Најекономично греење и ладење

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
??
Зошто одсекогаш сум мислел дека готвење на плин е поевтино?
Имаш некои бројки за споредба на цени за киловат енергија?
Еве ги фактите:
Цената на авто гасот ТНГ, во моментов е 39,5 денари за литар. Ако се купува во боци за дома, нешто е повисока бидејќи наплатуваат нешто за одржување и полнење на боците
Еве ја страницата на Макпетрол каде ја има оваа цена
http://www.makpetrol.com.mk/index_mk.asp
Топлотната моќ на ТНГ е пониска од онаа на безинот и изнесува околу 26МЈ на литар или 7,2 KWh на литар
Еве податоци за ТНГ
https://en.wikipedia.org/wiki/Liquefied_petroleum_gas
Ако се подели се добива:
39,5 : 7,2 = 5,5 денари за еден KWh
Ако пресметаш дека ќе има загуби во согорувањето од барем 5%
цената ќе биде 5,8 денари за еден KWh

Цената на струјата во момонтов е 6,35 денари во висока тарифа 3,19 во ниска тарифа за еден KWh

Што значи употребата на ТНГ се исплатува само за дуќаните бидејќи за нив струјата е поскапа и изнесува околу 10 денари за KWh
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Цената на авто гасот ТНГ, во моментов е 39,5 денари за литар. Ако се купува во боци за дома, нешто е повисока бидејќи наплатуваат нешто за одржување и полнење на боците
Само да расчистиме една работа. Односот на пропан и бутан не е ист во плинот кој се употребува за погон на автомобили, и плинот кој се употребува за боци за домаќинства. Од овој однос на пропан и бутан зависи моќноста на согорувањето, па со тоа и износот на киловатчас енергија од плинот.

Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Само да расчистиме една работа. Односот на пропан и бутан не е ист во плинот кој се употребува за погон на автомобили, и плинот кој се употребува за боци за домаќинства. Од овој однос на пропан и бутан зависи моќноста на согорувањето, па со тоа и износот на киловатчас енергија од плинот.

Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.
Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.[/quote]
Пламенот од согрување на гасот е всушност мешавина на воздух и гас кој гори. Кога ќе ја допре релативно студената површина на тенџерето се гаси и се формира наслага од чист јагленород. Тоа е причината што тенџерињата поцрнуваат
Инаку топлинската моќ на пропанот и бутанот се разликуваат но не многу
Пропанот има топлинска моќ од 25,5 МЈ на литар а бутанот 28,7 МЈ
Најчест однос на мешање е 35% пропан и 65% бутан
Што значи не е ефтино гориво за готвење, но за автомобили е прилично поефтин од бензинот,
За готвење најефтини се дрва, ем готвиш - ем се топлиш.
Не се, будали мнозинството граѓани на Македонија, па се затоплуваат и готват на дрво. Со 5-6 кубика или малку повеќе, ќе поминат цела зима.
Кој не сака дрва, единствено поволно е затоплување на струја со клима уред, ( топлотна пумпа )
Тоа сме го збореле на оваа тема неброено пати. Најдобра комбинација е користење на дрва со добра печка и струја со клима уред.
А неспоредливо најлоша е Топлификација
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Пропанот има топлинска моќ од 25,5 МЈ на литар а бутанот 28,7 МЈ
Најчест однос на мешање е 35% пропан и 65% бутан
Што значи не е ефтино гориво за готвење...
Хммм со толку слична енергетска вредност на пропанот и бутанот, нивниот сооднос и нема многу врска од аспект на вкупната енергетска вредност на плинот.

Ова значи дека мојот нов комбиниран Горење шпорет најверојатно нема да го приклучувам на боца со плин. Или па ретко ќе го користам на плин. За брзо правење на кафе/чај можеби и се исплати, пошто површината на ринглата е во голема мера неискористена...
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Да не бегаме од темата ама во однос на готвењето, најефикасно се готви со индукциски шпорет т.е. плотна. Во однос на цената на чинење по киловат се тука негде, ама кога ќе се пресмета и тоа дека плинот треба да го купиш и да го донесеш дома, па зацрнувањето на садовите, можноста за несреќа поради човечка грешка, индукцијата е без конкуренција.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Па и не бегаме многу од темата, нели е готвењето во основа термичка обработка на храна, практично греење и загревање на состојките од кои се готви јадењето? :-P

Јас се надевам на гасификација на градов, без разлика што некако се матни деталите за скорешново потпишување на договор за крак од гасоводот. Во таа смисла, со изборот на комбиниран шпорет (струја/плин) сум спремен за тоа.
За индукционите плотни за готвење немам представа колку коштаат, ама претпоставувам дека се прескапи пошто се ретки (понуда-побарувачка?). Поправете ме ако грешам за коштањето.

Како и да е, еве линк за ефикасноста на разните принципи на греење при готвење, со совети за поефикасно користење на истите:
http://www.greenbuildingadvisor.com/blogs/dept/energy-solutions/efficient-cooking
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Denes posetiv edna prodavnica vo Bitola za bela tehnika. Ne sakam spomenam ime, so cel da ne nastrada nekoj od vrabotenite. No sepak, zalosno e toa shto devojkata koja tamu raboteshe, ne znaeshe ni 10% od se ova shto go procitav na ovoj forum, na ovaa tema. Ve pozdravuvam site i se nadevam deka i ponatamu ke prodolzite se vakvi produktivni i iskreni diskusii.(y)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Само да расчистиме една работа. Односот на пропан и бутан не е ист во плинот кој се употребува за погон на автомобили, и плинот кој се употребува за боци за домаќинства. Од овој однос на пропан и бутан зависи моќноста на согорувањето, па со тоа и износот на киловатчас енергија од плинот.

Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.
Точно треба да е различен гасот за домаќинство и за автомобили но за жал кај нас не е така ;)
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Zdravo. spored slikava, dali mozi da mi pojasnite, za da naucam i jas, za kakva klima si raboti? Na primer dali e trojka ili tri i polka (i shto toa znaci), kolku kw dava na greenje i kolku konzumira. Dali e Ok firmava ili spaga vo kategorija na neo - meo...
Blagodaram Klimata.jpg
--- надополнето: 16 септември 2013 во 22:32 ---
Da se nadopolnam ili da se izglupiram: spored mene ovaj inverter, za greenje, konzumira od 0.3 do 2kw ( vo zavisnost od uslovite) a gree so.... kolku kw? pojma nemam.
Odnapred fala za odgovorite
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Zdravo. spored slikava, dali mozi da mi pojasnite, za da naucam i jas, za kakva klima si raboti? Na primer dali e trojka ili tri i polka (i shto toa znaci), kolku kw dava na greenje i kolku konzumira. Dali e Ok firmava ili spaga vo kategorija na neo - meo...
BlagodaramПрегледај го приврзокот 72541

http://www.chernevclima.bg/product/319/klimatik-invertoren-midea-msr-18hrdn1-r17.html
класа на Neo Quart Vivax ST, TLC..... за загревање големи простории 40-50м2 по лошиот COP фактор (3.2) можам да заклучам дека е B или C енергетска класа... просечен уред кој при услови на ладна зима исфрла огромна количина на вода... дали грее ќе каже тој што ја има. Се надевам има такви.
Лично мислам дека е лош избор. Подобар избор во класата (можеби се нешто поскапи) би биле Vivax или БЕКО....
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Zdravo. spored slikava, dali mozi da mi pojasnite, za da naucam i jas, za kakva klima si raboti? Na primer dali e trojka ili tri i polka (i shto toa znaci), kolku kw dava na greenje i kolku konzumira. Dali e Ok firmava ili spaga vo kategorija na neo - meo...
BlagodaramПрегледај го приврзокот 72541
--- надополнето: 16 септември 2013 во 22:32 ---
Da se nadopolnam ili da se izglupiram: spored mene ovaj inverter, za greenje, konzumira od 0.3 do 2kw ( vo zavisnost od uslovite) a gree so.... kolku kw? pojma nemam.
Odnapred fala za odgovorite
18000BTU e, значи 5,2KW, што би се рекло, „петка“.
Според декларацијата, номинално троши 1500W струја, a оддава 5400W топлина, најверојатно мерено на +5 или +7 степени надворешна температура. Toa е COP од 3,6.
A Мидеа е оригинален кинески бренд, не е непостоечки како нео, кварт и слични на нив, а ништо чудно и токму мидеа да ги произведува овие.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Со здравје да си го користиш новиот FUJITSU ASYG - 35 LLCP INVERTER 12.000 BTU
 
Kajgana Shop

На врв Bottom