Zmigo, јас само го објаснив процесот на работа на овие типови на уреди но не и тоа колку се исплати инвестицијата.
Ако гледаме на исплатливост... се е до тоа колку време се планира системот да работи. Ако е предвидено 5-10 години да се користи (можеби планирате нова куќа, ова она) тогаш не се исплати парно, или геотермални пумпи и сл. од чиста причина дека инвестицијата е голема и не може да се исплати. Ако се планира долготрајно користење тогаш според мене најисплатливо е централно парно (во куќата) или инвертори (во стан). Е сега централното парно во куќа е доста господска работа ако се користат овие системиве на фонко ама пак од друга страна инвестицијата е голема (се зависи од џебот). Од друга страна централно на дрва е доста исплатливо само што има по малце работа.
Јас се греам на централно парно на дрва и загреваме околу 250 квадрати во куќата за кои трошиме 12-15 кубни метри дрва. Дедоми-пензионер, парното му е занимација па имаме кој да се грижи за тоа иако котелот е огромен и доколку се наполни со дрва нема потреба од чепкање околу 6 часа а контролата на работата си ја врши термостат. Ако земам дека максимум трошиме 15 кубни метри*2800 денари (по толку ги земавме дрвата оваа сезона) тоа се 42 000 денари + 1500 сечење = 43 500 поделено на 6 месеци се 7250 денари за 250 квадрати а температурата е околу 22 степени. Е сега мора да ги дадеш сите пари наеднаш и истиот ден ќе собереш другари, комшии, пријатели едно 10 души за да се средат 15 кубни метри дрва се комплет за еден ден и после :3: .