Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
И климите од 200 евра ја вршат функцијата.
За неколку месеци и на најскапата клима со најголем СОР, на, надворешната единица ќе се нафати нечистотија и прашина и СОР ќе се намали.
Затоа сам одбери клима според својата желба и можности.
НО ОБАВЕЗНО НАБАВИ!
Со користење на клима за затоплување ќе имаш три пати помали сметки за струја - тоа е суштината, Секоја клима и со инвертер и без инвертер ќе ти “ заврши работа “-
Пријателе, генерално си во право.
Но со една важна задршка. Секој треба да биде свесен дека скоро сите евтини „обични„ (не-инвертор клими со фиксна брзина), скоро сите тие добро греат некаде до +5с надворешна температура, а под нула ефикасноста почнува им се приближува накај 1:1... што значи тогаш стануваат како обични и прости електрични греалки, но со тоа што работат на една третина или четвртина од вкупната моќност и се бучни и паузираат секој половина саат да се одмрзнат (дефрост).
Едноставно не се предвидени за минус температури и ни компонентите не им се на потребно ниво квалитет, компресорите релативно полесно им се расипуваат со такво малтретирање. Овие клими не се за ноември-декември-јануари-фебруари, освен за некој што совесно ќе ги пушта само кога надвор ќе биде над +5с.

Проблемот е што во ситуација кога некој се грее на вакви клими, во комбинација со други греалки... мислам дека само во првите две години (ако не и пократко), ќе ги „потроши„ додатните 300-350евра колку што се поскапи подостапните инвертор клими. Затоа во ваква ситуација вреди било како да се најдат уште пари и да се купи инвертор.


Ти си со најдобра намера, но мислам дека грешиш во пристапот зошто поголемиот дел од понеупатените што би се обиделе да се греат со најевтиниве клими... ќе се разочараат од сметките а и од греењето на концептот на топлинска пумпа. Со што добиваш спротивен ефект од твојата желба за промовирање на овој ефикасен концепт на греење.
 
Ова е совет да не го гледаме или да не го гледаме на камера снимка?
190.gif.pagespeed.ce.pz9zlKTKIj.gif

--- надополнето: 14 август 2013 во 21:38 ---
 
Па во иднината можеби измислиле начин на пркосење со физиката :P
 
Pluh Вчера по наше и денеска по Америчко време и беше роденден на Мег од Фемили Гај и не си постирал нејзини слики ? (n) (не дека се бунам со weedонасава ама си пропуштил златна прилика :D )
 
"дали ви се допаѓа
нашиот нов
веб сајт?"
НЕ!!! ;)


Сајтот изгледа како да е направен во Ворд97, од 7 годишно дете. Ама програмата од Даикин, Фуџитсу и Грее е прилично обемна... чуден диспаритет.
 
Пријателе, генерално си во право.
Но со една важна задршка. Секој треба да биде свесен дека скоро сите евтини „обични„ (не-инвертор клими со фиксна брзина), 1)скоро сите тие добро греат некаде до +5с надворешна температура, а под нула ефикасноста почнува им се приближува накај 1:1... што значи тогаш стануваат како обични и прости електрични греалки, но со тоа што работат на една третина или четвртина од вкупната моќност и се бучни и паузираат секој половина саат да се одмрзнат (дефрост).
Едноставно не се предвидени за минус температури и ни компонентите не им се на потребно ниво квалитет, компресорите релативно полесно им се расипуваат со такво малтретирање. Овие клими не се за ноември-декември-јануари-фебруари, освен за некој што совесно ќе ги пушта само кога надвор ќе биде над +5с.

Проблемот е што во ситуација кога некој се грее на вакви клими, во комбинација со други греалки... мислам дека само во првите две години (ако не и пократко), ќе ги „потроши„ додатните 300-350евра колку што се поскапи подостапните инвертор клими. Затоа во ваква ситуација вреди било како да се најдат уште пари и да се купи инвертор.


Ти си со најдобра намера, 2)но мислам дека грешиш во пристапот зошто поголемиот дел од понеупатените што би се обиделе да се греат со најевтиниве клими... ќе се разочараат од сметките а и од греењето на концептот на топлинска пумпа. Со што добиваш спротивен ефект од твојата желба за промовирање на овој ефикасен концепт на греење.
Постоењето или одсуството на инвертер нема никаква врска со најниската температура до која климата може да затоплува и со СОР.
Инвертерот е уред со помош на кој се врши промена на фреквенцијта на струјата и на тој начин се менува бројот на вртежи на компресорот. Со промената на бројот на вртежи на компресорот се менува капацитетот на компресорот.
Разлика во работење на климите со и без инвертер, се однесува на одржувањето на температурата во просторијата и е следна:
Ако температурата во просторијата треба да се одржува , на пример на 25 С, климата без инвертер ќе ја одржува помеѓу 24 и 26 С. - на 26 С , термостатот ќе ја исклучи климата, а кога температурата ќе се намали на 24 С, повторно ќе ја вклучи.
Климата со инвертер работи сосема поинаку - кога температурата ќе стане приближно 25 С, инвертерот го намалува бројот на вртежи на компресорот и на тој начин го намалува капацитетот.
Оваа разлика е видлива: Климите без инвертер, во текот на работењето се вклучуваат и исклучуваат, а климите со инвертер постојано се вклучени, - компресорот постојано е вклучен но со намален број вртежи.
Инаку за еве го моето искуство:
1) Јас имам три клими сите се различни и сите се без инвертер. Со нив се затоплувам веќе 5 сезони, немам било каков друг начин на затоплување. Најниска температура на кој работеа досега беше во февруари 2012 и изнесуваше минус 22 С и немав никаков проблем
2) Јас не сум единствен - во мојата зграда 6 соседи се затоплуваат со клими, само еден од нив има една клима со инверетер, останатите клими се без инвертер, имам и други пријатели кои имаат исто искуство. А и на оваа страна има многу постови во кои е изнесено дека нема проблеми при уотребата на обичите клими за затоплување.
Што значи останувам на пораката - одберете клима каква сакате, но одберете, купете и затоплувајте се три пати поефтино!
 
Инвертерот е уред ...
Разлика во работење на климите со и без инвертер, се однесува на...
Прилично добро знам што е инвертер, ама секако нема зијан од повторување... темава има едукативен карактер. :)


Постоењето или одсуството на инвертер нема никаква врска со најниската температура до која климата може да затоплува и со СОР.

Инаку за еве го моето искуство:
1) Јас имам три клими сите се различни и сите се без инвертер. Со нив се затоплувам веќе 5 сезони, немам било каков друг начин на затоплување. Најниска температура на кој работеа досега беше во февруари 2012 и изнесуваше минус 22 С и немав никаков проблем
2) Јас не сум единствен - во мојата зграда 6 соседи се затоплуваат со клими, само еден од нив има една клима со инверетер, останатите клими се без инвертер, имам и други пријатели кои имаат исто искуство. А и на оваа страна има многу постови во кои е изнесено дека нема проблеми при уотребата на обичите клими за затоплување.

Првата болдирано-подвлечена реченица е теоретски точна, во пракса не е точна.
Праксата вели дека скоро сите фикс-спид клими се сместени во најнискиот ценовен ранг. Што значи дека ги прават со најевтините можни делови и компоненти. Што понатаму резултира со добра економски штедливо загревање некаде до +5с. На пониски температури драстично опаѓа ефикасноста, се додека не дојде до 1:1 кога ефикасноста е иста како и кај некоја кварцна електрична греалка (со таа разлика што кварцната греалка не влегува во дефрост на пола саат, секои 20тина минути).

Нормално има исклучоци, пар скапи фикс-спид клими од познати брендови. на пример јас знам за еден модел од Мицибуши што е фикс-спид клима (без инвертер), кој работи прифатливо до солидни минуси. Ама прво таква клима не може да најдеш и да бараш под дрво и под камен, а второ за тие пари ќе земеш солиден инвертор од ниско-средна класа.


Значи, теоретски ти си во право кога велиш дека е сеедно дали една клима има или нема инвертор, во однос на тоа какви се спецификациите. Но во пракса најевтините клими од накај 200+евра имаат многу полоши перформанси од тие што коштаат 500-600+евра (инвертор клими).
Теоријата се согласува со тебе, праксата вели не си во право!
НЕ Е СЕЕДНО! ;)


За крај, во твојот (позитивен) случај важен е фактот што живееш во зграда каде комшиите исто се загреваат а добар дел од нив најверојатно се на парно (што е важно само од аспект дека нивните простории по цел ден се загреваат). Во други случаи каде се живее во куќа или во згради без парно греење, таму никако не би го повториле твоето искуство со такви евтини клими.
Тебе ти е важно што имаш пониски сметки за греење. Но сигурен сум дека би видел и пониски сметки со поквалитетни клима уреди (читај инвертори). И тоа доволно пониски сметки да за неколку години, ја извадиш инвестицијата во поквалитетни (инвертор)-клими.

Евтините клими за греење имаат само една позитивна страна: подобри се од ништо. За тие кои навистина ама баш никако не можат да си ги дозволат поскапите уреди, и евтините клими се поекономични од греалки или парно на струја...
Значи не зборам за луксуз, туку за паметна инвестиција која и не кошта толку многу (некои додатни 300+евра) и прилично бргу се враќа назад... а понатаму се е чист ќар.
 
НЕ Е СЕЕДНО! ;)
За крај, во твојот (позитивен) случај важен е фактот што живееш во зграда каде комшиите исто се загреваат а добар дел од нив најверојатно се на парно (што е важно само од аспект дека нивните простории по цел ден се загреваат).
Со се се согласувам - само купете клима и затоплувајте се!
А оваа со „ парново “не се согласувам но за ова во темата Топлификација и нејзиниот...
 
На онаа кога уредот работи на минимум сила..
Доколку кај појакиот уред, минималната сила е поголема отколку кај послабиот, нормално и дека ќе троши повеќе струја. Работата е дали послабиот уред ќе биде доволно јак да работи на минимална сила за да ја оддржува бараната температура.
Ако појакиот работи на минимална, послабиот би работел со нешто појака за да ја постигне истата температура. А тогаш и потрошувачката би била тука некаде.
 
Тргнуваме од претпоставка дека послабиот модел е доволно јак.
Во тој случај полош избор е појакиот модел. Не само од аспект на поголема потрошувачка, туку и од аспект на комфор: прејак модел за (во однос на него) помала просторија значи и појаки минимум дувања/струења на воздух кои често сметаат.
Иначе како попатна забелешка, ова е и главната предност во комфорот на инвертор моделите во однос на обичните клими со фиксна брзина.
 
Стварно некако Тоби изгледаше ретардирано. Дали таков awkward е ликот и во книгата или ? Пошто ако е онда хејтов за Тоби е непотребен.А ако не е ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom