Само да расчистиме една работа. Односот на пропан и бутан не е ист во плинот кој се употребува за погон на автомобили, и плинот кој се употребува за боци за домаќинства. Од овој однос на пропан и бутан зависи моќноста на согорувањето, па со тоа и износот на киловатчас енергија од плинот.
Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.
Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.[/quote]
Пламенот од согрување на гасот е всушност мешавина на воздух и гас кој гори. Кога ќе ја допре релативно студената површина на тенџерето се гаси и се формира наслага од чист јагленород. Тоа е причината што тенџерињата поцрнуваат
Инаку топлинската моќ на пропанот и бутанот се разликуваат но не многу
Пропанот има топлинска моќ од 25,5 МЈ на литар а бутанот 28,7 МЈ
Најчест однос на мешање е 35% пропан и 65% бутан
Што значи не е ефтино гориво за готвење, но за автомобили е прилично поефтин од бензинот,
За готвење најефтини се дрва, ем готвиш - ем се топлиш.
Не се, будали мнозинството граѓани на Македонија, па се затоплуваат и готват на дрво. Со 5-6 кубика или малку повеќе, ќе поминат цела зима.
Кој не сака дрва, единствено поволно е затоплување на струја со клима уред, ( топлотна пумпа )
Тоа сме го збореле на оваа тема неброено пати. Најдобра комбинација е користење на дрва со добра печка и струја со клима уред.
А неспоредливо најлоша е Топлификација