и 2.5кв клима се плашам дека ќе работи како он-оф клима. Имаш на темава подоста пишувано за ова.
За фенкојлери, најголема можна глупост за приватен дом, од сите можни аспекти:
- цена, ај топлотната пумпа што е скапа туку само еден фенкојлер кошта колку една цела он/оф клима а така и грее со дување
- ниска ефикасност, додека за подно греење е доволно водата/флуидот да се грее до некои ~35с или макс 40с, за фенкојлери треба повеќе да се загрее, COP факторот автоматски паѓа
- собите секако ти се мали, премногу дување
- во бања/тоалет исто така ќе ставиш фенкојлер?
Варијантата со подно греење, преку топлотна пумпа е ИДЕАЛНОТО РЕШЕНИЕ. Водата ја грееш само до 35с и топлинската пумпа работи со исклучително висок COP фактор, економично. Секаде е топло, и топло е од долу. Грееш и вода во бојлер. Што е подобро од ова?
И искрено се изненадив кога вчера ја видов цената во Грција од 1.5К евра за 6киловатна топлинска пумпа воздух вода. Па (скоро) толку ќе те коштаат и 3 клими!
Од луѓе што веќе имале подно греење дознав дека е многу заебано кога ќе се деси некој дефект, во смисла дека ќе треба да се кршат плочки/паркет
Глупости, ај жити се пренеси какви проблеми имале?
Тоа за електрично подно греење (ел. грејачи жици) зборувале?
Добри алупласт цевки (Херц ги фалеа пред некоја година) никад (или ни тогаш) нема да им се деси дефект да пукнат или не знам што внатре во кошулицата, нема ни на повисоки темп. а посебно не со загревање на флуидот до 40с. Значи ако не кажав: ГЛУПОСТИ.
Инаку паркет нема да ставаш со подно греење, ќе ставиш плочки. Сум гледал и паркет и ламинат со подно греење испод, се деформираат после некое време без исклучот. Не мора да значи дека ќе се искриват скроз, но процепите меѓу нив се шират и не изгледа добро.
Плочки се ОК, лесни за одржување, а ако сакаш можеш (посебно летно време) да ставиш килими или стази за одење, за да биде пријатно летно време да одиш бос. Плус немаат проблем со влага и истурање течности како ламинат и паркет. Итн.
И за крај, ти кажав дека се глупости тврдењата дека има такви проблеми со подно греење? Да? Ок.