Најекономично греење и ладење

Член од
18 мај 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Гледам информации на форумот дека клими инвертор произведени во Јапонија го имаат потребниот квалитет за повеќе годишно греење и ладење. Ме интересира мислење дали климите на Тошиба произведени во Тајланд се еднакво квалитетни како оние произведени во Јапонија. Оваа го прашувам бидејќи сум заинтересирана да купам клима Тошиба клима но во продавницата ми рекоа дека климата е произведена во Тајланд па дали тие клими го имаат истиот квалитет.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Гледам информации на форумот дека клими инвертор произведени во Јапонија го имаат потребниот квалитет за повеќе годишно греење и ладење. Ме интересира мислење дали климите на Тошиба произведени во Тајланд се еднакво квалитетни како оние произведени во Јапонија. Оваа го прашувам бидејќи сум заинтересирана да купам клима Тошиба клима но во продавницата ми рекоа дека климата е произведена во Тајланд па дали тие клими го имаат истиот квалитет.


Се надевам ке ти одговори и Онак, постручно од мене секако.... но ќе си дозволам и јас да коментирам од аспект што јас би направил.
Мое мислење значи (што немора да биде точно) Тошиба инвертори произведени на Тајланд, не се толку квалитетни како оригиналните јапонски. Веројатно тоа е политиката на фирмата за одредени пазари да произведуваат во нивна ф-ка на Тајланд или Малезија или Кина каде што има Панасоник свои фабрики .... Веројатно се работи за нијанси, но сепак мислам дека има разлика во квалитетот. Toshiba е реномирана фирма и докажана во светот на климатизацијата и греењето, но сепак би те предупредил да размислиш те да направиш споредба со климите со врвна технологија произведени во Јапонија, а ги има во нашето соседство. Убаво е овдека да се купува, плаќа данок... и тн, но за воља на вистината многу грда дестинација сме кога се климите-инвертори во прашање. Бугарија, Грција.... а богами и Србија се со многу подобра понуда и со многу пониски цени од нашите. Mitsubishi, Daikin, Fujitsu (климатизери-инвертори оценети како подобри од Toshiba се со цени од 600-650 Евра).... Ако не е тајна која цена е инверторот од Тошиба кој ти го понудива? Кој модел? Колкава снага?..... Доколку е во таа ценовна класа, јас би се решил за првата варијанта..... или евентуално за инвертор Fujitsu, кој за 630 Евра го нуди фирма која неможам никако да запомнам како се вика. Позади собрание на РМ паралелно со Леснина, Краш.... го има на излог - убавецот Фуџитсу (би требало да е оригинал јапонски) 3,8/3,2 Kw со солиден COP, кој овозможува економично греење и потрошувачка помала од 1 Кв/час.... Во секој случај: Salvo Errore - се оградувам од погрешка! Распрашај се повеќе, гуглај..... тоа!
 
Член од
18 мај 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Фала на одговорот. Климатизерите Тошиба ги видов во Енергија (http://www.energija.com.mk/) каде имаат модел на промоција за 49990 со вклучена монтажа, мисалм дека моделот е AvAnt 3.5kW
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Фала на одговорот. Климатизерите Тошиба ги видов во Енергија (http://www.energija.com.mk/) каде имаат модел на промоција за 49990 со вклучена монтажа, мисалм дека моделот е AvAnt 3.5kW
две работи ке ти кажам... првата е дека се согласувам со др.змиго дека јапан се по квалитетни од тајван. како и да е и јапан и тајван се за 5 скали подобри од било кој кинез.

втората работа е дека енергија не продава чкарт... ама не е ни евтино кај нив. секако дека велат колку ке платиш толку ке добиеш (клатиш), но сепак според мои отценки енергија се малку поскапи од другите.

неможам да кажам ни не ни да, за тоа дали можеби во игра е квалитетот... значи можно е они да го имаат врвот на квалитетот па заради тоа и се по соленки малку, но неможам да потврдам, бидејки енергија има свои вработени и договори со одредени фирми за монтажа. практично е невозможно јас да влезам во кругот на тие луге кои монтират за да знам со кој квалитет се. ако би бил во тој круг на монтажи, секако ке имам податоци и за евентуални расипувања и мани на она што енергија го продава како продукт, а воедно и ке имам пристап до растурени-расштрафени клими за да видам како се изведени и со кој квалитет се изработени... значи да повторам, незнам но сепак претпоставувам дека се работи за врвен квалитет.

еден репер да кажам е дека тошибата е стварно добра клима, но КЕРИЕРОТ е врв на врвовите од издржливост. сепак кериер е исклучиво амерички продукт. јас спомнав некаде дека поседувам 2 надворешни единици од кериер кои работат и се во функција... можеби не сум спомнал но едната е со година на производство 1989-та а тоа се 23 години... па сега видете си вие... и да и овој податок... обична-нормална или нова клима надворешната единица тежи помеѓу 31 и 37 килограми... кериоерот тежи нешто над 80... тоа е повеке од дупло метал вграден во нив на иск различни места (компресор, хладњак, трафоа и слично..)
 
Член од
18 мај 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ви благодарам на одговорот. Се мислевме помеѓу Panasonic клима уредот што е на промоција во Техномаркет и Тошибата (иста цена се). Но како што стојат работите најверојатно ке ја земеме Тошибата Поздрав
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Се сложувам дека Toshiba добар избор.... многу подобар од кинескиот Panasonic. Но сепак ќе повторам: Погледнете ја понудата од комшии.... Еве еден пример:
http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/mitsubishi--heavy-srk/src---20-zj-s-148.html#

Овој модел на Mitsubishi има навистина предобри карактеристики:
EER 4.55
COP 4.35
максимална испорачана снага на уредот до 3,9 Kw потрошувачка на ел, енергија од 0,27-1,38Kw/h (0.64 просечно)
Секако: "Made in Japan"
има тука (на истата Web-страна уште многу интересни модели. А Богами и цените им се интересни!
 
Член од
18 мај 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
... или евентуално за инвертор Fujitsu, кој за 630 Евра го нуди фирма која неможам никако да запомнам како се вика. Позади собрание на РМ паралелно со Леснина, Краш.... го има на излог - убавецот Фуџитсу (би требало да е оригинал јапонски) 3,8/3,2 Kw со солиден COP, кој овозможува економично греење и потрошувачка помала од 1 Кв/час....
Fujitsu климатизерите што ги продават позади собранието на РМ (продавницата се вика Јорк) се произведени во кина по лиценца на Fujitsu
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
37
Поени од реакции
18
Здраво!
Извини за тоа дека така лошо пишувам на македонски.
Ама преведувам на интернет - преведувач.
Да се ​​претстави!
Моето име е Пламен.
Инженер сум - Греење, вентилација и климатизација.
За термосифонните инсталации:
Тремосифонното грее работи на принципот на топлинската цевка.
Не е важно што е супстанцата што се пренесува топлината.
Може да е вода,
разладно средство
или друго средство.
Пример:
Во Индија, англиската армија користела термосифона пред 200 години
за печки за печење на леб
тогаш работното материја е хемиски елемент - жива - Hg!
Предноста е во тоа дека:
не е важно од изворот на енергија
потрошувачката на енергија и температурата се контролираат од самиот процес природно
Во моментов има неколку германски фирми кои
произведуваат клима за греење
и производство на пареа за индустриски потреби
тие работат со јаглерод диоксид-CO2
Како се извинувам уште еднаш
дека така лошо пишувам на македонски
останувам со почит
Пламен

--- надополнето ---

Здраво!
От Софија с'м.
Ама би сакал да се запознаеме!
Ти од каде си?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Fujitsu климатизерите што ги продават позади собранието на РМ (продавницата се вика Јорк) се произведени во кина по лиценца на Fujitsu


Ти кажа Онак што мисли за кинеските инвертори, а тој е стручен во оваа област.... Значи Кинез бил овој Fujitsu инвертор!?
Тогаш нема дилема (не би требало ни за тебе да има) најдобрата понуда на квалитетен инвертор овдека во РМ дефинитивно е твојот избор.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
кој те излажа да ставиш таванско, комшијата што живее спрат над тебе? :helou:..... И што има тука убаво во: Вклучуваш во Ноември (веројатно мислиш Октомври!?)... а исклучуваш во Април? (Без исклучување навечер и кога нема никој дома!!!) Навистина негледам што е убаво да ми го грее станот кога нема никој дома од 8,00 до 16,00!? ... Моите комшии што имаат инсталирано вакво греење, плаќаат сметки по 8-9,000 месечно за еднособен стан, а живи незагреани!.... Ми се чини за ваков тип греење треба висина поголема од 3м и дека е само за деловни објекти.... Сепак малку знаеме физика, а таа не учи каде оди топлиот воздух - горе, кај комшијата!
Jas ti kazuvam od iskustvo od 20 godini deka gree parnoto i nema vrska so taa tvoja fizika zatoa sto toa ne e klasicno parno i jas ziveam vo kuka a ne vo stan i nema problem, ako sakas ti mozes da go isklucis ama ne moze da postigne temperatura koga e mnogu ladno nadvor. panelite sto great ne se zeski tuku malku se zagreani i gi zagrevaat premetite i telata a ne vozduhot zatoa nema vrska so tvojata fizika. edinstven problem e sto e skapo jas so 9000 denari zagrevaam 2 spalni i dnevna kolku za primer da ti kazam, ne znam samo dali zboruvame za istata instalacija mozebi stanuva zbor za razlicen tip na grenje
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Jas ti kazuvam od iskustvo od 20 godini deka gree parnoto i nema vrska so taa tvoja fizika zatoa sto toa ne e klasicno parno i jas ziveam vo kuka a ne vo stan i nema problem, ako sakas ti mozes da go isklucis ama ne moze da postigne temperatura koga e mnogu ladno nadvor. panelite sto great ne se zeski tuku malku se zagreani i gi zagrevaat premetite i telata a ne vozduhot zatoa nema vrska so tvojata fizika. edinstven problem e sto e skapo jas so 9000 denari zagrevaam 2 spalni i dnevna kolku za primer da ti kazam, ne znam samo dali zboruvame za istata instalacija mozebi stanuva zbor za razlicen tip na grenje
Не, не... токму за таванско греење станува збор како вели соседот од најновата генерација (го инсталира пред 2-3 години) во дневна, во една спална, во ходникот WC-то, мало кујниче и сметката за струја од Ноември до Март блиску до 9,000, а станот како реков погоре мал цца 42-3 М2.... инаку самиот си ги кажа слабостите на овој тип греење: при ниски температури неможе да постигне температура (затоа мора нон-стоп да е вклучено).... не е економично те скапо е, а ако примети тема на потфорумот е ЕКОНОМИЧНО ГРЕЕЊЕ (ЗАГРЕВАЊЕ ПРОСТОРИИ)..... ги загреваат предметите а не воздухот!? Тоа значи нешто слично како микро-таласна печка: нешто зрачи и загрева садот ладен, а месото испечено!? Ова обратно би требало да биде!? Ги загрева предметите..... а главата човечка ја загрева ли? Или таа не е предмет, па не ја загрева? Јас сум висок 192, таванот ми е на висина 240, значи помалку од 50 цм до грејното тело....!? Е сега не стојам јас дома постојано, но човек кога нешто работи во кујна спрема лапачки, чисти, мие садови, пегла .... на пример се случува и со саати да стои! Па види пријателе, не би ми било убаво чуството главата да ја држам на 50 цм од грејно тело, колку и тоа да не испушта голема топлина, сепак зрачи нешто како што велиш, а тоа нешто не би сакал да го осетам во својата глава, верувај ми.... или замисли ситуација детско креветче на спрат со висина 160-170, детето ќе спие на 60-70 цм од грејното тело што зрачи, или навечер нема да загреваш!?.... Што не оди не оди!
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Edno prasanje dali e dobro vo montazna kuca koja mislam da ja napravam od 30 kvadrati na pokrivot da se stavat solarni paneli edniot da ja gree vodata vo bojlerot od 50 litri i vo zima da raboti na struja ( ke mi treba voda skoro non stop )poradi toa sto nema mnogu sonce togas a drugiot panel da bide za klima mi treba za ladenje preku leto ....sto e najdobro za zimno vreme ovie kuci bi trebalo da imaat dobra izolacija ali sepak treba da se zagrejat vo zima sto da stavam vo dilema sum ?Ili da se gream i vo zima so klima ( za ducan mi e )
I kolku bi izleglo ova so panelite znaci dva paneli montirani na pokriv na ducan od 30 kvadrati ???
 
Член од
17 ноември 2010
Мислења
21
Поени од реакции
1
Барам совет, во план сум да купам инвертор клима, чија главна намена ќе биде греење.
Препорачајте некој модел што може да се најде овде.
Просторот ми е околоу 55 квадрати, се бара ефикасност и квалитет.
Фала.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
На овие температури прашуваш за греење.... кажи ти како да се разладиме на тропскиве горештини!?
На прашањето твое сега.... малку погоре ГабиА кажува каде може да се набави Toshiba AvAnt инвертор 3,5Kw .... во Енергија: (http://www.energija.com.mk/) иако произведени во Таиланд, изгледа дека се најдобар избор во МК....Но таква една машина е прилично скапа - 50,000,- Ден..... Во секој случај подобар избор од *кинеските Панасоници* кои што се нудат во нашата трговска мрежа.... од нив дури и нашиот Фонко-климатизери по мене е подобар избор (користат оригинал Mitsubishi компресор, значи добар избор би бил и инвертер од Фонко.... е сега за цената незнам, но ми се чини многу помалку од 50,000 Денари колку што чини Tosiba 3.5 во *Енергија*.....
Инаку по којзнае кој пат ќе кажам, многу лоша дестинација сме за инвертори и клима уреди - ем нема избор а од она што има е ИЗГОР скапо! ... За тие пари (50,000 - 800+ Евра) во Бугарија на пример (мислам и во Србија се слични цените) можеш да купиш фантастично добар бренд на инвертор-клими, оригинал, proizvedeni vo Japonija - квалитет сам за себе од марките Daikin и Mitsubishi - единствени климатизери инвертори кои специјализирани списанија и сајтови кои обработуваат тема греење ги препорачуваат за таа намена.... натаму исто многу квалитетни и за греење инвертори Made in Japan : Fujitsu, Toshiba, Sharp..... и тн сите редум со цени од 600-800 Евра оние од 2,8 до 4,5 kW.... се разбира не најновите модели со многу иновации, но сепак врв на техниката!
Со таков избор можеш да си ја накривиш капата - да уживаш квалитетно греејки 30-тина М2 (една поголема или ако има услови две помали простории).... и воопшто нема да треба да размислуваш наредните 10-15 години за греењето (освен понекој редовен сервис за контрола, чистење на филтерот и менување фреон веројатно, но не би требало за квар!).... при што за тоа задоволство (ако имаш просечна или добра изолација и исто такви прозори) би плаќал на ЕВН (само за греењето се разбира) толку колку за *кабловска* - 1,200 - 1,500, Денари месечно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom