Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Се е тоа убаво што го кажа само ова за топлинските пумпи дека се поефикасни не би се сложил еве на мојата НЕО клима пишува 3750в.за греење а троши 1300 значи има некој си ЦОР од 2.8 на +10с. Да се грејам на неа исто ќе ми потроши како и панелката која патем дава многу попријатна топлина барем за мене.Ова 10 минути дува топло па исклучува и пред да се уклучи почнува дури и ладно да дува не знам јас како се греете на обични клими пробав јас малку и се откажав плус треба да му ја мислам кога ќе падне под 0 дали воопшто и ќе дува топло
 
Се е тоа убаво што го кажа само ова за топлинските пумпи дека се поефикасни не би се сложил еве на мојата НЕО клима пишува 3750в.за греење а троши 1300 значи има некој си ЦОР од 2.8 на +10с. Да се грејам на неа исто ќе ми потроши како и панелката ...
Си купил уред од ѓубре квалитет фирма, па уште се чудиш зошто не ја бива. Тој специфициран СОР од 2.8 реално повеќе од веројатно е уште понизок од тоа. Нео не би купил ни аспиратор за во кујна, ма искрено и бесплатно да ми го дадат не би го употребил.

Ѓубрето од бренд настрана, другите работи на кои се жалиш се класични работи на кои се жалат луѓе кои не знаат доволно за климите.
Прва работа, ако сакаш да се грееш со клима: не ја исклучувај ИЧ климата. Така ем поефикасно работи, ем нема да доаѓаш во ситуација кога дува „ладно„.
Треба време да се загрее воздухот, а климите (замисли) греат со дување воздух. Пошто не може магично и наеднаш да се загрее воздухот од 14 на 22с, во прво време воздухот е ладен па и дувањето на воздухот прави ладно чуство. Можеш да испрограмираш да се пушти греење еден саат пред да станеш (ако Нео ѓубрето воопшто има таква опција) или најдобро како што ти кажав, не ја исклучувај воопшто климата.
Втора работа, инвертор климите не прават ПУШТИ-ИЗГАСИ-ПУШТИ јако дување, туку постојано дуваат ама полека и многу помалку осетно или чујно (еднаш штом постигнат зададена температура). Затоа и многу помалку сметаат со јако и гласно дување.

Инаку, дури и тоа Нео ѓубрето е поефикасно од панелката, ете и 2.5 да е СОР-от, ти пак за 1 киловат струја добиваш 2.5киловати топлина. Панелката за еден киловат струја дава дури и нешто помалку од еден киловат топлина.
Го знаеш вицот: Фата је Фата, ама двапати е двапати? :)
Да попријатна ти делува таа топлина пошто веројатно се лепиш да панелката да те грее (и заради тоа што климата прво дува „ладен„ воздух.


Велиш си ја следел темава, ама според тоа што го прашуваш, или не си ја читал баш внимателно или пак не си го разбрал тоа што си го прочитал... ;)
 
Разбирам се убаво што викаш не ни мислев јас да се греам со климата така ја пробав само купена е за ладење летно време во што е многу ефикасна не се жалам за 5-6 минути ја соборува температурата од 30 на 25с.ама сепак смета и тогаш тоа палење и гасење.Касно почнав да ја читам темава инаку ќе одев на некој ефтин инвертер секако
 
поздрав на сите
ве читам веќе долго време и едно не ми е јасно дали е можно овие инвертор климите толку малку да трошат еве јас ќе дадам еден пример за обична он/оф клима пробав да се грејам на неа во соба од 20м2 вистина ја загрева за 5-6 мин. од 15 до 22с но ме нервира што стално прави пали гаси на секој 10 мин.Имам и мерач за потрошувачка влече 1300-1350вати.значи за еден час ефективно работи 30мин.со тоа гасењето.Е сега идеме до поинтересниот дел значи да се грејам јас на неа за 2 часа ќе ми потроши 1.5киловат а конвекторот од 2.5кв.потрошува исто а нити ме дува нити галама ми прави башка многу покомотно се чувствувам во собата.Инаку конвекторот е airlec грее 6мин. паузира 15 и се така во круг.Сето ова е тестирано на надворешна температура од 10с.
Очекувам некој коментар од поискусните членови гледам многу ги фалите овие инвертор клими зарем е можно за тие 2 часа инвертерот да потроши помалку од киловат струја


Еве јас ќе ти одговорам од моето краткотрајно искуство со инвертер. На надворешна температура од околу 15 ст. и зададени 22ст. климата влече у почеток максимална сила од околу 1600вати, за кратко време почнува ка паѓа на 680, па на 480 за да после едно 15-20 минути паѓа на 220 вати, истовремено се менува и топлината на воздухот што го пушта и дува ептен млако на крај, колку да ја одржува зададената температура со таа топлина. На надворешна околу 10 ст. и зададени сега 21 ст. процесот е ист, само што подолго време се задржува некаде помеѓу 250-300 вати. Ја користам само на 2 степен од пет за дување, затоа што мислам дека е така најекономична и е релативно бесшумна. Ако се уклучи на 4 или 5 се зголемува шумот при дување, се зголемува потрошувачката поради тоа што дува потопло, побрзо постига и побрзо се гаси и личи повеќе на он-оф клима отколку на инвертер. Не мора да троши во овој случај повеќе, можеби е иста вкупната потрошувачка но според мене не е искористена на прав начин во овие услови на слаб студ. Кога ќе биде минус температури можеби ќе се користи и така, но засега е вака попаметно. Севкупната дневна потрошувачка е околу 5-6кв.

Споредба со конвектор е бесмислена во однос на потрошувачката, нема шанси да биде ни приближно економична како инвертер, а обичните клими ако се квалитетни во овие услови се можеби многу блиску до потрошувачката, но се досадни со тоа што нон-стоп палат гасат и нема континуитет во температурата, а се исто ограничени кога ќе паднат температурите.
 
Разбирам се убаво што викаш не ни мислев јас да се греам со климата така ја пробав само купена е за ладење летно време во што е многу ефикасна не се жалам за 5-6 минути ја соборува температурата од 30 на 25с.ама сепак смета и тогаш тоа палење и гасење.Касно почнав да ја читам темава инаку ќе одев на некој ефтин инвертер секако

Тоа ти тоа, цената е на страна на обичните клими.
Од друга страна, ефикасноста и конфорот во користењето (нема непријатно дување) е на страната на поскапите инвертор модели на клими (чија поскапа цена пак се заштедува преку неколку сезони на користење).

Парите се тие, па кој колку може да си дозволи. Во секој случај било која клима е многу поефикасна од панелки или било кои други греалки.
--- надополнето: 22 ноември 2013 во 23:18 ---
На надворешна околу 10 ст. и зададени сега 21 ст. процесот е ист, само што подолго време се задржува некаде помеѓу 250-300 вати.
Еве ти мерење на потрошувачка од поквалитетен уред. За разлика од панелката или Нео ѓубрето, овој уред за одржување на топлината троши колку 2-3 сијалици од 100вати...
 
Еве ти мерење на потрошувачка од поквалитетен уред. За разлика од панелката или
Нео ѓубрето, овој уред за одржување на топлината троши колку 2-3 сијалици од 100вати...

е сега и ти па кога си завикал ѓубре па ѓубре па што сакаш ти за 15000 со се монтажа дојди летно време кај мене во гевгелија знае да има и денови над 50с.ќе видиш дали лади и колку разлика има од тие вашите клими по 1000 евра што се
за греење видов дека пет пари не вреди
@gigovit што инвертер имаш ти ако не е тајна и колку го зеде
 
Некој искуство со Даикин инвертер,ми ги фалат многу а сум за земање па сакам да го направам најдобриот избор.Ми даваат цена од околу 710е со монтажа на 3.5кв
 
Некој искуство со Даикин инвертер,ми ги фалат многу а сум за земање па сакам да го направам најдобриот избор.Ми даваат цена од околу 710е со монтажа на 3.5кв
За кој модел ?
 
е сега и ти па кога си завикал ѓубре па ѓубре па што сакаш ти за 15000 со се монтажа дојди летно време кај мене во гевгелија знае да има и денови над 50с.ќе видиш дали лади и колку разлика има од тие вашите клими по 1000 евра што се
за греење видов дека пет пари не вреди...
Јас за уредот навистина мислам дека е ѓубре, што не значи дека (барем за ладење) нема да работи... некако.
Не се навредувај, критиките се на сметка на уредот. На форумов немаме влакна на јазикот и си земаме за слобода да не ги виткаме зборовите во шарена хартија.

Што се однесува на ѓубр... извини... што се однесува до Нео климите, моето скромно мислење е дека за сосема малку повеќе пари, Беко е измислен клима уред во однос на Нео. Многу подобри перформанси, многу поголема гаранција, а барем додека температурата не падне под нула ќе може и солидно да те грее.

Поентата на форумов е да разменуваме искуства, не да ги фалиме сопствените уреди. Немам за намера да те навредам, само сакам да укажам на квалитетот, и на многу подобри алтернативи што коштаат само малку повеќе.
Од друга страна разбирливо е секој да си го фали своето, па и тебе те разбирам. Ако ти е само за ладење и ако ти се погоди Нео-то да не е склапан во трета смена, во бугарската „фабрика„, не велам дека и еден Нео нема да брка некаква работа.
 
Во Телеграф мк се појави вест дека Соединетите Американски Држави ги забраниле печките на дрва
http://www.telegraf.mk/aktuelno/661...e-na-drva-kaj-nas-lozat-nad-70-od-semejstvata
Наводно нивата Агенција за заштита на околината донела ваква одлука.
Еве ја страницата на EPA -United States Environmental Protection Agency која наводно извршила забрана
http://www.epa.gov/
Јас такво нешто на оваа страница не најдов
Но најдов многу убаво упатство за согорување на дрвото, можете да погледнете
http://www.epa.gov/burnwise/workshop2011/WoodCombustion-Curkeet.pdf

А зошто нашиве новинари измислуваат вакви вести - не знаеме
 
Јас за уредот навистина мислам дека е ѓубре, што не значи дека (барем за ладење) нема да работи... некако.

а што ќе кажеш на тоа што надворешната единица е со тошиба компресор лани ја отворивме со мој пријател што монтира клими да ја исчистиме лично се уверив со свои очи
 
Во Телеграф мк се појави вест дека Соединетите Американски Држави ги забраниле печките на дрва
http://www.telegraf.mk/aktuelno/661...e-na-drva-kaj-nas-lozat-nad-70-od-semejstvata
Наводно нивата Агенција за заштита на околината донела ваква одлука.
Еве ја страницата на EPA -United States Environmental Protection Agency која наводно извршила забрана
http://www.epa.gov/
Јас такво нешто на оваа страница не најдов
Но најдов многу убаво упатство за согорување на дрвото, можете да погледнете
http://www.epa.gov/burnwise/workshop2011/WoodCombustion-Curkeet.pdf

А зошто нашиве новинари измислуваат вакви вести - не знаеме

ех..зошто, повеќе ми личи на она: ти зборам ќерко - сети се снао...мислат дека така се во трендот на спасување на чистиот воздух во Македонија...
Најсмешно е што горењето дрво е сепак најеколошко загревање..ако се направи биланс по сите елементи.
Не е најкомотно, бара прилично физички напор од почеток до крај, ама нај-еколошко-за-сигурно е.;)

Освен она со ел.енергија добиена од хидро централа...
Башка ја има логиката на биодизелот: расте па го гориш, а тоа што го гориш кога расте......јаглен двооксидот го претвара во килород. Горејќи фосилни горива , милијарда години депонираниот карбон го враќаш во атмосфера како загадување, плус трошиш кислород без да го ствараш :tapp:
 
Јас за уредот навистина мислам дека е ѓубре, што не значи дека (барем за ладење) нема да работи... некако.
Не се навредувај, критиките се на сметка на уредот. На форумов немаме влакна на јазикот и си земаме за слобода да не ги виткаме зборовите во шарена хартија.

Што се однесува на ѓубр... извини... што се однесува до Нео климите, моето скромно мислење е дека за сосема малку повеќе пари, Беко е измислен клима уред во однос на Нео. Многу подобри перформанси, многу поголема гаранција, а барем додека температурата не падне под нула ќе може и солидно да те грее.

Поентата на форумов е да разменуваме искуства, не да ги фалиме сопствените уреди. Немам за намера да те навредам, само сакам да укажам на квалитетот, и на многу подобри алтернативи што коштаат само малку повеќе.
Од друга страна разбирливо е секој да си го фали своето, па и тебе те разбирам. Ако ти е само за ладење и ако ти се погоди Нео-то да не е склапан во трета смена, во бугарската „фабрика„, не велам дека и еден Нео нема да брка некаква работа.


Нео ЛЕД моделите на почеток беа со Тошиба компресор и беа сосема коректни.
Имам пријател кој работи во Техномаркет и според него досега имало многу малку поплаки од страна на муштерии за климата и покрај тоа што имале продадени доста од нив.
Сега не знам дали ги користат истите компресори, во секој случај не беа ништо полоши од Беко, Мидеа и слични брендови.
Конкретно за овој модел се работи, плус сега гледам дека имаат и трогодишна гаранција што не е за занемарување.
http://technomarket.mk/products/00002370/neo-acs-hr12led-r410
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom