@Vanlok јас сега трошам стрикно на ефтина тарифа отприлика 8-10 KWh и дневно ме кошта околу 30 сетина денари, кага ќе биде поладно ќе трошам и до 30 KWh или 90-100 денари кога е најладно но овој случај е реткост и е само кога дење ноќе е минус.
...
но да ти биде појасно јас греам мала површина 17-18 м2.
Баче, јас греам стан од ~70тина м2, со тоа што по потреба ја вклучувам 2-рата клима, односно има пониска зададена температура за одржување (и со тоа повисок cut-off). Имам мерач и на неа, едвај неколку киловат часови има направено за овие 5 дена.
Затоа е тешко емпириски да се изразат овие работи, не можеме лесно да споредуваме кога разликата во просторот што го грееме ни е од фактор 3 или 4. Потоа какви изолации имаме, кој какви топлотни загуби има, итн.
Да грееш простор како мојот, со ТА печки и греалки, мислам дека не за 5 години, туку за помалку години ќе ја заштедиш сумата пари колку што е цената на климите.
Drugari vaka okolu zagaduvanjeto jas ne sum ubeden deka e od kjumbinjata, kako pred 15 20 godini ne bese zagadeno. Eve jas kaj sto ziveam brojot na kukji ne se zgolemil kojznae kolku za da se zgolemi tolku zagaduvanjeto. Moe mislenje e deka nenormalnoto gradenje niz centar k,voda i vodno , nenormalniot broj na vozila niz gradot namalenoto zelenilo i namaleniot provev na veter megju gradbite se najgolem faktor za zagaduvanje. Inace sto zborite so gumi se greele toa e ziva glupost , koj kje stavi guma vo sporet na drva , kje se zapali i odzak i kje se umirisa cela kukja . E sea ima nesovesni sto stavaat kjumur vo kjumbinjata i toa dosta zagaduva no toa ne se mnogu osven nekoi sto imaat kotli za parno, e toa moze da go zabrani drzavata da se prodava ,da nema od kade da se kupi.
Najgolemoto zagaduvanje e vo opstini kaj sto ima mnogu gradbi i zgradi a ne voopstinite kade sto se great na drva. Toa jasno ukazuva zosto e tolku zagadeno.
Друже, Скопје е триплицирано, или четириплицирано, во однос на пред 20 години. Притоа од тие доселеници солиден дел се такви како Курто погоре, сакаат на ќумбе да се греат, и грав да варат додека се греат.
Да не се разбереме погрешно, сакам и јас рустика, ама не по сметка на вакво загадување. Да забранат на пар месеци горење дрва (ете нека намалат цена на струја за 2 пати, за тие два месеци), ќе имате прилика да сите да се уверите од каде се две третини, до три четвртини, од загадувањето на воздухот.
Не дека и сега тоа не е кристално јасно, и мерења се правеа, и по светски лаборатории се испраќаа мостри.
Klucot na eftinoto zagrevanje e dobrata izolacija i tuka treba da reagira subvencionira organizira implementira drzavata. Jaka kampanja godina dve vo koja ke bide objasnuvano za efikasnosta na inverterite i sekako intervencija vo carinata danokot za uvoz na klimi so uslovna klauzula za marzata odnosno sakas osloboduvanje ke prodavas so mala marza ( i te kako zakonski izvodlivo). Kakva gasifikacija kakvi bakraci na sila zavisnost od nadvoresen faktor...
Проблемот е што во Македонија има стотици илјади куќи, субвенционирање на толку фасади ќе биде неколку пати поскапо од целосна гасификација. Цената на гасот можеби е зависна од (гео)политички фактори, ама истото важи и за цената на струјата (која исто така во голем дел ја увезуваме).
Дури и скапата варијанта на гасот (преку Бугарија и Украина), гасот го прави поевтин увозен енергенс од струјата.
Гасификација е целосно и долгорочно решение на проблемот.
Субвенционирање на толку многу фасади е прво невозможно, а второ е краткорочно решение. Идните куќи сите ќе ги субвенционира државата? Па ни Шведска и Норвешка не се толку богати...