Набрзина ја сликнав состојбата од изминативе 30 дена, но бидејќи немав време дури денес ја презентирам.
Прегледај го приврзокот 164206 Прегледај го приврзокот 164207 Прегледај го приврзокот 164208 Прегледај го приврзокот 164209 Прегледај го приврзокот 164210
Зададена температура беше 24С а за спиење и кога нема никој 21С.Од 1-ви до 8-ми цело време работеше на 24С освен се разбира за спиење.Климата одлично си ја заврши работата и кога беа јаките минуси цело време без потшкотии ја одржуваше зададената температура.Во тој период и потрошувачката значително се покачи така да ретко паѓаше под 1кв а знаеше да крене и до 2кв.Со оглед на тоа дека имам 9м должни надворешен ѕид без изолација со 10м2 отвори стара дограма од северна страна и уште 5м ѕид со 2м2 прозор од исток, потрошувачката е повеќе од задоволителна.Сметките за струја се преполовени во однос на лани кога се греевме на термо печка, а не бевме вака згреани.Со други зборови климава си го вреди секој денар даден за неа и топло ја препорачувам на други што имаат слични услови како моите.[DOUBLEPOST=1485653560][/DOUBLEPOST]
Кога е поголема брзината на вентилаторот го дува и пепелот од горилникот и го носи преку страничните отвори во фиоката за пепел под него.Така не дозволува да се собира пепел во горилникот и да се запушува истиот ама изгледа се зголемува потрошувачката.Пробај најди некоја брзина помеѓу нив или смени ги пелетите со некои што оставаат помалку пепел барај класа EN Plus А1 или околу 0,7% пепел.