Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
eве... ама не е целиот текст...или уште поубаво дај ни линк па да прочитаме. .....
Аман со овие пелети више митологија! Не давај линк! Шо ќе ни е!
Изолација одлична и топлотни или термо- пумпи му е мајката! Квалитетен и добар инвертер од поновите генерации!
Со COP фактор 4-5!
Не, ајде биди добар и во кратки црти кажи што пишува во Дневник и кое би било најисплатливо затоплување според нив?
можам на кратко да ти појаснам па сам да прерачунаш... значи есапот за потрошувачка е точен, за 70-тина квадрати стан е околу 4500 месечно-просечно израчунато за сите грејни денови. муабетот е дека кога се спомиња инвертор клима сите се фаѓаат за 3,5 киловатната и сите ја тураат во дневна соба, па као демек ги држат вратите од дневна према другите соби отворени и таму влага топло и на крај се фалат со сметка која не проаѓа повеке од 50 евра месечно.... да не се лажеме. вие греете една соба т.е. само дневната. ставете инвертори во сите соби па и во купатилото и постигнете собна температура онолку колку што е во дневната, па ке видите колкав ке биде рачунот, затоа што парно греењето, подразбира грејни тела ВО СИТЕ ПРОСТОРИИ вклучувајки и купатило и гостинско вц, и кујна и една спална и друга спална(детска) и ходник и се ама буквално се... кога ке поставите инвертори (се разбира со соодветна снага за секоја просторија, како и радијаторите што се пресметуваат за секоја соба посебно) за да добиете ИСТА ТЕМПЕРАТУРА ВО СЕКОЈА СОБА, прво ке добиете инвестиција од повеќе илјади евра т.е. многу повеке одколку да поставите сопствено парно, а понатака и потрошувачката ке ви биде поголема, затоа што снагата која ке ја потрошите ке биде поголема одколку со кано системот, ама помалку од класичен електричен котел или околу анте за танте на топлификација...kanoto e poefikasno duri od inverter klima? Me interesira kako sto ima za klimive cop faktor za sistemive na kano kako se vika toj koeficient i kolkav e?
И на селектор да се префрлиш џабе, купи си камин и секирата вежбање трицепс цепење дрваСо електричен котел на парно е дефинитивно најскапо, последнава сметка ме шокира скоро 140 евра за 40 квадрати да затоплам и тоа не преку целиот ден, сега го исклучив парното и се префрлив на конвектори.
eве... ама не е целиот текст...
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=077DF512F08FE94A8665D3DA80A8872F
во кратки црти според истражувањата на дневник и нивните уредници за нај економично затоплување почнувајки од прво место како нај економично кон последно нај не економично:
-на прво место се пелетите и геотермалните пумпи
-на второ место се кано системите
-на трето место се конвекторите, греачите во радијатор и печки на плин
-на четврто место се дрвата, инверторите, мермерните и гранитни плочи
-на пето место се термо печките и во табелата не напишано ама во текстот понатаму е топлификација
или конкретно ако ја препишам табелата ке биде ваква (изразена во евра по грејна сезона) и да се напомене дека се дискутира за станови или површини од околу 70 метри квадратни:
-дрва 300-500
-пелети 150-200 (во табелата е во денари и по грешка е оставено претпоставувам)
-гасна печка 400
-термо печка 900-1800
-греач во радиатор 600
-кано систем 400
-конвектори 600-800
-мермерни и гранитни плочи 400-500
-клими со инвертор 500
-геотермални 310
она погоре како на список според економија е од мене тука на форум скоцкано, со тоа што да напоменам дека за првите две инвестицијата е доста јака затоа и ги ставив на прво место... понатака во текстот и напишано е кој систем одприлика колку кошта..
плус, после излгување на статијава и се јавив на уредничката да и посочам за неколкуте грешки кои се врзани со кано системот... напишано е дека ова е руска подморница, а токму мојот маркетин (дел од него) е заснован на тоа дека кано системот и руските подморници се мноооогу различни, и дека тоа е заблуда мегу народот да се ставата на куп как едно исто... понатака во текстот пишува дека може лугето да си искористат постоеките инсталации кога би се исклучиле од топлификација и дадени цени (ориентациони) за греачи и кано систем... ај за греачи не се замарам, ама за кано системот напишале од 2.000 до 2.500 евра што е апсурд... за 70 квадрати би коштало помегу 900 и 1300 евра... цената пишана во весникот е точна ама за комплет инсталација со се радијатори, цевки, вентили и се друго што е потребно...
очекувам како што ветија во понеделник изданието да има официјално извинување со појаснување за грешките...
ако отвориме опширна тема за кано системот, ке се десат 2 работи:Ок луѓе дајте веќе еднаш да разјасниме некои работи и да се одлучиме кои систем е навистина нај економичен за разлика од огревното дрво.
Јас би се сложил за Инвертер климатизерите, Топлинските Пумпи и Кано системот.
Бидејќи горе долу на сите ни се познати првите две решенија јас би сакал некоја поопширна дискусија околу КАНО системот. Ако навистина се убедам дека е најекономичен ке го "истетовирам логото на КАНО системите и ќе го рекламирам цел мој живот".
п.с КАНО да не ме сватиш погрешно со тоа што го напишав... сериозно го размислувам бидејќи преку глава ми е од размислување за тоа како најидеално да го решам прашањето околу греењето.
Да преминеме на главното:
Пример просторот во кој ќе живеам откако ке се преселам е околу 100 м2 имам отворена дневна+трпезарија+кујна во форма на Г со површина од 40м2, останатите соби се една спална 20м2 и една децка соба 10м2 и две купатила+салон околу 30м2. Имам двојна изолација сендвич зидови + демит фасада со 5цм стиропор. Додека дограмата ми е дрвена Леснина словенска со термопан стакла.
Дневниот простор е Југо-Исток , спалната е Југ едното купатило и децката соба се на Запад додека на север немам ништо или на север е практично само надворешниот салон во куќата.
Кога би ставал Инвертер клими би ставил 3 или 4 клими и тоа 2 од 12000 бту за дневниот простор и по една во останатите две соби да речеме и таму двете да бидат по 12000 бту. Макар што за во најмалата соба би било доволно и 9-10000 бту клима уред.
Целата таа инвестиција би ме коштала 2700 еур со се монтажа од ХИДРО СЕТ (климите се Fujitsu 670 еур една со вклучена монтажа) за 4 клими верувам дека ке добијам и попуст...
Секоја од нив во спецификацијата вели дека троши максимум 900W и е со COP од 4,04 или вкупно кога сите би работеле 3.6Kw на час.
Кога истите би биле уклучени постојано ефективно да би работеле 17 часа дневно тоа би било 60Kw дневно или 1800Kw месечно
Додека Кано системот за тие 100м2 би трошел од 2.5 до 4 Kw (коклу му е COP факторот на Кано системот?) и за него би зел дека ќе работи со максимум 4 Kw ми останува непознато колку време ефективно од прилика во 24 часа би работел? ајде да речеме од прилика исто 17 часа тоа би било приближно исто колку и 4-те инвертери. И инвестицијата за кано системот заедно со радијатори би коштало приближно исто колку и 4 инвертер клими Fujitsu.
Прашањето ми е следно дали е тоа вистина и дали е тоа реало во двата случаи?
Коклу му е COP факторот на Кано системот?
Следно прашање би ми било колку ефективно би работел кано системот и дали автоматски се исклучува откако ќе ја постигне саканата температура?
Дали има варијабилна потрошувачка на енергија?
Дали можам да ја регулирам температурата во секоја соба одделно со што би се намалила и потрошувачката?
Колкав е векот на траење на Кано системот?
Ве молам да отвориме поширока дискусија.
Поздрав,
Oва е вистина... А тоа „ каде каде “ кажувај го за нешто друго.
Се греам четврта сезона со три обични клими, 24 часа на температура 26 степени, цел стан 70 м2. Столарја никаква, пола скапана. Ѕидови, сите фасадни без изолација, полна цигла. Кров, над мене е бетонска плоча. Екстра неповолни услови. Во ови четири сезони никогаш ниедна клима не запрела поради ниски температури. Максимална потрушувачка што досега сум ја имал, заедно со редовната потрошувачка на електрична енергија ми е под 2000 KWh. ( летна потрошувачка меѓу 500 и 600 КWh )
Ова пропаганда за инвертори само придонесува граѓаните да не се префрлуваат на греење со клими - топлотни пумпи и сеуште да купуваат геалки..


веројатно не-грејните месеци сметките за ел енерг. кај тебе не паѓаат под 2500 или евентуално 2000,!?
Сам себе, без потреба, се навредуваш со вакви тврдења. Инверторот не е техничко усовршување со кој климата ќе грее на пониски надворешни температури или со поголема топлотна моќ, туку уред со кој се овозможува рамномерна работа. Климите со инвертор не се исклучуваат кога ќе ја постигнат саканата температура, туку со промена на бројот на вртежи на моторот на компресорот ја намалуваат моќта.Пропаганда !?
Немој со таа терминологија жити се,ќе го уништиш муабетов а ова мислам дека е една од најпродуктивните теми на форумов.
Јас напишав за моето искуство со клими,во еден пост дури и напишав кој вид на клима како се покажал кај мене.Кај мене ретко која обична клима се покажала добра за греење а дури и таа што најдобро се покажала многу послабо грее од инверторите.
Пред да купам клими слушав примери како твојов и затоа земав обични клими и се заебав..Кога сега би земал,сите инвертер би ги земал.
За твојов пример можам само браво да кажам,чим успеваш со обични клими и слаба изолација да се грееш на 26 степени.
А што клими користиш??
Да имаше гасовод ќе размислував да ставам парно ама вака многу скапо ми излегува и инвестицијата и потрошувачката,а за тие што не им важно колку трошат за струја нема поубаво од парно.
Потполно се согласувам со тебе и на сите ја препорачувам оваа комбинација. Во сегашни услови тоа е најдобро решение.За Божиќ немавме струја 5 сати.
Пред и по Божиќ снемуваше струја од 15 минути до сат, сатипол. Не знам дали е во прашање застареноста на опремата, недостаток на искосен кадар, преоптовареност на системот.... али струја немав 5 сати и тоа од кај еден ипол попладне па скоро до 7 вечер. Јас ги живеев и рестрикциите на струја во СФРЈ кога плански се исклучуваа цели региони по неколку сати, и мислам дека не треба да се врзиш само за еден начин на греење без да имаш алтернатива. Што ќе биди в година, што ќе биде ако испадне поголем дефект во системот па останеш и 2 дена без струја?? Јас сум за комбинација камин и систем на клима/инвертер.