Веројатно ставаш 5цм стиропор а не мм ама пак ќе ти речам небитно е се тоа. Промена на фасада и ставање на ПВЦ дограма ќе ти ги намали топлинските загуби, значи ќе ти треба помалку топлотна енергија за да го загрееш истиот простор.Тоа влијае греењето но не мора да значи дека влијае на тоа како сакаш да се загреваш.Надворешна термоизолациона фасада ќе ставам со 5мм стиропор, подот имам ламинат , врз него ќе ставам нов, прозорите ми беа од дрво сега ќе ставам пвц, 4 соби сакам да греам, до сега се греев со инвертер клима една соба , другата на дрва. Сакам и останатите 2 да ги затоплувам...Лаик сум во овие работи - пумпи, подни греења итн...
Инвертерот е еден вид на Топлотна Пумпа од типот воздух-воздух (зема топлина од надворешниот воздух и ти ја предава внатре во просторијата во форма на загреан воздух), додека кај оние уреди кои се користат за парно или за подно греење наместо да ти дува топол воздух загрева вода која подоцна на некој начи ти ја загрева просторијата (преку радијатори или преку цефки сместени под подот)
Имам ламинант и врз него ке ставам ламинант ми е глупа логика што очекуваш да добиеш? зашто не го извадиш стариот и да ставиш само нов? Ама ти си знаеш тоа.
Чим менуваш под тоа е добро време за да инвестираш во ставање на цефки испод него кои ќе ги користиш за подно греење (топла вода загреана од описот погоре циркулира низ тие цефки и целиот под ти зрачи со топлина која ја загрева просторијата), имај предвид дека со подно греење подобро е плочки наместо (паркет или ламинат),како што гледаш има доста повеќе работа вадење на стариот под, поставување на цефки, нов под врз цефките ...
се тоа влијае на цената, плус цените на топлотни пумпи за оваа намена се доста повисоки споредено со купување на инвертер клима.
Ако сакаш да поминеш поевтино не ја гледај таа опција, тогаш сакаш да грееш со 1 или повеќе инвертер клима уреди како што викаш дека си имал. За да грееш со еден уред ти треба правилно димензиониран уред, кој може да ја испорача топлината која ти треба, но имај во предвид дека постојано треба вратите дома да ти се отворени за да топлината стига во сите простории. Доколку сакаш поголема приватност ти требаат повеќе уреди (со помал капацитет поединечно, но сепак сите заедно пак да даваат капацитет кој ти е потребен за твојот простор)
Овој начин на греење ќе ти конзумира малку повеќе електрична енергија од системот со подно греење, но е поевтин како првична инвестиција (без разлика дали ќе одбереш греење со еден или повеќе помали инвертер уреди)


