Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
??Уште да те дополнам
Плинот ( пропан бутан - ТНГ ) е поскап од струјата
??
Зошто одсекогаш сум мислел дека готвење на плин е поевтино?
Имаш некои бројки за споредба на цени за киловат енергија?
Само да расчистиме една работа. Односот на пропан и бутан не е ист во плинот кој се употребува за погон на автомобили, и плинот кој се употребува за боци за домаќинства. Од овој однос на пропан и бутан зависи моќноста на согорувањето, па со тоа и износот на киловатчас енергија од плинот.Цената на авто гасот ТНГ, во моментов е 39,5 денари за литар. Ако се купува во боци за дома, нешто е повисока бидејќи наплатуваат нешто за одржување и полнење на боците
Само да расчистиме една работа. Односот на пропан и бутан не е ист во плинот кој се употребува за погон на автомобили, и плинот кој се употребува за боци за домаќинства. Од овој однос на пропан и бутан зависи моќноста на согорувањето, па со тоа и износот на киловатчас енергија од плинот.
Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.
Хммм со толку слична енергетска вредност на пропанот и бутанот, нивниот сооднос и нема многу врска од аспект на вкупната енергетска вредност на плинот.Пропанот има топлинска моќ од 25,5 МЈ на литар а бутанот 28,7 МЈ
Најчест однос на мешање е 35% пропан и 65% бутан
Што значи не е ефтино гориво за готвење...