Одлични совети за поголем степен за искористување при греењето, те оптимално искористување на огревното дрво!
Друго нешто сакав да искоментирам. Истава тема оди и на Канак5 ТВ.... кукаат луѓево на централното греење највеќе, т.е. на самоволието на Топлификација..... но ми падна вака многу смешно (иако и трагично) јавувањето на една теткица, која вели по енормните сметки за индивидуалното парно (на ел енергија) кои сметки надминувале 20,000 Денари - месечно, годинава решиле да купат печка на ‘‘Еко-шпар‘‘ на пелети нели... која ги чинела 80,000 Денари.... и објаснува како иако во РМ имало повеќе производители на пелети единствен дистрибутер те единствено место каде можеле да се набават бил Макпетрол. Да повторам вели теткицава која се јави во емисијата иако јас мислам дека ги има или имаше во Хубо маркет!?.... значи натаму вели таа: ај што е еден дистрибутер, па и таму ги немало доволно, дека давале само кеса-две!
Ако е така како што вели, СТРАШНА РАБОТА! НАВИСТИНА СТРАШНА! Доколку не се обезбедува гориво за печкиве (како што е ветено) тогаш фирмата дистрибутер или производител ли е!?..... на печкиве треба да се запали, комплетно со инвентар, рекламни материјали во кои лажат, документација, дозволи за дистрибуција, хартии-мартии......СЕ!... За да се греат клиентите кои платиле ЕНОРМНО високи цени за печките.... 80К и да ти речат неможеме да ви обезбедиме! А кога ќе можат? Во Мај!? ТРАГЕДИЈА!