Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам дека пак почнале да се произведуваат трајножаречките печки Крека - Весо:
http://www.helios.com.ba/weso.htm
Овие печки се појавија пред едно 40 - 50 години Имате ли искуство со овие печки? Дали некој има ваква печка уште од „ оние “ времиња?
 
Јас имам, во гаража седи ако сакаш да пробаш кажи ќе ти го поклонам.
 
Да ли има некој искуство со камини?
Камин кој топли 65 квадрати може и повеќе и го користам 15 години никогаш не му паѓа цена во продавниците секогаш се над 350 евра. Трошам 10 метри кубни дрва и цело зимо дома сум во кратки ракави и бос а надвор -20. Не го гаснам навечер ставам едно големо дрво и до сабајле си има жар. Станот ми е без изолација.
Многу се заштедува имам и клима и термо печка, но не е исто накрај на месецот ќе добијам срцев удар кога ќе ја видам сметката за струја која сигурно ќе е 150 евра.

kamin_alfa_rustikal.jpg.jpg

И овој го имаат едни пријатели секогаш кога идам кај нив е +30 степени. И ми се допаѓа тоа што одозгоре се ставаат дрвата и не се прави ѓубре.

PLA-amity.jpg

Добри се и оние што едно време се продаваа на бензинските на Макпетрол сега не знам дали ги има исто одозгоре се ставаат дрва имаат и фурна за печење шарена им е вратичката.
 
Луѓево ги имаше во емисијата Добра идеја на Снежана Лупевска и тврдат дека нивните панели биле најекономични од цела конкуренција и планираат да го освојат европскиот пазар бидејки далеку поголемо количество на топлина се добивало за ист број потрошени киловати од останатите.
http://www.elektropanel.com.mk/elektropanel/index.php
 
Ај прво нека објаснат,или ти објасни ако знаеш како ќе добијат повеќе топлинска енергија со исто потрошени КВ, страшно ме интересира.
 
Луѓево ги имаше во емисијата Добра идеја на Снежана Лупевска и тврдат дека нивните панели биле најекономични од цела конкуренција и планираат да го освојат европскиот пазар бидејки далеку поголемо количество на топлина се добивало за ист број потрошени киловати од останатите.
http://www.elektropanel.com.mk/elektropanel/index.php
Будалаштина! Особено загревањето со панели за таванско греење... кого ќе грееш? Комшијата? Или со зрачење грее ова!? Ги зрачи само предметите нели, а не и луѓето!? Уште поголема будалаштина е цената и потрошувачката на енергија! За 50м2 вели 800 Евра... значи за 100 би чинело 1600 Евра, со потрошувачка до 13Kw!
Со 1600 Евра би можело да се набават 3 инвертери од светска класа (Mitsubishi, Toshiba, Fuji, Daikin) или евентуално два ‘‘јапанца‘‘ во комбинација со еден помалкуквалитетен, како на пр Midea (со Toshiba компресор)....со кои може многу поквалитетно да се загреат 100 квадрати, а притоа да се потрошат просечно 3Kw/h....евентуално + 1Kw за конвектор во купатило.
Снежана Лупевска мислам почна премногу да забегува! Или да го презентира секој што ќе плати! Пара е у прашање! Врв беше она старчето со скарата на сончева енергија... Вели за само 150 Евра сончева скара! А бе стари, па шпорет има за 150 Евра!
Така и ова греењето со панели! Мнооогу ‘‘евтино‘‘ и мнооогу ‘‘икономично‘‘
 
Kако бевте задоволни од неа додека ја користевте?
Никако,дали квалитетот им беше слаб, или имаше нешто утнато во изведбата ама чуреа и димеа од сите страни, нити грее ни бога моли зборам во множина пошто сите што знам дека имаа трајно жаречи таков им беше тоест на 5 шестиот ако беше погоден малку од малку,ама и тие па погодените релниуте не им беа погодени :pos:
Во гаража стои директно на лула, и влече малку од малку.
 
Кажи што конкретно те интересира ?
До сега се греев на ТА печка дневната а во другата соба имам малсен радијатор. Него го вклучував само кога ќе бев во таа соба. ТА ми беше за дневната соба, инаку имам трособен стан, а едната соба ниту ја грејам. Трпезаријата и кујната ми се споени па и од самото готвење + топлината од дневната убо се грејат. Оваа сезона некако ќе поминам на струја но наредната веќе камин или клима со инвертор.
 
Колку пари ќе ме чини едно обично ќумбе на дрва ? :cautious: поздрав

Standardfull400px.jpg
две буриња и цца 200 долари:):)
 
Колку пари ќе ме чини едно обично ќумбе на дрва ? :cautious: поздрав

Бомбона ќумбе, да се спасиш од ‘‘бомбона бизнисот‘‘ :)
http://www.najevtino.mk/p/tim-sistem-diana/103966# 9,400,- Ден
Топлотна сила 10 kw
Вид гориво: дрво, брикети, јаглен
Офарбана во огноотпорни бои
Огноотпотрно стакло на вратата (RobaxSchott)
Грејни простор 70m2
Пречник на одводот за дим 120мм
Тежина 54 кг.
Димензии на ложиштето 90x420x220 (mm)
Димензии 785x378x378 (mm)
или вакво нешто не-обично (со рерна):
http://www.najevtino.mk/p/prity-fg/103955# 16,000,- Ден
Моќ /KW/ 14
Грее 70 m2
Големина ( axbxh /cm/) 57/53/93
Тежина (кг) 120
345_sulusobaprityfgw15_1238879684.jpg

и тоа горе-долу ќумбево убаво оценето во UK http://www.whatstove.co.uk/prity-stoves/prity-fg-w15.html .... а ако е добро за една земја со висок индустриски развој, богата економија, високи стандарди.... зошто да не биде добро и за нас?
Ги нарекуваат камини, а всушност се ќумбиња....
и тоа ќумбиња за мерак! Барем на изглед...
 
Бомбона ќумбе, да се спасиш од ‘‘бомбона бизнисот‘‘ :)
http://www.najevtino.mk/p/tim-sistem-diana/103966# 9,400,- Ден

и тоа ќумбиња за мерак! Барем на изглед...
Би го купил веднаш... само да има претставништво/достава до Струмица... како што гледам Култ е со продавница во Куманово....
 
Би го купил веднаш... само да има претставништво/достава до Струмица... како што гледам Култ е со продавница во Куманово....
Навистина е убаво ќумбево. http://www.timsistem.rs/en/pdf/DIANA_Owners_manual.pdf
Ќе си прашаш утре за достава, или колата, па на пат за Куманово....на задни седишта у кола....го собира ли? 80Цм.... појма немам.
За ‘‘Култ‘‘ незнам ни во СК дали имаат продавница... но за СЕТ (сет-компјутери) http://www.set.com.mk/Flash Page Flip/Free Version/Default.html колку што гледам имаат во Струмица. Погледни го нивниот каталог во ПДФ формат, некаде по ЛЦД-ата... има слично на ова ќумбе - камин, кое чини 8,700 Денари.... и исто убави перформанси!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom