Најекономично греење и ладење

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Со здравје да се служиш. Ако е добро изолирано цревото, нема да има пад на ефикасноста. Ама почекај да застуди, со моменталниве надворешни температура и да има нема да се примети, сега било што ќе згрее за 10 минути.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
Зависи, прво го практикував тоа, а потоа ја исклучував навечер од причина што немаше никој навечер во дневната соба плус имам навика наутро да проветрувам најмалку 15тина минути и не гледав никаков ефект да работи по 7-8 часа најмалку истата.
Додека преку ден ако излегував на неколку часа ја намалував на 18 степени за да ја одржува температурата.
Инаку sleep mode кога ќе го приклучев навечер ми се случуваше климата да биде сама изгасена наутро, па затоа и не ја користев таа опција.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
Sleep модот кај мене на грее change инвертер е автоматски т.е. сам си спушта температура во одредени граници....за разлика од појаките модели каде коже да се програмира мануелно по саати кога ке намалува а кога ке искочи од слип мод.
Кај мене во упатството нема ништо за слип модот, но затоа во сервисното упатство стои вака:
(4) Sleep Function
During Heating Mode:
(1) When the initial temperature is set at 16C, the unit will operate at this temperature all the time;
(2)When the initial temperature is set as 17~20C, after starting up the sleep function, the temperature will decrease by1C every one hour.
After the temperature is decreased by 1C, the unit will operate at this temperature;
(3)When the initial temperature is set as 21~27C, after starting up the sleep function, the temperature will decrease by1C every one hour.
After the temperature is decreased by 2C, the unit will operate at this temperature.
Значи нема некоја филозофија, исто е ко да пред спиење ја намалиш за 2 степена и таа да ја одржува,наутро ке мораш сам да ја покачиш.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.361
Така де, само за да не намалуваш сам рачно навечер и да не зголемуваш сам рачно наутро, некои од уредите (повеќето мислам) имаат опција да се подеси автоматика и уредот сам ќа намалува во точно определено време навечер и сам ќе зголемува во точно определно време наутро.
 
Член од
19 ноември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
14
А дали со овие темп. надвор, ја пушташ климата да работи 24/7, ноќе на ефтина тарифа или само по потреба? Што - од твоето искуство - е повеќе исплатливо/ефективно во поглед на затоплување внатре?
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Неможам да зборам колку е поисплатливо или не пошто НЕ мерам потрошувачка само на инвертерот а за тоа треба нешто вакво или вакво.
На овие температури на 22 ми е подесена, така во просторот е +23 или 23,5Ц, насабајле и цела нок да била искључена за 5-10мин згрејува 50м2(18000бту е).
Ама тоа за сега и со овие температури +15 надвор....муабетов ке биде друг на -10 насабајле, сега ко ке постигне +22Ц (амбиентално 23/23.5) на минимум си дува колку да ја одржува а тогаш и многу малце троши бидејки и компресорот надвор е у прва брзина, на поладно ке си дига брзина компресорот за да даде доволна топлина а тогаш и појше ке троши.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Јас имам мерено, и можам да кажам дека горе-доле иста е потрошувачката за 24ч, ако работи цела ноќ и ако се гаси навечер и се пушта наутро. Разликата е во тоа што ако работи цела ноќ, во просторијата ќе биде топло и ноќта.
Што се однесува до слип модот, тоа е само одложено гасење на климата со постепено намлување на температурата. Значи кога одиш на спиење, го активираш, таа продолжува да си работи, само на секој саат-два ја намалува зададената температура што треба да ја постигне. Како што постираше Strelec.
Сама не се вклучува насабајле ако се изгаси со слип, за тоа постои тајмер.
 
Член од
19 ноември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
14
Фала многу за одговорот Strelec и moongoses. Оваа ни е прва година со инвертер, така да сега учиме како најефикасно да го користиме. Сега засега инвертерот го оставивме да работи нон стоп на прва брзина. Преку ден на 20ст, а ноќе на 18. Приметив, иако дадена темп. е 20, сепак во станот е скоро 2 ст потопло.Кога ќе стане поладно, ќе пуштаме соодветно на 2 и 3 брзина.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
поздрав на сите
ве читам веќе долго време и едно не ми е јасно дали е можно овие инвертор климите толку малку да трошат еве јас ќе дадам еден пример за обична он/оф клима пробав да се грејам на неа во соба од 20м2 вистина ја загрева за 5-6 мин. од 15 до 22с но ме нервира што стално прави пали гаси на секој 10 мин.Имам и мерач за потрошувачка влече 1300-1350вати.значи за еден час ефективно работи 30мин.со тоа гасењето.Е сега идеме до поинтересниот дел значи да се грејам јас на неа за 2 часа ќе ми потроши 1.5киловат а конвекторот од 2.5кв.потрошува исто а нити ме дува нити галама ми прави башка многу покомотно се чувствувам во собата.Инаку конвекторот е airlec грее 6мин. паузира 15 и се така во круг.Сето ова е тестирано на надворешна температура од 10с.
Очекувам некој коментар од поискусните членови гледам многу ги фалите овие инвертор клими зарем е можно за тие 2 часа инвертерот да потроши помалку од киловат струја
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.361
@yamaha10
Потрошувачката на климите обично е точно специфицирана. Погледај повнимателно поназад на темата и ќе најдеш детални спецификации за одредени модели.

Во врска со твоите мерења, си мерел само потрошувачка а тоа само по себе не значи ништо без мерење и на добиената топлина. Во недостаток на мерки за добиената топлина, споредување со декларираните спецфицикациите е доволно, барем за озбилни уреди од квалитетни брендови. Најдобро е ако постои еуровент извештај за уредот.

Ако ова горе беше нејасно, едноставен одговор е: да климите, посебно инвертор климите, трошат помалку од панелки и разно разни други греалки. За вакви надворешни температури од 10с и нагоре, разликата во потрошувачка е огромна, почнувајќи од 3:1 па нагоре...
Да појаснам понатаму, панелката за еден киловат струја грее нешто помалку од еден киловат топлинска енергија. Климите (кои всушност се топлински пумпи воздух-воздух), за еден киловат струја даваат 3 киловати топлина. Подобрите модели даваат и над 4 киловати топлина (за секој еден киловат струја), на сегашниве наворешни температури.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Се е тоа убаво што го кажа само ова за топлинските пумпи дека се поефикасни не би се сложил еве на мојата НЕО клима пишува 3750в.за греење а троши 1300 значи има некој си ЦОР од 2.8 на +10с. Да се грејам на неа исто ќе ми потроши како и панелката која патем дава многу попријатна топлина барем за мене.Ова 10 минути дува топло па исклучува и пред да се уклучи почнува дури и ладно да дува не знам јас како се греете на обични клими пробав јас малку и се откажав плус треба да му ја мислам кога ќе падне под 0 дали воопшто и ќе дува топло
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.361
Се е тоа убаво што го кажа само ова за топлинските пумпи дека се поефикасни не би се сложил еве на мојата НЕО клима пишува 3750в.за греење а троши 1300 значи има некој си ЦОР од 2.8 на +10с. Да се грејам на неа исто ќе ми потроши како и панелката ...
Си купил уред од ѓубре квалитет фирма, па уште се чудиш зошто не ја бива. Тој специфициран СОР од 2.8 реално повеќе од веројатно е уште понизок од тоа. Нео не би купил ни аспиратор за во кујна, ма искрено и бесплатно да ми го дадат не би го употребил.

Ѓубрето од бренд настрана, другите работи на кои се жалиш се класични работи на кои се жалат луѓе кои не знаат доволно за климите.
Прва работа, ако сакаш да се грееш со клима: не ја исклучувај ИЧ климата. Така ем поефикасно работи, ем нема да доаѓаш во ситуација кога дува „ладно„.
Треба време да се загрее воздухот, а климите (замисли) греат со дување воздух. Пошто не може магично и наеднаш да се загрее воздухот од 14 на 22с, во прво време воздухот е ладен па и дувањето на воздухот прави ладно чуство. Можеш да испрограмираш да се пушти греење еден саат пред да станеш (ако Нео ѓубрето воопшто има таква опција) или најдобро како што ти кажав, не ја исклучувај воопшто климата.
Втора работа, инвертор климите не прават ПУШТИ-ИЗГАСИ-ПУШТИ јако дување, туку постојано дуваат ама полека и многу помалку осетно или чујно (еднаш штом постигнат зададена температура). Затоа и многу помалку сметаат со јако и гласно дување.

Инаку, дури и тоа Нео ѓубрето е поефикасно од панелката, ете и 2.5 да е СОР-от, ти пак за 1 киловат струја добиваш 2.5киловати топлина. Панелката за еден киловат струја дава дури и нешто помалку од еден киловат топлина.
Го знаеш вицот: Фата је Фата, ама двапати е двапати? :)
Да попријатна ти делува таа топлина пошто веројатно се лепиш да панелката да те грее (и заради тоа што климата прво дува „ладен„ воздух.


Велиш си ја следел темава, ама според тоа што го прашуваш, или не си ја читал баш внимателно или пак не си го разбрал тоа што си го прочитал... ;)
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Разбирам се убаво што викаш не ни мислев јас да се греам со климата така ја пробав само купена е за ладење летно време во што е многу ефикасна не се жалам за 5-6 минути ја соборува температурата од 30 на 25с.ама сепак смета и тогаш тоа палење и гасење.Касно почнав да ја читам темава инаку ќе одев на некој ефтин инвертер секако
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
поздрав на сите
ве читам веќе долго време и едно не ми е јасно дали е можно овие инвертор климите толку малку да трошат еве јас ќе дадам еден пример за обична он/оф клима пробав да се грејам на неа во соба од 20м2 вистина ја загрева за 5-6 мин. од 15 до 22с но ме нервира што стално прави пали гаси на секој 10 мин.Имам и мерач за потрошувачка влече 1300-1350вати.значи за еден час ефективно работи 30мин.со тоа гасењето.Е сега идеме до поинтересниот дел значи да се грејам јас на неа за 2 часа ќе ми потроши 1.5киловат а конвекторот од 2.5кв.потрошува исто а нити ме дува нити галама ми прави башка многу покомотно се чувствувам во собата.Инаку конвекторот е airlec грее 6мин. паузира 15 и се така во круг.Сето ова е тестирано на надворешна температура од 10с.
Очекувам некој коментар од поискусните членови гледам многу ги фалите овие инвертор клими зарем е можно за тие 2 часа инвертерот да потроши помалку од киловат струја

Еве јас ќе ти одговорам од моето краткотрајно искуство со инвертер. На надворешна температура од околу 15 ст. и зададени 22ст. климата влече у почеток максимална сила од околу 1600вати, за кратко време почнува ка паѓа на 680, па на 480 за да после едно 15-20 минути паѓа на 220 вати, истовремено се менува и топлината на воздухот што го пушта и дува ептен млако на крај, колку да ја одржува зададената температура со таа топлина. На надворешна околу 10 ст. и зададени сега 21 ст. процесот е ист, само што подолго време се задржува некаде помеѓу 250-300 вати. Ја користам само на 2 степен од пет за дување, затоа што мислам дека е така најекономична и е релативно бесшумна. Ако се уклучи на 4 или 5 се зголемува шумот при дување, се зголемува потрошувачката поради тоа што дува потопло, побрзо постига и побрзо се гаси и личи повеќе на он-оф клима отколку на инвертер. Не мора да троши во овој случај повеќе, можеби е иста вкупната потрошувачка но според мене не е искористена на прав начин во овие услови на слаб студ. Кога ќе биде минус температури можеби ќе се користи и така, но засега е вака попаметно. Севкупната дневна потрошувачка е околу 5-6кв.

Споредба со конвектор е бесмислена во однос на потрошувачката, нема шанси да биде ни приближно економична како инвертер, а обичните клими ако се квалитетни во овие услови се можеби многу блиску до потрошувачката, но се досадни со тоа што нон-стоп палат гасат и нема континуитет во температурата, а се исто ограничени кога ќе паднат температурите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom