- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.582
- Поени од реакции
- 1.861
Токму така! И гледаме дека не било тоа глупост!... Урбанистичкиот план на градот Скопје, не дозволувал градење високоградби во тоа време во Ѓ Петров како и некои делови од Карпош 4 по течението на Вардар.... Денес се зборува дека Порта Влае и високите згради во Карпош (убавиците ваљда).... се брана, блокатор на природното струење на еден ветер кој порано беше задолжително четиво во учебниците по природа и општество, а денес никој не го спомнва. Се работи за “Вардарец“ северен студен ветер, чии струења доаѓале од Шара, па по текот на целиот Вардар, се до Солун велат стигал ... ветер кој колку толку го прочистувал градов ... и кој за жал веќе го нема затоа и никој не го спомнува!имало струење на воздухот така што недозволувало ширење накај тие делови
можеби изгледа глупо али во време на Југославија било строго забрането градење на згради во некој дел на Ѓорче ради некои си струења на воздухот, тој дел денес бил пренатрупан со згради, за Центар не треба ни да се збори од шо е затворен со згради пиле нема да прелета
кога беше преголемата загаденост у Ск, во Радишани беше на ниско ниво загаденоста а сигурно околу 70% се грејат на дрва
Sent from my iPhone using Tapatalk
Ианку...
Последната студија која Министерството за животна средина ја изработило и во која се третирало аерозагадувањето посебно во поголемите градски средини, покажала дека дури 70 отсто од загадувањето посебно во зимските услови доаѓа од типот на горивото кое се користи при загревање на домовите, поточно од греењето на дрва, особено во котлинските градови како што се Тетово, Скопје, Кичево и Кавадарци. Автомобилите се на второ место и загадувањето кое тие го предизвикуваат се движи некаде околу 18 проценти, а 12 отсто при загадувањето било предизвикано од индустријата, која тогаш не била приспособена да ги примени новите технолошки решенија.
И да не им се верува на тие 150-200 џаболебари и легачи во министерството за екологија и животињска средина.... доволно е да се погледне страната на Мој Воздух (вон грејната сезона)...а и пред 2-3 часа СК PM10 само 34микрограми Тетово само 37 ... како доаѓаат поладни денови расне концентрацијата на PM2.5 и PM10, па во најладното и маглите знае да се искачи и до 500-600...
За Радишани незнам дали и воопшто се мери!?
.
.


