- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.545
- Возраст
- 72
Јас, а верувам сите други учесници, ја поздравуваме твојата идеја да ја смениш нафтата како гориво. Нафтата е многу скапа,Размислувам за преоѓање од греење на нафта на греење со инвертер клими. Читајќи го thred-ов на овој форум некако сум уште поубеден во тоа.
Сакав да преминам на пелети,
Денес, за друга потреба направив преглед на денешните цени на горивата и еве го постирам со надеж дека ќе ти користи тебе но и на другите учесници.
Цени на електична енергија сега се: висока тарифа 6,56 денари/KWh, ниска тарифа 3,28 денари/KWh.Инаку цените на струјата во Македонија, воопшто не се ниски туку се меѓу највисоките, на пример цената на струјата во САД е околу 11 центи ( 5,2 денари/KWh )
Еве ги цените на течните горива: Лесното масло за горење ( нафта за домаќинствата), еден литар чини 56,50 денари и содржи 11 KWh, значи единична цена е 5,14 денари/KWh. Мазут, се продава на килограми и еден килограм мазут чини 41,517 денари. Еден килограм мазут содржи 12 KWh, значи единична цена му е 3,45 денари/KWh. Природен компримиран гас, се продава на метри кубни и еден нормален кубен метар чини 32,4521 денари. Гасот содржи 9,5 KWh значи енергијата добиена од гас чини 3,42 денари/KWh. Ова се сегашни цени на течните горива. Зимно време овие цени се повисоки за 20 – 30%. Исто можете да видите дека цените на мазутот и на природниот гас се наполно исти. Тоа е секогаш така, цената на мазутот и гасот се „ врзани “ цени.
Еве ги цените на јагленот: Лигнит, се продава по цена од 4 до 5 илјади денари за тон и има топлотна моќ од 2 до 3 KWh од еден килограм значи просечна цена е 1,8 денари/KWh. Лигнит може да се добие во секое време од Катланово, Берово и Вевчани, а може да се увезе од Косово. Мрк јаглен во Македонија не се произведува но може да се набави бугарски Бобов Дол. Тоа е голем рудник со годишно производство од милион тони и се наоѓа во близината на Кустендил. Неговата цена во Бугарија е околу 200 лева, а кај нас би се добил по цена од 9000 денари за тон. Топлотна моќ, на јагленот од Бобов Дол е 5,6 KWh за килограм што значи цена му е 1,6 денари/KWh. Во Србија тешко се наоѓа мрк јаглен иако има рудници во Алексинац и Ресава, но најдов податоци од Србија за босански јаглен Бановиќи со топлотна моќ од 4,9 KWhпо цена 8000 денари за тон што значи и неговата цена би била 1,6 денари/KWh. Во Бугарија и Србија се продава руски камен јаглен со топлотна моќ од 8 KWh на еден килограм, по цена од 12000 денари за тон ( во Бугарија 370 лева, во Србија 20 илјади динари ). Неговата единична цена би била 1,5 денари/KWh.
За нас е интересно огревно буково огревно дрво кое се продава по цена од 2200 денари за метар кубен. Еден кубен метар бука има топлотна моќ од 2600 KWh, па цена за еден KWh е 0.85денари/KWh. Ова е цена, за дрво од ЈП Македонски шуми и по таа цена е огревното дрво во Бугарија ( 75 лева ) и во Србија ( 4500 динари ). Инаку по приватните складови во Скопје цената на буката е од 2800 до 3000 денари, што за еден KWh изнесува од 1,08 до 1,15 денари/KWh.

