Имам куќа на два спрата + поткорвје вкупно околу 180 м2 корисна површина. Имам поставена инсталација за како што викате "топловодно греење" со радијатори вкупно 183 ребра (Алгрета- Ресен) со котел на нафта 35 kW и цистерна од 2,2t, тогаш нафтата беше 11 денари. Како што поскапуваше нафтата 15, 17, 21 ...сега е 57, така се зголемуваше и трошокот за греење.
Пред три години покрај високата цена и неквалитетната нафта, се расипа и бренерот па преминав на електрична енергија, купив котле на струја 24 kW. Тогаш почна и струјата да поскапува така да сега сметките за струја во зимските месеци се 17,000 до 27,000 ден.
Тоа е болката што ја имаме сите ние, сите ресурси поскапуваат и математиката која била пред 5 години сега не вреди ништо. Најлошото е што цената на струјата, нафтата и гасот не зависат од нас и постојано растат и ќе растат се додека не ја достигнат европската цена затоа што натаму се стреми и Македонија нели.
Најдобра и најисплатлива инвестиција во секој случај било да е стан, куќа, деловен простор е добра изолација, со добра изолација се намалува потребниот капацитет, се намалуваат инвестиционите трошоци - потребна е помал систем - а тој систем троши помалку енергија.
Доколку размислувате долгорочно, најдобар избор е топлинска пумпа. И во случај цената на електричната енергија да отиде до небо, вие ќе плаќате 4 пати помалку во однос на електрично котле и котел на нафта. Инвестицијата верувам дека е поголема затоа што електрично котле чини околу 400 евра ова е сигурно повеќе но сето тоа ќе се исплати. Топлинските пумпи за централно греење и ладење не се наменети за да траат 3-4 години туку 15-20 години па и повеќе со редовно одржување така да инвестицијата ќе се врати а се понатаму би било ќар.
Според мене подобра работа се воздушно ладените топлински пумпи од проста причина што се полесни за монтажа, одржување и сервисирање. Пред да се постават геотермалните пумпи потребно е да се направат бушотини да се измери протокот на вода да се постават цевки а сето тоа кошта и не верувам дека е вклучено во цената.
Капацитетот не се намалува. Топлинските пумпи од јакиве компании се сите тестирани, стандардизирани со Eurovent и тоа што го пишува како капацитети е така и не смее да се отстапи од тоа.