Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Знам јас дека најдобро е со клима со инвертер, ама не ми се исплати да ја купувам бидејќи веќе имам клима со сплит систем со која се греам и во декемри и во март. а два месеци јануари - февруари не ми се исплати да купувам 600 евра инвертер клима, и се мислам меѓу некои француски панели термор и ова со мермерниве плочи. Инаку типот кажа дека мермерната плоча го грее зидот и после зидот ја испушта топлината. По ова ти што го кажуваш испаѓа дека иста струја ќе трошам (планирав да земам 1.5 киловатна панелка за помалата соба, и 3 киловатна за во големата), само не знам кое ќе биде поефикасно. Изолацијата е иста и во двете соби.

Не знам каква ти е ситуацијата, ама можеш да разгледаш да инсталираш уште една обична сплит клима во просторијата што сакаш да ја затоплиш.

Пример http://www.technomarket.com.mk/product_detail.php?product_id=09026057, оваа е НЕО ЛЕД која троши 1,2 КВ, но добиваш 3,5 КВ скоро исто колку и панелите и цената не е лоша, мислам дека и компресорот е Тошиба што е навистина ветувачки за квалитет. Негативно е што мислам дека има проблем со ефикасноста на многу ниски температури.

Јас планирам кај мене така, една поголема инвертер за во дневна и спална по потреба да затоплувам или пак ладам во лето со сличен клима уред.

Чисто информативно која цена се панелите?
 
Панелите се од 4100 за 1 киловат, до 6700 за 3 киловати. Инаку сплит систем не топли на под 0 степени. Затоа и се зема панелкава за да подгрејува кога е ептен ладно, веќе имам сплит клима.
 
Топли јас имам Беко сплит и работи и на -10 степени, не со сиот капацитет како на 0 степени ама грее.
 
Знае ли некој да ми каже кои се најдобра марка конвектори што може да се купат кај нас и од каде?
 
Не знам дали се најдобри, но во Еуротерм имаат Aermec конвектори.

Овде во Македонија, евентуално уште некој италијански брендови можеш да најдеш, не знам дали има германски.
 
Мали се разликите во квалитет, јас купив од Францускиот производител Thermor 2комада од 2 Kw ..... и задоволен сум еве веќе 3 години!
Инаку има и германски на пазарот кои се исто така добри, од познатиот концерн AEG и од Vaillant...
 
Ги фалат тие Thermor веројанто такви ќе земам ти од кај ги зема гледам по 5300 идат од 2 kw/h?
 
Graniterm се вика фирмата, прва рака увозници, тие ги сервисираат.... Се наоѓа во Аеродром ‘‘Три бисери‘‘ гравитира према Вардар (од задната страна на зградата) еве ти линк, јави се и прашај за цените, иако мислам дека толкава е цената.
http://graniterm.com.mk/Evidence-Elec.html
 
Дали некој може да ми каже карактеристики за клима уредот LG S12AF/CS12AF?
Бидејки во Нептун велат дека може да грее до -15 степени, истата клима во Техномаркет ја каректеризираат како клима која грее до -5 степени, додека на интернет имам најдено информации дека грее до -10 степени. (малце конфузно)
Доколку некој ја има оваа клима би бил благодарен да сподели искуство
 
одговорот ке го добиеш во ПП... поради прашања кои не се поврзани со темава, поготово со крајно безобразниот и не етички дел, да ми калкулираш колку сум заработил. не се 3 години туку ова е 12-та година, и не сум само јас во фирмава 4 луѓе сме, т.е. 4 фамилии живеат од овој бизнис.

Знам зашто те банирале администраторите поради крајниот безобразен начин на однесување како горе. Викаш дека НЕМА НИКАДЕ ТАКВА ТЕХНОЛОГИЈА во рамки на цена/квалитет како твојата а сепак извезвуваш премногу лимитирано. Верувај, постојат Venture Capitalists огромни за енергија кои ако ова што го кажуваш е точно би инвестирале огромни пари во тебе. Меѓутоа јас не ти верувам поради тоа што а) Одговорот го пишуваш по ПП б) Викаш дека типот е пишал краен безобразен и неетички дел кога целиот твој дел е крајно безобразен и неетички т.е. не даваш доказ за такви големи тврдења за твојот систем.
 
повели кај мене во канцеларија и ке добиеш докази. немам намера да се докажувам со било кого на било кој начин на форуми. ова е форум кој служи за информирање а не за објаснување. значи да добиеш прелиминарен податок а после да си бркаш работа.

значи како што реков и ти и било кој кој е заинтересиран за кано систем а воедно сака да се информира за системот и да добие доказ за неговото функционирање, нека повели во канцеларијата на кано инжинеринг која се наоѓа во сутеренот на зградата на телекабел, спроти тобако 1 во аеродром и ке ги добие сите потребни информации.
 
Дали некој може да ми каже карактеристики за клима уредот LG S12AF/CS12AF?
Бидејки во Нептун велат дека може да грее до -15 степени, истата клима во Техномаркет ја каректеризираат како клима која грее до -5 степени, додека на интернет имам најдено информации дека грее до -10 степени. (малце конфузно)
Доколку некој ја има оваа клима би бил благодарен да сподели искуство
Тие што ти зборувале во дуќаните се продавачи. Мене ми е најсмешно кога објаснуваат дека климите од ист тип, со инвертор греат до -15, а без инвертор до -5.
Да се одреди минималната температура, до која може да работи климатизерот, потребно е да се знаат многу податоци, а тие ни се недостапни на нас како купувачи. Меѓутоа сите клими кој се декларирани за -5 задоволуваат во скопски услови. Во Скопје минимални температури под - 20 С., се јавуваат секоја шеста година, а под - 15 С секои 2-3 години. Просечна надворешна температура е стално во плус и тоа во ноември 7,1 С; во декември 3 С;во јануари 0,4 С; во фебруари 3 С и во март 6,7 С.
Во принцип климите можат да работат до многу ниски температури, но со намалување на надворешната тепература се намалува степенот на корисно дејство.
Затоа зами што ќе одбереш и нека ти е со среќа.
 
Добро бе дали се овие нормални од топлификација .... измрзнавме , на планините, снег во Скопје само што не паднало ... парно нема, а сметки за парно секој месец !!!
 
Не се...само не ми е јасно што се жестиш коа на тоа ќе остане....:)
 
Добро бе дали се овие нормални од топлификација .... измрзнавме , на планините, снег во Скопје само што не паднало ... парно нема, а сметки за парно секој месец !!!
А дали се нормални тие што упорно не се одкажуваат од Топлификација?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom