Најекономично греење и ладење

Член од
19 септември 2016
Мислења
3
Поени од реакции
12
A bre site zadovolni od klimive sto im gi preporacuvas.
Kaj samo gi naogjas ovakvi duduci so im uvaluvas kapilara za 34.00 , dve Eco ke zeme za tie pari :tapp:

Eve ti strelka od strelecot za drugarti da procita :D
Прегледај го приврзокот 178247
Za Carrier moze da si citate samo vakvi prospektcinja i da se pravite pametni ...
Imate post lani zimoto od mene, dve donesov od grcka 2.5 i 3.5 ka, 68 kvadrati ... na ova zimo sto bese si pominav Odlicno !!!
Znaci tocno 30.000 denari struja komplet za 6 meseci. Pred da pametuvate deka ne e moguce ili deka sum sedel so bunda doma,
imajte na um deka su so 2 mali deca doma. Znaci ispod 21-22 ne mi bilo doma. Inace Sopiste na 550 nadmorska e mereno.
Kolku ke zastedis so ovie brojki statistiki i ostalo sto gi sporeduvas ovde? za razlika od cenat sto ke ja platis na start?
Jas dvete klimi gi kupiv za 750 evricki (okvirno posto cashback ova ona) ?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Многу незгодно е користење на клима во помали простории. Како што кажуваш дека имаш добра изолација, дури и 2.5кв клими ќе бидат предимензионирани за 13м2. Можеби некоја мулти-сплит варијанта, немам искуство со тоа. Ако може во конбинација со парапетни внатрешни единици.

Идеално би ти било ако можеш да инвестираш во воздух вода топлинска пумпа, со хидронички систем (подно греење со топла вода/флуид).
https://en.wikipedia.org/wiki/Underfloor_heating#Hydronic_systems
Нормално ако сеуште можеш да ставиш подно греење (aко не си ставил кошулица). Дури и да имаш ставено кошулица, ова треба да го размислиш (можеш да ставиш втор слој кошулица).

Направи муабет со фриготехника дуќаните, пред се дали имаат послаби модели од некои 5 до 7киловати (колку би ти требало тебе). Сите подобри производители на клима уреди, имаат и воздух вода варијанти.

Имаш и опција за загревање на топла вода во бојлер - плус да го споиш на подно греење. Одлично е пошто е евтино мислам дека би ти било ова решение таман, ако навистина имаш добра изолација. Уште ако прошверцаш од Грција и ќариш поврат на ДДВ...ТОП! :)
Пред се фала за советот. Ставено е кошулица, ама како што кажа, не е проблем тоа. Подно греење не сакам поради друга причина. Од луѓе што веќе имале подно греење дознав дека е многу заебано кога ќе се деси некој дефект, во смисла дека ќе треба да се кршат плочки/паркет, а сакам така фино да си го средам што срце ќе ме боли при кршење. :)

Во овој случај ќе треба да размислам за топлотна пумпа со фенкојлери, а така ми се чини дека инвестицијата ќе биде непотребно преголема, иако можеби грешам.

Дојдов со две мисли, сега се појави и трета, главата ќе ми пукне веќе од носење одлуки, а на крај знам дека пак нешто ќе зезнам. :D

Иначе кровната изолација е 5 цм камена волна. Под кошулица имам 1 цм стиропор. Од внатре на таванот имам 5 цм камена волна, па кнауф. Преградните се со 2 цм стиропор и кнауф. Надворешните се со 5 цм камена волна. Термо фасада со 8 цм стиропор. Вака читајќи и слушајќи мајстори мислам дека е океј.

Иначе ме интересира како е подобро да се ракува со инвертерот во спалната од 13м2, доколку би се ставила. Знам дека најдобро е инвертерот да не се гаси никогаш туку само да се намалува температура, но јас во таа соба би бил од 6 до 8 саати, што тогаш? И тогаш би било подобро да не се гаси туку само да се намали температурата? Не троши ништо кога ќе постигне температура? И доколку се стави инвертерот од 2.5kw, дали има нешто штета што е собата премала за таква клима или единствената штета е уствари непотребната инвестиција? Како што кажав, лаик сум па ми требаат мислења. :)
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.056
Поени од реакции
758
Za Carrier moze da si citate samo vakvi prospektcinja i da se pravite pametni ...
Imate post lani zimoto od mene, dve donesov od grcka 2.5 i 3.5 ka, 68 kvadrati ... na ova zimo sto bese si pominav Odlicno !!!
Znaci tocno 30.000 denari struja komplet za 6 meseci. Pred da pametuvate deka ne e moguce ili deka sum sedel so bunda doma,
imajte na um deka su so 2 mali deca doma. Znaci ispod 21-22 ne mi bilo doma. Inace Sopiste na 550 nadmorska e mereno.
Kolku ke zastedis so ovie brojki statistiki i ostalo sto gi sporeduvas ovde? za razlika od cenat sto ke ja platis na start?
Jas dvete klimi gi kupiv za 750 evricki (okvirno posto cashback ova ona) ?
Да ти кажам и ја земав Кериер ради тоа што е од Енергија бидејќи не сите ''будали со 34к'' имаат време да дремат на форум и да се расправаат отпосле со монтери и човек-фирма.
А од 800 страни, 400 страни да се на луѓ кои стрелаат само на Грее, ондак шо да кажам повеќе.
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
Да ти кажам и ја земав Кериер ради тоа што е од Енергија бидејќи не сите ''будали со 34к'' имаат време да дремат на форум и да се расправаат отпосле со монтери и човек-фирма.
А од 800 страни, 400 страни да се на луѓ кои стрелаат само на Грее, ондак шо да кажам повеќе.
Moj blizok prijatel zema Carrier i mozam da kazam deka e mnogu zadovolen od klimata
Tivok rezim na rabota na nadbotesna edinica ekonomicna do sega e prezadovolen
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Za Carrier moze da si citate samo vakvi prospektcinja i da se pravite pametni ...
Imate post lani zimoto od mene, dve donesov od grcka 2.5 i 3.5 ka, 68 kvadrati ... na ova zimo sto bese si pominav Odlicno !!!
Znaci tocno 30.000 denari struja komplet za 6 meseci. Pred da pametuvate deka ne e moguce ili deka sum sedel so bunda doma,
imajte na um deka su so 2 mali deca doma. Znaci ispod 21-22 ne mi bilo doma. Inace Sopiste na 550 nadmorska e mereno.
Kolku ke zastedis so ovie brojki statistiki i ostalo sto gi sporeduvas ovde? za razlika od cenat sto ke ja platis na start?
Jas dvete klimi gi kupiv za 750 evricki (okvirno posto cashback ova ona) ?
јас на овие надворешни Т 3 дена да не грејам не паѓа темп. под 21с. :D
сестра ми и зет ми се исти како тебе, се грејат со иста клима како мојата во 26м2 и чудно им е како не може да потроши климата повеќе од 500-600ден. месечно
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.042
Поени од реакции
34.465
Подно греење не сакам поради друга причина. Од луѓе што веќе имале подно греење дознав дека е многу заебано кога ќе се деси некој дефект, во смисла дека ќе треба да се кршат плочки/паркет, а сакам така фино да си го средам што срце ќе ме боли при кршење. :)
Во овој случај ќе треба да размислам за топлотна пумпа со фенкојлери, а така ми се чини дека инвестицијата ќе биде непотребно преголема, иако можеби грешам.
Не грешиш, ама прво за климите: најдобро е да не се исклучуваат. Но во 13м2 со добра изолација (ти велиш одлична), дури и 2.5кв клима се плашам дека ќе работи како он-оф клима. Имаш на темава подоста пишувано за ова.

За фенкојлери, најголема можна глупост за приватен дом, од сите можни аспекти:
- цена, ај топлотната пумпа што е скапа туку само еден фенкојлер кошта колку една цела он/оф клима а така и грее со дување
- ниска ефикасност, додека за подно греење е доволно водата/флуидот да се грее до некои ~35с или макс 40с, за фенкојлери треба повеќе да се загрее, COP факторот автоматски паѓа
- собите секако ти се мали, премногу дување
- во бања/тоалет исто така ќе ставиш фенкојлер?

Варијантата со подно греење, преку топлотна пумпа е ИДЕАЛНОТО РЕШЕНИЕ. Водата ја грееш само до 35с и топлинската пумпа работи со исклучително висок COP фактор, економично. Секаде е топло, и топло е од долу. Грееш и вода во бојлер. Што е подобро од ова? :)

И искрено се изненадив кога вчера ја видов цената во Грција од 1.5К евра за 6киловатна топлинска пумпа воздух вода. Па (скоро) толку ќе те коштаат и 3 клими!


Од луѓе што веќе имале подно греење дознав дека е многу заебано кога ќе се деси некој дефект, во смисла дека ќе треба да се кршат плочки/паркет
Глупости, ај жити се пренеси какви проблеми имале?
Тоа за електрично подно греење (ел. грејачи жици) зборувале?

Добри алупласт цевки (Херц ги фалеа пред некоја година) никад (или ни тогаш) нема да им се деси дефект да пукнат или не знам што внатре во кошулицата, нема ни на повисоки темп. а посебно не со загревање на флуидот до 40с. Значи ако не кажав: ГЛУПОСТИ.

Инаку паркет нема да ставаш со подно греење, ќе ставиш плочки. Сум гледал и паркет и ламинат со подно греење испод, се деформираат после некое време без исклучот. Не мора да значи дека ќе се искриват скроз, но процепите меѓу нив се шират и не изгледа добро.
Плочки се ОК, лесни за одржување, а ако сакаш можеш (посебно летно време) да ставиш килими или стази за одење, за да биде пријатно летно време да одиш бос. Плус немаат проблем со влага и истурање течности како ламинат и паркет. Итн.

И за крај, ти кажав дека се глупости тврдењата дека има такви проблеми со подно греење? Да? Ок. ;)
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2009
Мислења
723
Поени од реакции
559
Zdravo,
Dolgo vreme me nemase se nadevam ne mu falev na nikoj :)
Ja meram denovive mojata LG i minimalna potrosuvacka na odrzavanje e 292w
Na daljinsko e 23 i sobna temperatura e 23 mereno na room temp od daljinskoto
Duvanjeto e mlako po oset na faca,na 3 ta brzina.ima 3.
Inaki ako e sobna 20 a na dalinsko 23,trosi okolu 450-550w.
Maksimalna potrosuvacka sto ima povleceno ako ne se lazam lani koga ja merev e 1500-1600 w.



Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.042
Поени од реакции
34.465
http://vecer.mk/ekonomija/beg-gi-oshtetil-skopjani-za-139-milioni-evra
БЕГ ги оштетил скопјани за 13,9 милиони евра!


Стручни лица од енергетиката направија анализа со која тврдат дека за 4 години скопјани се оштетени за 13,9 милиони евра. Имено, според анализата БЕГ преку своите фирми ќерки лиценцирани за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со „амин" на Регулаторна собрал вишок од 13,9 милиони евра со што директно ги оштетил потрошувачите.

Во анализата изработена од компетентни стручни лица се констатира дека оштетувањето на скопјани го овозможила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со тоа што му овозможила на БЕГ да наплаќа повеќе пари одошто треба за испорачаните услуги. Од тоа 10,4 милиони евра е трајна ненадоместена штета на корисниците на услугите на БЕГ во периодот од 2013 година до 2016 година, а околу 3,5 милиони евра е штета која треба да се надомести со одлуките на РКЕ со тоа што РКЕ му овозможила на БЕГ без камати да враќа пари на своите клиенти кои претходно биле наплатени за прекумерно потрошена топлинска енергија.

„Нелегалната" добивка одобрена од Регулаторна овозможила и бесплатно кредитирање на БЕГ од страна на корисниците на нивните услуги со прекумерните наплати на средства за испорачана топлинска енергија. Воедно РКЕ му одобрила на БЕГ загуби во топлинска енергија на дистрибутивна мрежа поголеми од 12 отсто како што е утврдено со Правилникот.
 
Член од
29 мај 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,

Имам GREE KWH18QD веќе 2 години, последниов месец при старт на перката од компресорот јавува чуден звук и вртење на перката напред-назад (во прилог видео). Го повикав овластениот сервисер кој ја монтираше климата и ми кажа дека не било ништо страшно... Ве молам за мислење?

https://www.youtube.com/watch?v=E7qC9cy6ImY&feature=youtu.be
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Инаку паркет нема да ставаш со подно греење, ќе ставиш плочки. Сум гледал и паркет и ламинат со подно греење испод, се деформираат после некое време без исклучот. Не мора да значи дека ќе се искриват скроз, но процепите меѓу нив се шират и не изгледа добро..
Да ти кажам право, речиси ме убеди, се додека не стигнав до ова... Како бе плочки во дневна да ставам... :( Не ми изгледаат убаво ни керамичките, ни гранитните. Ајде ќе размислам, во секој случај фала.
 
N

nikola2004mkd

Гостин
Подното греење има голем број на мани а и воопшто не е толку економично и бара голема почетна инвестиција посебно ако не е во објект во градба.
Една соба со димензии 4*4 метри има потреба од 160 метри на цевки, по просечна цена од 1 евро. Изолацијата од 5 цм тие е уште 2,5 евра, односно 200 евра за една соба вкупно, колку што е и еден фенкојер. Ова не вклучува разводни табли, електроника и др. Можеби најисплатлива варијанта е предимензионирани радијатори на помала температура од 55 степени.
Температурата на водата е помеѓу 40 и 50 степени исто како и за фенкојлерите.
Пукање на цевки во самата кошулица е многу, многу ретко иако се случува, но
Целиот систем е многу тром и нема брза измена и контрола на температурата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.042
Поени од реакции
34.465
Како бе плочки во дневна да ставам... :( Не ми изгледаат убаво ни керамичките, ни гранитните. Ајде ќе размислам, во секој случај фала.
Си ги гледал тие големите гранитни што ги носат Мега Куманово? (во Кисела Вода имаат продавница)
Од 60х60, па до 100х100, убав гранит, разни бои/шари... Не ти е голема дневната, можеш да си дозволиш од кој и да ти се допадне. Јас баш бендисав еден црн гранит завчера (со тоа што мене ми треба за делот со камин/печка).

Ти се знаеш, од апект на економичност и удобност нема подобро од подно греење, а естетика е веќе работа на личен вкус. Но не е дека не изгледаат убаво дневни со гранитен под:
https://www.google.com/search?q=granite+flooring+living+room&safe=off&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwio87GRmJTXAhVPaFAKHQFjDOMQ_AUICigB&biw=1604&bih=934






[DOUBLEPOST=1509224647][/DOUBLEPOST]
Подното греење има голем број на мани а и воопшто не е толку економично и бара голема почетна инвестиција посебно ако не е во објект во градба.
Не е економично??
Нема поекономично греење. Целиот под станува изменувач на топлина. Колку поголем е изменувачот, толку поголема е ефикасноста во преносот и до помала температура треба да се грее водата. COP факторот на топлотната пумпа е поголем, колку што е пониска температурата што треба да се постигне.... Како е ова неекономично, те молам објасни ми?


Една соба со димензии 4*4 метри има потреба од 160 метри на цевки, по просечна цена од 1 евро.
160 метри за 16м2? Да не претера? :)
И од каде дојде до бројката... Јас колку што знам прво се гледа колку киловати треба за посторијата, после се пресметува колкава должина од цевките треба.


Изолацијата од 5 цм тие е уште 2,5 евра, односно 200 евра за една соба вкупно, колку што е и еден фенкојер.
Каква изолација?
Тоа е за фенколјери/радијатори. За подно греење САКАШ да се оддаде топлината во подот. Не треба изолација. :)


Ова не вклучува разводни табли, електроника и др. Можеби најисплатлива варијанта е предимензионирани радијатори на помала температура од 55 степени. Температурата на водата е помеѓу 40 и 50 степени исто како и за фенкојлерите.
Радијатори? Фенкојлери? Темп. од 55с?
Баче, не го следиш муабетот. Зборуваме за подно греење, и греење со температури од максимално ~35с (со правилна инсталација под 27с, 28с). Не требаат радијатори, не требаат фенкојлери, и заради тоа секако не требаат повисоки температури.


Пукање на цевки во самата кошулица е многу, многу ретко иако се случува, но
Но? Кога си видел се деси такво нешто со нискотемпературни системи за подно греење (до +35с)? Само механички може да се оштетат, ако лошо се направи кошулицата. Но тоа веќе друга приказна, така и куќата може да не ти ја направат како што треба (ако не пазиш).


Целиот систем е многу тром и нема брза измена и контрола на температурата.
Термална инерција е нормална, всушност пожелна е во ваквите случаи, пошто добиваш термална акумулација (ако снема струја, ќе биде топло уште подоста време). Брзина на промена е небитна, еднаш се подесува и се остава на некои триестина степени.
Енергијата не се губи, тука е, акумулирана е во подот. Тоа е плус, не е минус.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom