Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа што го пишуваш за ифрацрвено греење, греење на ѕидот, предметите а не воздухот или не си го разбрал тој што ти објаснил, или тој нема везе со мозокот.
Греењето со мермерни плочи воопшто не се разликува, од греењето со панели, електрични радијатори и слични грејни тела. Единствена разлика е естетскиот изглед. И ако се одлучиш за мермерни плочи плочи, тоа треба да биде поради естетскиот изглед.
Што се однесува до капацитетот, во малата просторија инсталирај една плоча, а во големата две, сите со моќност од 1.5.
Сепак, моја препорака е за грење да користиш клима уред, бидејќи тој работи на принципот на топлотна пумпа и ќе имаш 2-3 пати помала потрошувачка на електрична енергија .
Знам јас дека најдобро е со клима со инвертер, ама не ми се исплати да ја купувам бидејќи веќе имам клима со сплит систем со која се греам и во декемри и во март. а два месеци јануари - февруари не ми се исплати да купувам 600 евра инвертер клима, и се мислам меѓу некои француски панели термор и ова со мермерниве плочи. Инаку типот кажа дека мермерната плоча го грее зидот и после зидот ја испушта топлината. По ова ти што го кажуваш испаѓа дека иста струја ќе трошам (планирав да земам 1.5 киловатна панелка за помалата соба, и 3 киловатна за во големата), само не знам кое ќе биде поефикасно. Изолацијата е иста и во двете соби.
 
Што е разликата? Јас my movies никад не користев, кога воведоа watchlist, ми беше онака лесно пристапно и слично, и го навикнав. Него, кога веќе исполнуваме желби, би сакал да ја видам екранизирана приказната позади half-life. :)

И јас од една страна, ама од друга пак, предобро е замислена во играта, не сакам да ми ја заебат најдобрата приказна во игра.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Имам куќа на два спрата + поткорвје вкупно околу 180 м2 корисна површина. Имам поставена инсталација за како што викате "топловодно греење" со радијатори вкупно 183 ребра (Алгрета- Ресен) со котел на нафта 35 kW и цистерна од 2,2t, тогаш нафтата беше 11 денари. Како што поскапуваше нафтата 15, 17, 21 ...сега е 57, така се зголемуваше и трошокот за греење.
Пред три години покрај високата цена и неквалитетната нафта, се расипа и бренерот па преминав на електрична енергија, купив котле на струја 24 kW. Тогаш почна и струјата да поскапува така да сега сметките за струја во зимските месеци се 17,000 до 27,000 ден.

Тоа е болката што ја имаме сите ние, сите ресурси поскапуваат и математиката која била пред 5 години сега не вреди ништо. Најлошото е што цената на струјата, нафтата и гасот не зависат од нас и постојано растат и ќе растат се додека не ја достигнат европската цена затоа што натаму се стреми и Македонија нели.
Најдобра и најисплатлива инвестиција во секој случај било да е стан, куќа, деловен простор е добра изолација, со добра изолација се намалува потребниот капацитет, се намалуваат инвестиционите трошоци - потребна е помал систем - а тој систем троши помалку енергија.
Доколку размислувате долгорочно, најдобар избор е топлинска пумпа. И во случај цената на електричната енергија да отиде до небо, вие ќе плаќате 4 пати помалку во однос на електрично котле и котел на нафта. Инвестицијата верувам дека е поголема затоа што електрично котле чини околу 400 евра ова е сигурно повеќе но сето тоа ќе се исплати. Топлинските пумпи за централно греење и ладење не се наменети за да траат 3-4 години туку 15-20 години па и повеќе со редовно одржување така да инвестицијата ќе се врати а се понатаму би било ќар.

Според мене подобра работа се воздушно ладените топлински пумпи од проста причина што се полесни за монтажа, одржување и сервисирање. Пред да се постават геотермалните пумпи потребно е да се направат бушотини да се измери протокот на вода да се постават цевки а сето тоа кошта и не верувам дека е вклучено во цената.

Капацитетот не се намалува. Топлинските пумпи од јакиве компании се сите тестирани, стандардизирани со Eurovent и тоа што го пишува како капацитети е така и не смее да се отстапи од тоа.
Секоја заштеда во трошковите за греење бара инвестиција. Ако одбереш она што е најдобро, ќе потрошиш толку многу пари, па кога ќе пресметаш, ќе видиш дека не се исплатело. Размислувај, пресметувај и инвестирај, чекор по чекор. Одреди, каде слабостите на системот што сега го имаш и полека внесувај подобрувања.
--- надополнето: Sep 28, 2011 12:36 PM ---
Имам размислувано и за тоа, но некако панелите ми изгледаа како подобра варијанта.
Се едно е. Одбери врз основ на цената и естетскиот изглед.
 
Знам јас дека најдобро е со клима со инвертер, ама не ми се исплати да ја купувам бидејќи веќе имам клима со сплит систем со која се греам и во декемри и во март. а два месеци јануари - февруари не ми се исплати да купувам 600 евра инвертер клима, и се мислам меѓу некои француски панели термор и ова со мермерниве плочи. Инаку типот кажа дека мермерната плоча го грее зидот и после зидот ја испушта топлината. По ова ти што го кажуваш испаѓа дека иста струја ќе трошам (планирав да земам 1.5 киловатна панелка за помалата соба, и 3 киловатна за во големата), само не знам кое ќе биде поефикасно. Изолацијата е иста и во двете соби.

Не знам каква ти е ситуацијата, ама можеш да разгледаш да инсталираш уште една обична сплит клима во просторијата што сакаш да ја затоплиш.

Пример http://www.technomarket.com.mk/product_detail.php?product_id=09026057, оваа е НЕО ЛЕД која троши 1,2 КВ, но добиваш 3,5 КВ скоро исто колку и панелите и цената не е лоша, мислам дека и компресорот е Тошиба што е навистина ветувачки за квалитет. Негативно е што мислам дека има проблем со ефикасноста на многу ниски температури.

Јас планирам кај мене така, една поголема инвертер за во дневна и спална по потреба да затоплувам или пак ладам во лето со сличен клима уред.

Чисто информативно која цена се панелите?
 
Панелите се од 4100 за 1 киловат, до 6700 за 3 киловати. Инаку сплит систем не топли на под 0 степени. Затоа и се зема панелкава за да подгрејува кога е ептен ладно, веќе имам сплит клима.
 
Панелите се од 4100 за 1 киловат, до 6700 за 3 киловати. Инаку сплит систем не топли на под 0 степени. Затоа и се зема панелкава за да подгрејува кога е ептен ладно, веќе имам сплит клима.

Топли јас имам Беко сплит и работи и на -10 степени, не со сиот капацитет како на 0 степени ама грее.
 
Знае ли некој да ми каже кои се најдобра марка конвектори што може да се купат кај нас и од каде?
 
Знае ли некој да ми каже кои се најдобра марка конвектори што може да се купат кај нас и од каде?

Не знам дали се најдобри, но во Еуротерм имаат Aermec конвектори.

Овде во Македонија, евентуално уште некој италијански брендови можеш да најдеш, не знам дали има германски.
 
Мали се разликите во квалитет, јас купив од Францускиот производител Thermor 2комада од 2 Kw ..... и задоволен сум еве веќе 3 години!
Инаку има и германски на пазарот кои се исто така добри, од познатиот концерн AEG и од Vaillant...
 
Ги фалат тие Thermor веројанто такви ќе земам ти од кај ги зема гледам по 5300 идат од 2 kw/h?
 
Ги фалат тие Thermor веројанто такви ќе земам ти од кај ги зема гледам по 5300 идат од 2 kw/h?
Graniterm се вика фирмата, прва рака увозници, тие ги сервисираат.... Се наоѓа во Аеродром ‘‘Три бисери‘‘ гравитира према Вардар (од задната страна на зградата) еве ти линк, јави се и прашај за цените, иако мислам дека толкава е цената.
http://graniterm.com.mk/Evidence-Elec.html
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom