Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
"I wanted to be cool for one night. I wanted girls to notice me. Then things got a little out of control."

Zosto da ne se potcetime na ova M : )
Batali golotija pusti porno interesen koncept bev napalen ko Ez jako film4e hihihihi

Gree ви се мачка во вреќа сценарио, и искрено не ја гледам разликата однос цена/квалитет. Mitsubishi SF серија, -15С, 5KW e 100Е поскапа од Gree, нема никаква логика да не се одбере проверен бренд кога се дава 45к+ за клима а разликата е 12% во однос на цена.
 
Грее Ломо 5kw 45,990 ден.
Митсубиши СФ 50 72,386 ден.
-------------------------------------
разлика 26,396 ден. (427 евра)

Научи математика.
 
Gree ви се мачка во вреќа сценарио, и искрено не ја гледам разликата однос цена/квалитет. Mitsubishi SF серија, -15С, 5KW e 100Е поскапа од Gree, нема никаква логика да не се одбере проверен бренд кога се дава 45к+ за клима а разликата е 12% во однос на цена.

Кога ќе бидат Мицубиши навистина смао 100 евра поскапи, ќе купам. Сега за сега, цените им се претерано високи. Ама ако некој почнал да нуди Мицубиши со нормални цени, те молам сподели.
 
И јас барам нова клима во мометов, втора, за спалната+детската плус ходникот. Ќе пишам ако налетам на нешто. Сега за сега, само Гри ми е испорбано и со најдобар однос цена/квалитет.
Уххх...еве вака и јавно ке те прашам пошто, ко ми бараше телефони за Гри пред 2години, накрај си ми напишал дека ни Гри ни вивакс и дека те частеле Тошиба сузуми, на темава имаш напишано дека имаш GEEI, и накрај на странава дека имаш Грее.
Побогу што клима имаш ?
 
Не успеав да најдам посебен пост за бојлери (проточни), па овде ке пишам. Ако има поприкладно место нека биде преместен коментаров.

Значи сакам во новиот стан да ставам проточен бојлер. Она што знам е дека на автоматските осигурачи пишува 10А и 16А. Е сега кај бојлериве што ги гледам, по спецификација им пишува на едниот 32А, на вториот 40А. Значи нешто најверојатно ќе треба да се менува. Прашањето ми е што треба да се смени? И од прилика колку би чинело?

Второ, не знам што е разликата во моќност. Едниот е 18/21 кВ, вториот е 24/27 кВ. Вака по описот исто ми делуваат.

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_77&product_id=205087

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_77&product_id=215165
 
@zoraxe правец ЕВН они ќе ти објаснат најубаво, ама тешко таков бојлер во станот да ставиш ако немаш барем 5х6мм довод до осигурачите
 
Не успеав да најдам посебен пост за бојлери (проточни), па овде ке пишам. Ако има поприкладно место нека биде преместен коментаров.

Значи сакам во новиот стан да ставам проточен бојлер. Она што знам е дека на автоматските осигурачи пишува 10А и 16А. Е сега кај бојлериве што ги гледам, по спецификација им пишува на едниот 32А, на вториот 40А. Значи нешто најверојатно ќе треба да се менува. Прашањето ми е што треба да се смени? И од прилика колку би чинело?

Второ, не знам што е разликата во моќност. Едниот е 18/21 кВ, вториот е 24/27 кВ. Вака по описот исто ми делуваат.

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_77&product_id=205087

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_77&product_id=215165
Па не се исти, едниот е појак. Ама не се само осигурачите, за озбилен проточен бојлер ке ти треба и озбилен трофазен кабел, на пр. 5х6мм2, препорачливо и 40А/ 50мА ФИД склопка. Исто треба и до таблата со осигурачи да имаш озбилен доводен кабел. Најдобро тоа да го види некој што знае, опасно е да се игра со толкави снаги во куќна инсталација без стручен надзор од некој што навистина знае.
Едит: еве и погоре Јамаха ти го пишал истото
 
Еве го моето искуство со Greemak и монтерот Зоки (истиот кој монтирал и кај @Vanlok ) поради неговото позитивно искуство со споменатите субјекти и јас се одлучив за истата комбинација:

Купив 2 Gree Cozy 3.5kw и 1 Gree Lomo 5kw, добив одреден попуст.

Иако Зоки се понуди да ми го донесе до дома јас инсистирав сам да си ги земам од магацин. Ден после уплатата подигнав 2 клими, 3тата ја земав 3 дена после уплатата (се царинела).

Со Зоки се договоривме неколку дена да доаѓа на монтажа - еден ден дојде да ги демонтира старите 2 клими, и секој ден потоа да монтира по една. Така и беше, секој ден точен на време (некој ден дури и некоја минутка порано), си ја сработи работата како што беше договорено, сосе вакумирање сосе сите марифети, човекот си ја знае работата и не се маткаше воопшто да губи време, баш како што треба.

Инсталациите се сосема културно изведени, климите од сите 30 минути што ги пробав работат како што треба.

Сè на сè позитивно искуство и препорака.

Пред истекот на првата година од инсталација треба да го викнам Зоки да ги исчисти и провери климите (цена на услугата 800 денари по клима) и да удри печат на гарантниот лист, така гаранцијата се продолжува на дополнителни 4 години.

За Gree се одлучив бидејќи Vivaxot овде беше спомнат како тапа, исто и некој модел на Daikin, а и Daikin-ите беа нешто поскапи. Дали згрешив или не времето ќе покаже, се надевам дека климите ќе служат добро.
 
@smole протестирам заради недостатокот од „клима порно“! ;)

Порака и за другите, колку е тешко да сликнете неколку фотки од инсталацијата, и да ги поставите овде? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom