Не знам точно како иде гаранцијата за овој уред. Но знам што е работата кога во трговските ланци ќе напишат нешто вакво:
Гаранција: 12 + 48 месеци
Тоа обично значи дека всушност имаш гаранција само 1на година, и за да те удостојат со гаранција од 5 години за секоја година (после првата) ќе мораш да плаќаш некоја сума од 10евра до 1000денари, за „редовен годишен сервис„.
Тој редовен годишен сервис (спрема зборувања со познавачи) значи само проврткување окулу климата и мромрење „М’хм... м’хммм„.
Муабетот е дека за кумулативната сума, кога ќе собереш цена+додатоци за гаранција, можеш да земеш поквалитетен модел кој секако ќе има барем 2 (или повеќе) години гаранција без финти.
Вториот момент: зошто ти велат да купуваш од специјализирани продавници со опрема за климатизација?
Затоа што тие (во однос на ланците супермаркети) имаат свои стручни сервисери, кои и монтажата и евентуалното сервисирање ќе го изведат многу постручно од некој рандом сервис кој времено го ангажирале.
Продавниците со опрема за климатизација мора да пазат на името, зошто само од тоа живеат. Мора да пазат на сите аспекти од услугата: -да продаваат само докажани уреди (значи не ѓубре како Нео/Кватро/итн), -квалитетна инсталација, -квалитетен сервис.
Супермаркетите, тие завршуваат со тебе во моментот кога ќе ја платиш сметката. После обврската е на некој времено ангажиран сервис, кој исто се откачува од тебе по истекот на гаранцијата.
И супермаркетите и нивните ангажирани сервиси ја имаат опцијата да се криват меѓусебно кој ја има погрешено работата.
Ако потпрочиташе барем солиден дел од дискусијава, немаше да има потреба да го повторуваме ова. Исто и ќе имаше прилика да се информираш за разни искуства со разни климатизери.
Затоа и ти сугерираа да ја пролисташ темава.
[DOUBLEPOST=1414319052][/DOUBLEPOST]
http://www.icsgroup.mk/page-56.html#Akcija
Daikin од 36.000 ден. без монтажа. Имам кој да ми монтира.
Провери дали гаранцијата ќе ти важи ако монтажата не е од нивните сервисери.
Иначе Даикин е секако светлосни години подобар уред од Нео-то (иако не знам ништо за тој конкретен модел на Даикин).