Најдов каталог на лиена печка Арина
http://pecguca.blogspot.com/
Дали некој има искуство со ваква печка?
Што е подобро, според Вашето мислење и искуство?:
1.печката да е целата лиена
2. Да е од лим , а само вратите лиени
3. само од лим
Вака сега.
И гусените камини и од лим имаат свои предности и мани, така да зависи што бараш од каминот или печката.
Јас искрено предностите кои ги имаат гусените камини мислам ни оддалеку не ги оправдуваат недостатоците кои ги имаат.
За предности ете ке речиме дека подолго време зрачат топлина, но од друга страна подолго време им треба да се загреат, што значи и не е некоја предност.
За искористеноста нема ни што да зборуваме , никогаш нема ни да се приближат до лимените од проста причина што начинот на производство им е поинаков. Гледам по рекламите се перчат со некои 80 % искористливост што е научна фантастика за нив. Ако се доближат и до 40% треба да бидете среќни. Па лимените камини со ЕПА 2 стандарди се мачат да стигнат над 50 % искористливост не пак гусените кои се технички векови зад нив.
После друга работа која никој не ја зема во предвид. Прво гусот како гус не е лиено железо туку појма немам ни јас што е. Ама знам дека ако е загреано и наеднаш го оладите ке пукни. А ако пукни толку од него, тешко дека ке го заварите а и ако успеете со специјални гусени електроди никогаш нема да биди како ново. Друго механички се оштетуваат пошто гусот не е еластичен и знае да пукни.
После тие се составувани не се заварувани, а спојовите им се намачкани претежно со кит за да дихтуваат. Е тој кит со тек на време ке падни па ке ви туши од сите страни, што значи ке имате ептен неконтролирано горење. Далеку од 80% искористливост.
После се тешки еден тон, да треба да го преместиш крв ке проплукаш.
Ајде да речиме како некја предност само ке го спомнам старинскиот изглед кој асоцира на квалитет , на нешто масивно. И многу битен фактор е народот. Едноставно мислат дека гусените камини се супериорни аи самите не знаат зошто. Прво што ке ви спомнат дека багји време топлина зрачеле и дека жар имало до сабајле. И што со тоа ??
Тешко ви е да го запалите каминот другиот ден??
Сепак се работи за вкус а за вкусови не се расправа.