Е сега и ти и #PticaSelica сте во грешка. Далеку е од тоа дека Мидеа или било кој друг (по)голем производител исто произведува за секој купувач, баш обратно е. Нема врска со нашите полумануфактури со неколку работници кои произведуваат 100 или 1000 парчиња од нешто.
Точно е дека на работникот на лента не му е важно ниту знае за кого произведува, па ни на неговиот шеф. Но погорните знаат многу добро кога произведуваат за Тошиба (нека ми извинат сите Вивакс и сл.

, и даваат други спецификации, друг материјал, друга конструкција, друга контрола... Јасно се тоа се плаќа.
Малку ми е вишок да ве убедувам во вакви општо познати работи ама еве ви два примери: сум работел во фирма со над 7.000 работници со извоз само во САД од 10 мил УСД и во други земји. Најтешки за работа беа програмите за Германија, тука стававме најдобри работници и по три дополнителни контроли, американците беа потолерантни а имаа и свои луѓе кои го следеа целиот процес на производство и контролата. За домашен пазар, јасно, били најлесно и пофушерски. Точно се знаело кога за кого и што се произведува, и тоа пред 20 и 30 години, а не па сега со комјутери, баркодови и др. сето следење и евиденција е многу полесна.
Вториот пример, кај VW концернот тоа го прават поедноставно, се се регулира преку завршната контрола: производите со најмали толеранции и најмал % на грешки одат во Ауди, вторите во VW и третите во Сеат и Шкода. Макар што со воведување на автоматизацијата и роботиката разликите во класите се се помали и скоро да ги нема, па сепак.