Без добра топлинска изолација на надворешните зидови заборавете на греење со топлински пумпи(климатизери).Јас пред месец ипол завршив со фасадата надвор 8см. тврдо пресуван стиропор.За разлика од лани ова време кога климата ми работеше без прекин после 13 часот, сега немам потреба да ја палам, не крева повеќе од 26с. во соба.Здравје на зима ќе видам како ќе се покаже фасадата, ама планирам со обичен он/офф уред да загревам 22м2. без никакво друго додатно греење.






