А дали котелот е исчистен темелно, се препорачува на 1тон да се расклопи и темелно да се исчисти внатре од наталожен пепел низ каналите за издув , како и ќумците.Доколку е намален протокот послабо ќе согоруваат пелетите и ќе се таложи пепел во горилникот.Ќумците која должина се и дали имаат кривини? Прочитај во упатството која е макс. должина пречник и број на кривини и тоа влијае.Исто така оџакот дали е ист/сличен со тој на брат ти?Работата е во тоа што и мојот брат има ист ваков котел и се наоѓаме во иста куќа на ист спрат и користиме ист вид на пелети, и тој го нема овај проблем. Е сега денеска ќе пробам да ја оставам брзината на вентилатор -3 а да ја зголемам моќта на согорување на 3 или 4 па да видам разлика во потрошувачка дали има. Дали има некој да ми кажи која е разликата во потрошувачка на пелети во однос на зголемување на моќта на согорување или пак се зависи од вредностите внесени за вентилатор и пелети?
Инаку со зголемување на моќноста се зголемува и потрошувачката, со зголемување на вентилаторот согорувањето ќе биде подобро и веројатно благо ќе ја зголеми потрошувачката.Не знам кај тебе каква е електрониката и подесувањата, на работа имам Екошпар Аурига 23кв и таму се подесува Т на вода ,Т на амбиентален воздух, моќноста автоматски се регулира во зависнот од претходните параметри а може и рачно да се подеси.Брзината на вентилаторите се подесуваат само во сервисен мод и се ставени на максимум.
Последно уредено:













Со здравје да си ја користиш долго да те служи.[DOUBLEPOST=1486131478][/DOUBLEPOST]