Ај сега гледам во магазинот Е-Спорт има споредба на квалитетите на секоја лига и која од нив е најквалитетна и зошто. Поточно мислам на 4-те најјаки лиги: Примера Дивизион (Шпанија), Премиер Лига (Англија), Серија А (Италија), Бундес Лига (Германија).
еве што како главни податоци истакнуваат:
Шпанија: 20 екипи, 4 места за ЛШ, 4 титули во ЛШ во последните 10 години. 3 титули во уефа Куп во последни 10 години.
Англија: 20 екипи, 4 места во ЛШ, 2 титули во ЛШ во последните 10 години, 1 титула во Уефа Куп во последните 10 години.
Италија: 20 екипи, 4 места во ЛШ, 2 титули во ЛШ во последните 10 години, 2 титули во Уефа куп во последните 10 години.
Германија: 18 екипи, 3 места во ЛШ, 1 титула во ЛШ во последните 10 години, 0 титули во Уефа Куп во последните 10 години.
Најконкурентни тимови во лигите:
Шпанија: Реал Мадрид, Барселона, Виљареал, Атлетико Мадрид, Севиља, Еспањол, Гетафе, Валенсија (иако е во длабока криза).
Англија: Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Евертон, Манчестер Сити, ЊуКасл (иако беше во криза).
Италија: Интер, Рома, Јувентус, Милан, Фиорентина, Сампдорија, Удинезе, Лацио.
Германија: Баерн Минхен, Вердер, Шалке, Баер Леверкузен, Хамбург, Штутгарт, Хамбург.
Знам дека повеќето ќе кажат дека нивната лига (каде што игра нивниот омилен тим) е најјака. но кога ќе погледнеме реално Англија можеби малку се оддвојува од другите. Самиот факт дека во финалето на ЛШ се две Англиски екипи, го покажува квалитетот на Премиер Лигата. во неа можеби настапуваат и едни од најквалитетните фудбалери во светот (Кристијано Роналдо, Руни, Фернандо Торес, Џерард, Адебајор, Фабрегас, Дрогба, Лампард, Балак, Тери, Рио Фердинанд, Бербатов.....)
Како втора според моето размислување би ја рангирал Примера Дивизон или првата фудбалска лига во Шпанија. Го има најтрофенјиот клуб во Европа Реал Мадрид (9 титули во ЛШ), веднаш овде е Барселона која пред неколку години беше во врвот на Европскиот фудбал. Севиља која две години поред го освојуваше Уефа Купот може слободно да ја сметаме како поматувач на сметките, овде се и Виљареал и Атлетико Мадрид кои имаат квалитетни состави. како квалитетни фудбалери кои се среќаваат во Примера Дивизија се: Раул, Робињо, Серхио Рамос, Шнајдер, Канаваро, Касиљас, Анри, Меси, Роналдињо?, Деко, Давид Виља, Рејес, Кануте, Луис Фабијано, Дани Алавес, Албелда, Диего Форлан...
Следна е Италија, конкурентите се набројани погоре, а најмногу се истакнуваат Интер, Рома, Милан и Јувентус, квалитетни фудбалери: Кака, Ибрахимовиќ, Трезеге, Дел Пиеро, Александре Пато, Буфон, Маикон, Тоти, Мансини, Де Роси...
И можеби лига која најмногу заостанува од претходните три е Германија, како квалитетни тимови се Баерн М, Вердер и Шалке, а како квалитетни фудбалери се јавуваат: Лука Тони, Клосе, Рибери, Диего, Ракитиќ...
Ги очекувам вашите мислења и гласови во анкетата.