Тоа што го зборува nikola2004mkd и го врзува реуператорот со пасивните куки е друг муабет и сосема друга изведба, тоа е да со рекуператор дистрибуираш топлина насекаде по собите а како извор на топлина за цела куќа или спрат или стан биде само една свеќа (карикирам) бидејки нема загуби на топлина.
Поимот пасивна куќа пред се подразбира систем на отвори во зидовите во сите соби за да се постигне природна кружна циркулација насекаде без употреба на рекуператор или било каков вентилациски систем па дури потоа подразбира потоа изолација од типот стиропор 25цм и квалитетна столарија.
Овде зборам за изведба со користење реален извор на топлина (клима, камин на дрва, ќумбе, пелети, па и радијатори) во спрега со рекуператор, форсирана дистрибуција на таа топлина низ вентилациони канали со помош на вентилаторот на рекуператорот, измена на свеж воздух со внатрешниот застоен воздух и елиминирање и контрола на влажноста во целиот стан или куќа.
А дека со рекуператор не се грее ни лади доволно е да се прочита спецификација за било кој рекператор и да се види дека Power Input e изразена во вати а не киловати, т.е. троши струја колку што треба за вентилаторите.