25-30m2 е веќе на граница на 3,5kw клими, но ако 20м2 нормална градба, не можеш на згрееш со солидна клима тогаш проблемот е во климата а не во изолацијата, бидејќи нормална градба без никавики изолации има помала топлотна загуба од онаа што би требало да ја испорача климата.
Пример, нормална градба со 25цм гитер блок измалтарен од надвор и од внатре има U=1,5 W/m2K.
Нормална столарија, 6коморна PVC, со 4+16+4 стаклопакет, има повторно U=1,5 W/m2K.
Во ваков случај стандардна соба 4*5м и висина од 2,7м би имала топлотни загуби на -7 надворешна температура и +23 внатрешна температура од:
2.7m*4m*1.5*30*2=972W за 2 ѕида
2,7*5*1,5*30*2=1215W за 2та
20*1.5*30=900W за таван (доколку е граден со монти од 25цм гитер блок)
Односно 3087W односно 3KW. И ова е во случак кога во просторијата од сите 4 страни + таванот би била температурата -7. Ова е многу редок случај, најчесто само два зида се надворешни, а температурата без греење, во соседните простории е најчесто над 3-4 степени, а доколку живееш со стан и над тебе станот се грее пактично и немаш загуби од таванот. Е сега некој ќе забележи и дека немам пресметано и загуби преку подот. Загубите преку подот се и најмали до 10% а за сметка на тоа не ги зедов во предвид и добитоците на топлина од луѓето во просторијата 100W/h по човек, соларните добитоци од сонцето и сл.
Скоро сите клими над 40000 би требало да ја испорачуваат оваа топлина.