Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Baram sovet. Ako nekoj znae koja firma pravi kvalitetni protocni bojleri neka pise.
 
Baram sovet. Ako nekoj znae koja firma pravi kvalitetni protocni bojleri neka pise.
сименс се лидери во тоа поле...
--- надополнето: 18 август 2012 во 01:33 ---
Во принцип Ariston е солидна фирма за бојлери. Незнам дали она што за овој модел (Ti Shape Plus) производителот го вели: TITANIUM GLASSLINED STEEL INNER TANK TESTED AT 16 BAR.... е некоја предност врз останатите или не, меѓутоа мене на пример многу ми се допаѓаат 3-те мода за програмирање.... особено она за тајмингот, го програмираш еднаш и не се замараш дали си го уклучил или исклучил или не си го сторил тоа. А ова не сум го преплатил премногу во однос на обичниот.... Ќе повторам ме чинеше 6,000 Денари.
и јас го зедов овој бојлер лани пролет... само од 100 литри зедов, толкава потреба имаме... 7000 денари на акција некоја у моментот, во техномаркет... син дисплеј неколку копчиња и програмирање во кој дел од денот ти е потребна која температура во бојлерот... добар е си брка работа.... сега за сега...
--- надополнето: 18 август 2012 во 01:35 ---
иначе, да потсетам, бесплатни совети од тимот на кано инжинеринг околу парно греење и избор. само повелете на нашиот веб сајт и ке најдете контакт форма таму... однапред му благодарам на админот што нема да го избрише ова последново...
 
дечки има некоја најава за излегување на авенџерс на блу-реј ?? :)
 
Знам дека е за греење темава, но не гледам соодветно место да прашам за бољери. Некој да даде предлог за квалитетен бољер, а не овие кршовиве на три години што ги менуваме. И да не троши струја скапа е.
Bojler-na-drva_slika_L_2088484.jpg

Поквалитетни од овај амин. Бакарен казан што значи никогаш нема да се дупни, а и да се дупни по некоја случајност, лесно се лепи. Струја не трошат ич, на дрва се;)
--- надополнето: 19 август 2012 во 23:40 ---
сименс се лидери во тоа поле...
Само со бакарни цевки не со пластични, пошто кога ке се скини мембраната ке го фрлиш цел бољер, а ке се скини порано или покасно. А да и 21 кв е таман, 18 е слаб 24 е премногу јак.
Мојот да не го почудам ова му е веќе 20 година каде работи без проблеми( освем мембраната што се менува од време на време и кошта околку 400 денари).
 
Здраво, би ве замолил за размена на искуства со греење со греачи во постоечки радијатор. Летово го откажавме парното (пред објавата на новиот правилник) и вградивме греачи во постојните (гусени) радијатори.
Во малите радијатори се поставува греач од 1.5 KW а во големите радијатори греач од 2 KW. За стан од 90 квадрати вкупната инсталација на 7 радијатори е 11.5 KW.
Од демонстрацијата (брзо загревање) и инсталираната моќност изгледа како економично греење, дотолку повеќе што греачите откако ќе го загреат радијаторот потоа се исклучуваат и уклучуваат по потреба. За разлика од панелките, радијаторите ја држат температурата и нема потреба од постојано активен греач.
Дали некој има искуство од предтходни години?
 
Инсталирани 11,5Kw, во стан од 90М2... па баш и не ми изгледа многу економично дека ќе биде!? Барем не по-економични отколку истата квадратура да ја грееш преку централно, те топлификација.... Е сега, незнам колку сте бил задоволни кога бевте на централно!? Тоа е ми се чини единствениот бенифит кој ќе го добиете... Инаку не сум баш убеден дека гусот може да помогне во квалитетот на греењето како што на пимер тоа може шамотот и шамотните цигли во ТА печката.... но сепак не би рекол дека овој начин на загревање може да биде нешто многу поекономична од панелите, те конвекторите.... Најповикан е на оваа тема да ти одговори Онак... или КАНО што би рекле.
Едно прашање до тебе, ќе плаќате ли 10 Ден по квадрат (те 900 за 90-те) како што налага законот на регулаторната, те барањето на Топлификација... така имам слушнато дека ќе постапат за оние што се и што ќе се исклучуваат од мрежата. Или пак се лажам дека е така!? Ај можеби утре ќе го урнеме на протести! Да излезеш на протест Јакове.... и за твое добро!
 
Да, мене ми се допадна. Едноставен е, типична драма, на моменти изгледа бавен, ама поради тоа остава дејството да си тече и ликовите да се разработат. Сакав да пишам нешто повеќе кога го гледав, ама очигледно ме мрзело.
 
Не е тој модел, Килиан прашуваше за моделот од 42.000 БТУ, овој на линкот е 24.000. Не знам само зошто Sass мисли дека троши помалку од тоа што го пишал диструбутерот. :confused: http://www.tehnomarket.com.mk/products/09036936/neo-acc-hh42lw-eur
.

Јас размислувам за него но сега размислувам за овај, но не можам да најдам некој да објасни подобро, а кај нас во техномаркет го нема да се види...
http://www.tehnomarket.com.mk/products/09119452/neo-acf-hr-48led-r410a
 
Bojler-na-drva_slika_L_2088484.jpg

Поквалитетни од овај амин. Бакарен казан што значи никогаш нема да се дупни, а и да се дупни по некоја случајност, лесно се лепи. Струја не трошат ич, на дрва се;)
--- надополнето: 19 август 2012 во 23:40 ---

Само со бакарни цевки не со пластични, пошто кога ке се скини мембраната ке го фрлиш цел бољер, а ке се скини порано или покасно. А да и 21 кв е таман, 18 е слаб 24 е премногу јак.
Мојот да не го почудам ова му е веќе 20 година каде работи без проблеми( освем мембраната што се менува од време на време и кошта околку 400 денари).
Чисто онака бакарот е штетен по здравје и јас не би го користел за водоводна инсталација
 
Чисто онака бакарот е штетен по здравје и јас не би го користел за водоводна инсталација
Па како прво сигурно нема да ја пиеш водата од бољерот пошто не е свежа, како второ секој греач или повеќето се обложени со бакарни навлаки, како трето и последно ете гледам сите испоумреа што користеа такви бољери. Дедоми и бабами бог да ги прости си поживеаја добри 90 години а готвеа во бакарни тенџериња или калајдисани( уште поштетни ако земиш така), гезвето за кафе бакарно,мангалот бакарен(тоа е инаку сад во кој се става жар од шпоретот, јаглерод моноксид и диоксид колку да сакаш),бољерот како на сликата им беше, да не набројувам понатака. По некоја твоја математика и логика ако не ги користеа сите тие работи уште ке беа живи и ке имаа некаде 130 години ???
 
Претходно од парното горе-доле бевме задоволни иако редовно догревавме со клима по 21:30 бидејќи имаме мало дете. Парното го плаќавме околу 6.000 месечно, но она што најногу не нервира е неможноста за контрола на трошењето и загревањето во услови кога од 08:00 до 16:00 во станот нема никој, па парното изгледа дека го користиме (плаќавме) само за 3-4 часа во денот.

Сега со исталираните греачи во радијаторите очекуваме да имаме барем контрола на трошењето и користење на парното тогаш кога ни треба.
Во однос на паушалното плаќање - очекуваме да биде прогласено за противуставно.

Инаку инсталираната моќност е 11.5 Kw но секако немора сите соби цело време да бидат загревани (посебно кога сме отсутни во работни денови). Целта на промената ни е да имаме контрола на трошењето која Топлификација не беше волна да ни ја обезбеди.

Што се однесува до протестите, не гледам некое фајде затоа што немаат конкретни предлози и се плашам дека на крај некој дека ќе ги исполитизира. Од пријатели во регионов знам дека имаме најевтина струја и бензин а со оглед на тоа што и двете зависат од светските пазарни движења не гледам што избор имаме освен повеќе да штедиме. А и не сме многу за жалење кога само ова лето (со годишните одмори во Грција) го помогнавме јужниот сосед со 500 мил. ЕУР.
 
Па како прво сигурно нема да ја пиеш водата од бољерот пошто не е свежа, како второ секој греач или повеќето се обложени со бакарни навлаки, како трето и последно ете гледам сите испоумреа што користеа такви бољери. Дедоми и бабами бог да ги прости си поживеаја добри 90 години а готвеа во бакарни тенџериња или калајдисани( уште поштетни ако земиш така), гезвето за кафе бакарно,мангалот бакарен(тоа е инаку сад во кој се става жар од шпоретот, јаглерод моноксид и диоксид колку да сакаш),бољерот како на сликата им беше, да не набројувам понатака. По некоја твоја математика и логика ако не ги користеа сите тие работи уште ке беа живи и ке имаа некаде 130 години ???
Ако бил здрав бакарот немаше да се исфрли од употреба и старите бабати и дедоти не џабе ги калаисувале бакарните тенџериња
 
Предупредување за тие кои сакаат да се исклучат од системот на АД Топлификација!
Рокот за поднесување на барање за исклучување е до 30 август. Така да тие што планираат да се исклучат нека побрзаат. Сега, со барањето за исклучување е потребна и согласност од Заедницата на сопственици
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom