Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
Sleep модот кај мене на грее change инвертер е автоматски т.е. сам си спушта температура во одредени граници....за разлика од појаките модели каде коже да се програмира мануелно по саати кога ке намалува а кога ке искочи од слип мод.Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
А дали со овие темп. надвор, ја пушташ климата да работи 24/7, ноќе на ефтина тарифа или само по потреба? Што - од твоето искуство - е повеќе исплатливо/ефективно во поглед на затоплување внатре?
Си купил уред од ѓубре квалитет фирма, па уште се чудиш зошто не ја бива. Тој специфициран СОР од 2.8 реално повеќе од веројатно е уште понизок од тоа. Нео не би купил ни аспиратор за во кујна, ма искрено и бесплатно да ми го дадат не би го употребил.Се е тоа убаво што го кажа само ова за топлинските пумпи дека се поефикасни не би се сложил еве на мојата НЕО клима пишува 3750в.за греење а троши 1300 значи има некој си ЦОР од 2.8 на +10с. Да се грејам на неа исто ќе ми потроши како и панелката ...
поздрав на сите
ве читам веќе долго време и едно не ми е јасно дали е можно овие инвертор климите толку малку да трошат еве јас ќе дадам еден пример за обична он/оф клима пробав да се грејам на неа во соба од 20м2 вистина ја загрева за 5-6 мин. од 15 до 22с но ме нервира што стално прави пали гаси на секој 10 мин.Имам и мерач за потрошувачка влече 1300-1350вати.значи за еден час ефективно работи 30мин.со тоа гасењето.Е сега идеме до поинтересниот дел значи да се грејам јас на неа за 2 часа ќе ми потроши 1.5киловат а конвекторот од 2.5кв.потрошува исто а нити ме дува нити галама ми прави башка многу покомотно се чувствувам во собата.Инаку конвекторот е airlec грее 6мин. паузира 15 и се така во круг.Сето ова е тестирано на надворешна температура од 10с.
Очекувам некој коментар од поискусните членови гледам многу ги фалите овие инвертор клими зарем е можно за тие 2 часа инвертерот да потроши помалку од киловат струја