Јас знам за мојата клима како одлучува кога да започне дефрост, колку време тој дефрост трае и како одредува дали дефростот е успешен или не.Се греам на HiSense Easy Smart 18ska (60м2) - најверојатно програмирана си е да си прави дефрост на 55 мин точна како шварцарски саат , но оваа недела ги прави почесто на 20тина минути и не траат повеќе од 2 мин (дефростот).Досега немам се сретнано со ова па ако може некое објаснение или да барам мајстор. П.с - Лани зимата немаше вакви на по 20тина минути дефрости.
Започнување на дефрост.
Користи логика кога да започне дефрост, односно има софтвер, алгоритам според кој одредува. Како главни влезнипараметри во тој алгоритам се надворешна температура и фрекфенција на компресор.
Што повисока температура бараме од климата толку повисока фрекфенција поголеми обртаи прави компресорот и толку повеќе дефрости ќе имаме.
Најмногу дефрости прави на некој степен испод нула, колку температурата опаѓа и дефростите намалуваат.
Проблем може да настане од силен страничен ветар поради кој што сензорот не би можел правилно да ја измери надворешната температура.
Завршување на дефрост.
Штом дефростот започне може да трае од 6 до 12 минути, ни повеќе ни помалку. А колку точно минути ќе трае се одредува од термисторот на изненувачот на надворешната единица. Тој ја мери температурата на изменувачот и штом таа температура се совпадне со некоја однапред веќе зададена во софтверот тогаш дефростот успешно завршува.
Во некои екстремни услови доколку изменувачот не може да ја постигне бараната температура, термисторот не може да ја измери таа температура за време од 12 минути, тогаш дефростот неуспешно завршува. Во тој случај климата продолжува да работи на греење онака како што била претходно подесена и работи точно 24 минути и повторно оди во дефрост.
Проблем повторно може да настане од силен страничен ветар. Термисторот може да не ја отчита правилно температурата. Иако изменувачот ја постигнал бараната температура и нема веќе лед, системот тоа не го знае поради високиот ветар кој што го пореметил мерењето. И така климата ќе направи втор сув дефрост.
Во двата случаи ветрот е проблем. Затоа Даикин препорачува да се користи заштита лево и десно од климата од силен страничен ветар. На сликата е означено со стрелки Б.
Арно ама тоа никој не го прај.

Така работи јапанка Даикин Перфера нордик модел, за кинезаријава незнам

. П.с - Лани зимата немаше вакви на по 20тина минути дефрости.









