Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
се во ред тоа ако одиме од фактот колку пари толку музика , можеби и си во право не велам не. мене некако ми бодеше очи заклучокот дека во урбана средина немало тоа што немало па испадна дека сите освем скопјани живеат во рурална средина што во најмала рака е навредливо.
 
Ти реков дека моја погрешна проценка е, те дека не сум бил подалеку од Скопје..... Јас за греењето зборував. Инаку на таа тема, во Техномаркет донеле нова серија на климатизери ЛЕД од кинескиот no-name (всушност има име) NEO. Ги рекламираат дека се со Toshiba компресор. Ако е така тогаш секоја чест! Навистина евтин уред со врвна технологија... реално да зборуваме компресорот е 70-80% од уредот! NEO ACS-HR09LED
КЛИМА СПЛИТ СИСТЕМ
"A" ЕНЕРГЕТСКА КЛАСА
TOSHIBA КОМПРЕСОР
ФРЕОН R410
ЛЦД ЕКРАН
КАПАЦИТЕТ НА ЛАДЕЊЕ 2,78 KW
КАПАЦИТЕТ НА ГРЕЕЊЕ 2,78 KW
ПОТРОШУВАЧКА НА ЛАДЕЊЕ 0,860 KW
ПОТРОШУВАЧКА НА ГРЕЕЊЕ 0,770 KW
Богами ако е навистина вака, секоја чест! При надворешни услови до -7*Ц една добро или просечно изолирана просторија од 15-18М2 би можело квалитетно да се загрева во просек 15-18 часа дневно за скромни 1500-1600 денари месечно! А за останатите 7-10 дена, колку што обично имаме овде *поларни зими* вклучете конвектор. И сега Битолчанецот: Ти си мрднал ли малку подалеку од Скопје, знаеш ли ти во Битола колку време траат поларните температури? Незнам реков за Битола! :helou: ..... Инаку една колешка вели дека 2 НЕО климатизери со компресор Sanyo користат и на -20 нема гајле! Само што не треба да се исклучи од Ноември па се до Април.... во отсуство (на работа) и ноќе вели на одржување температура (програмирано на 21-22), акога се активни на 27-8* Ц и никогаш позатоплени и никогаш пониски сметките за струја.... Но ова - за користење на уредот и на пониски температури од -7 треба да се провери дали е баш така. Секој со својот ум и со сопствен ризик!
Без оглед, за 200 Евра компресор Toshiba - recommendet!
 
ок се реши недоразбирањето.инаку и јас препорачувам клима за преоден период и тоа било која затоа што сите бркаат работа до кај 0 степени.а ко ке фати ладното кој како знае и кој колку може.
 
ок се реши недоразбирањето.инаку и јас препорачувам клима за преоден период и тоа било која затоа што сите бркаат работа до кај 0 степени.а ко ке фати ладното кој како знае и кој колку може.

било која клима може до -5 додека е нова (првите 2 години) после тоа може до -3 да работи безпрекорно...

јас да си јакажам мојата страна... имам викендица и тоа на многу високо место во планина и секако и парно во нејзе и клими во нејзе сум си стваил... нормално нели тоа е мојот професионален ангажаман. зимоска а и претходните зими, кога беше доста ладно и одиме таму го палам и парното а богами и климите за да загрее побрзо. до тука ништо чудно нели, сем моментот општо познат и раскажан во прикаските македонски со наслови: ГРНЧАРОТ ОД СКРШЕНО ГРНЕ ПИЕ, или па онаа другата ОЏАЧАРОТ ИМА КРИВ ОЏАК НА СВОЈАТА КУЌА... е па и кај мене климите се некако вака т.е. во овој стил.... што се нашло по сервизи, прегорел еден дел другиот не и така, па склопувано од неколку за да се добие една, значи имам шаренило од сите марки и модели... на пример надворешна единица е САМСУНГ, а внатрешна единица ФУНАИ-тоа првата, а другата е надворешно КЕРИЕР со внатрешна ПАНАСОНИК, а третатат верувале или не е комплетна и кериер е....

е муабетот е дека електрониките не одговараат една со друга што е многу нормално нели различни производители, различни години на производство и така, но сепак принципот на работа е ист... е сега, бидејки електрониките не работат, и едната и другата немаат ќорав сензор за мерење на параметри, температура, притисок на фреон, температура на компресор... ама баш ништо немаат... и види чудо, не се инвертори, а работат и на -20... ама овие шарениве работат. а онаа кериерот што ми е комплетна нејќе... се вклучуваат сензорите, се гаси, се самозагрева и тн итн... овие двете дуваат ли дуваат без престан... е ако се рачуна за нешто лошо е тоа што од навор на надворешните единици после 2-3 дена работење се појавува сталактит од мраз онака како шпиц од горе до доле, во должина од 1 метар и веројатно тежина од 15-20 кила смрзнат кондензат...

поената на муабетот не ми беше да се пофалам туку да ви кажам дека тоа инвертор не е ништо сем уште едно превртување на цевките низ компресорот да се грее прво сам себе па понатака да не мрзне кобајаги. значи внатре во климите нема ништо посебно повеке одколку кај обичен компресор за секоја клима. секоја клима работи на исти начин, на исти процес на испарување или не испарување. сега некој ке искоментира дека онака како што јас правам го трошам компресорот и го абам бааги побрзо... па сега види вака... ДА се троши повеке со самото тоа што се користи на греење а не на ладење. тие компресори (топлински пумпи) првично се наменети за ладење а не за греење, бидејки повратниот-изладен фреон треба да го излади и компресорот. а кога е на греење такво нешто нема, т.е. не се враќа ладен фреон да го излади, туку напротив и го догрева. затоа момци, ако сакате евтино да се греете, купете половна клима, викнете го чичко КАНО да ви ја монтира и ке грее и на -15 а пази богати не е ни инвертор... а да да не заборавам... и на лето ке лади секако..
 
абе да те видат овие јапонците или кој да се веќе мислам дека ке те стрелаат на лице место хехехехеех.
мајтапот на страна во општа сиромаштија мислам дека онаа народната ЗОРТ ТЕ ТЕРА НА СЕ и те како држи вода. шо не ке му текни на човек
 
Гледам информации на форумот дека клими инвертор произведени во Јапонија го имаат потребниот квалитет за повеќе годишно греење и ладење. Ме интересира мислење дали климите на Тошиба произведени во Тајланд се еднакво квалитетни како оние произведени во Јапонија. Оваа го прашувам бидејќи сум заинтересирана да купам клима Тошиба клима но во продавницата ми рекоа дека климата е произведена во Тајланд па дали тие клими го имаат истиот квалитет.
 
Гледам информации на форумот дека клими инвертор произведени во Јапонија го имаат потребниот квалитет за повеќе годишно греење и ладење. Ме интересира мислење дали климите на Тошиба произведени во Тајланд се еднакво квалитетни како оние произведени во Јапонија. Оваа го прашувам бидејќи сум заинтересирана да купам клима Тошиба клима но во продавницата ми рекоа дека климата е произведена во Тајланд па дали тие клими го имаат истиот квалитет.



Се надевам ке ти одговори и Онак, постручно од мене секако.... но ќе си дозволам и јас да коментирам од аспект што јас би направил.
Мое мислење значи (што немора да биде точно) Тошиба инвертори произведени на Тајланд, не се толку квалитетни како оригиналните јапонски. Веројатно тоа е политиката на фирмата за одредени пазари да произведуваат во нивна ф-ка на Тајланд или Малезија или Кина каде што има Панасоник свои фабрики .... Веројатно се работи за нијанси, но сепак мислам дека има разлика во квалитетот. Toshiba е реномирана фирма и докажана во светот на климатизацијата и греењето, но сепак би те предупредил да размислиш те да направиш споредба со климите со врвна технологија произведени во Јапонија, а ги има во нашето соседство. Убаво е овдека да се купува, плаќа данок... и тн, но за воља на вистината многу грда дестинација сме кога се климите-инвертори во прашање. Бугарија, Грција.... а богами и Србија се со многу подобра понуда и со многу пониски цени од нашите. Mitsubishi, Daikin, Fujitsu (климатизери-инвертори оценети како подобри од Toshiba се со цени од 600-650 Евра).... Ако не е тајна која цена е инверторот од Тошиба кој ти го понудива? Кој модел? Колкава снага?..... Доколку е во таа ценовна класа, јас би се решил за првата варијанта..... или евентуално за инвертор Fujitsu, кој за 630 Евра го нуди фирма која неможам никако да запомнам како се вика. Позади собрание на РМ паралелно со Леснина, Краш.... го има на излог - убавецот Фуџитсу (би требало да е оригинал јапонски) 3,8/3,2 Kw со солиден COP, кој овозможува економично греење и потрошувачка помала од 1 Кв/час.... Во секој случај: Salvo Errore - се оградувам од погрешка! Распрашај се повеќе, гуглај..... тоа!
 
Фала на одговорот. Климатизерите Тошиба ги видов во Енергија (http://www.energija.com.mk/) каде имаат модел на промоција за 49990 со вклучена монтажа, мисалм дека моделот е AvAnt 3.5kW
 
Фала на одговорот. Климатизерите Тошиба ги видов во Енергија (http://www.energija.com.mk/) каде имаат модел на промоција за 49990 со вклучена монтажа, мисалм дека моделот е AvAnt 3.5kW

две работи ке ти кажам... првата е дека се согласувам со др.змиго дека јапан се по квалитетни од тајван. како и да е и јапан и тајван се за 5 скали подобри од било кој кинез.

втората работа е дека енергија не продава чкарт... ама не е ни евтино кај нив. секако дека велат колку ке платиш толку ке добиеш (клатиш), но сепак според мои отценки енергија се малку поскапи од другите.

неможам да кажам ни не ни да, за тоа дали можеби во игра е квалитетот... значи можно е они да го имаат врвот на квалитетот па заради тоа и се по соленки малку, но неможам да потврдам, бидејки енергија има свои вработени и договори со одредени фирми за монтажа. практично е невозможно јас да влезам во кругот на тие луге кои монтират за да знам со кој квалитет се. ако би бил во тој круг на монтажи, секако ке имам податоци и за евентуални расипувања и мани на она што енергија го продава како продукт, а воедно и ке имам пристап до растурени-расштрафени клими за да видам како се изведени и со кој квалитет се изработени... значи да повторам, незнам но сепак претпоставувам дека се работи за врвен квалитет.

еден репер да кажам е дека тошибата е стварно добра клима, но КЕРИЕРОТ е врв на врвовите од издржливост. сепак кериер е исклучиво амерички продукт. јас спомнав некаде дека поседувам 2 надворешни единици од кериер кои работат и се во функција... можеби не сум спомнал но едната е со година на производство 1989-та а тоа се 23 години... па сега видете си вие... и да и овој податок... обична-нормална или нова клима надворешната единица тежи помеѓу 31 и 37 килограми... кериоерот тежи нешто над 80... тоа е повеке од дупло метал вграден во нив на иск различни места (компресор, хладњак, трафоа и слично..)
 
Ви благодарам на одговорот. Се мислевме помеѓу Panasonic клима уредот што е на промоција во Техномаркет и Тошибата (иста цена се). Но како што стојат работите најверојатно ке ја земеме Тошибата Поздрав
 
Се сложувам дека Toshiba добар избор.... многу подобар од кинескиот Panasonic. Но сепак ќе повторам: Погледнете ја понудата од комшии.... Еве еден пример:
http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/mitsubishi--heavy-srk/src---20-zj-s-148.html#

Овој модел на Mitsubishi има навистина предобри карактеристики:
EER 4.55
COP 4.35
максимална испорачана снага на уредот до 3,9 Kw потрошувачка на ел, енергија од 0,27-1,38Kw/h (0.64 просечно)
Секако: "Made in Japan"
има тука (на истата Web-страна уште многу интересни модели. А Богами и цените им се интересни!
 
... или евентуално за инвертор Fujitsu, кој за 630 Евра го нуди фирма која неможам никако да запомнам како се вика. Позади собрание на РМ паралелно со Леснина, Краш.... го има на излог - убавецот Фуџитсу (би требало да е оригинал јапонски) 3,8/3,2 Kw со солиден COP, кој овозможува економично греење и потрошувачка помала од 1 Кв/час....

Fujitsu климатизерите што ги продават позади собранието на РМ (продавницата се вика Јорк) се произведени во кина по лиценца на Fujitsu
 
Здраво!
Извини за тоа дека така лошо пишувам на македонски.
Ама преведувам на интернет - преведувач.
Да се ​​претстави!
Моето име е Пламен.
Инженер сум - Греење, вентилација и климатизација.
За термосифонните инсталации:
Тремосифонното грее работи на принципот на топлинската цевка.
Не е важно што е супстанцата што се пренесува топлината.
Може да е вода,
разладно средство
или друго средство.
Пример:
Во Индија, англиската армија користела термосифона пред 200 години
за печки за печење на леб
тогаш работното материја е хемиски елемент - жива - Hg!
Предноста е во тоа дека:
не е важно од изворот на енергија
потрошувачката на енергија и температурата се контролираат од самиот процес природно
Во моментов има неколку германски фирми кои
произведуваат клима за греење
и производство на пареа за индустриски потреби
тие работат со јаглерод диоксид-CO2
Како се извинувам уште еднаш
дека така лошо пишувам на македонски
останувам со почит
Пламен

--- надополнето ---

Здраво!
От Софија с'м.
Ама би сакал да се запознаеме!
Ти од каде си?
 
Fujitsu климатизерите што ги продават позади собранието на РМ (продавницата се вика Јорк) се произведени во кина по лиценца на Fujitsu



Ти кажа Онак што мисли за кинеските инвертори, а тој е стручен во оваа област.... Значи Кинез бил овој Fujitsu инвертор!?
Тогаш нема дилема (не би требало ни за тебе да има) најдобрата понуда на квалитетен инвертор овдека во РМ дефинитивно е твојот избор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom