Најден бебето со пресечен јазик ја добива битката со животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Макед0нер
  • Време на започнување Време на започнување
Јок, јас не барам посвојувачи.

Па што се јавуваш тогаш како џокер во покер со такви муабети?Или пак почна да се чувствуваш на форумов како тринаесеттата овца (секој те игнорира) па ај сега ќе му додеваме на Боргот, нели?
Патем, додека правеше муабет со мене, можеше да се заангажираш да направиш нешто за детево, а не да губиш време во контрирање.Ама нели, ти си многу заангажирана особа и хумана личност (борец за животни етцетера) и затоа контрираш, од што си толку заангажирана личност дури и ми контрираш, не наоѓаш време за ангажирањето, ама за мене наоѓаш време, браво.;-)
Ај таму не какај ти и оди бркај си ја работата како десничарско определен либералиста......
 
Овде на форумов нешто као инквизиција да има или што ... смртни казни, палење, колење, бесење, дерење и сл. дури и да постојат ваквите смртни казни овдека пак ќе се повторуваат истите нешта, тој/таа што го направил/а ова не е при здрава разум и баш му/и е гајле дали ќе лежи во затвор или пак ќе биде убиен/а со инекција или пак на електрично столче и сл.
Лани кога се случи масакрот на децата кај Смилковско 90% од форумџиите овдека едногласно велеа смртна казна а еве гледаме дека дури ни судењето не им е започнато на убијците т.е. осомничените како ли да ги наречам а помина цела година од тогаш ... овдека на форумов се се собрале најголемите паметњаковци, стручњаци, инспектори и се знаат па дури и самите казните ги одредуваат ко да се судии ... ко да не постојат полиција и судови ... не бидете ко мали деца чим случкава е случена во Арачиново тогаш станува збор за Албанче, таму нема ниту еден Македонец ... да не ве/не чуди и кај нив се случуваат вакви работи вонбрачни деца и сл. само кога веќе таа не го абортирала на време барем да го подарела бебето во некој дом живо и здраво, а вака цел живот ќе оди сакато ни криво ни должно !
 
Сте запнале за имево бетер од Грциве :eek:
Какво е нека е тенџере нека се вика што е тоа битно :?

Се шокирав од случкава ми се ежи кожава со какви луѓе го делам воздухот . Не знам со какво срце да пресечеш јазиче на мало бебенце ? ! Колку треба да е болен таквиот ум ? ! ?
Многу ме интересира дали ќе може да зборува ...
Му ја посакувам сета среќа , а на сторителот да нема мир ни среќа ни на овој ни на тој свет !
 
Страшно,сирото дете.
Малку ми е малку чудно да е оставено машко дете..Албанци не оставаат машки деца.
 
Се згрозив ко разбрав, зарем е можно да имат луѓе кој го можат тоа? Па господе не давај му деца на таквите, не ги осудувај децата на милост и немилост.
За името и јас сум против, да речиме дека детето ќе се вдоми и ќе живее нормално, секогаш кога ќе го викнат на име ќе се потсети на минатото, тоа немат да можат да го скријат од него, но мање битно, важно е да е здраво и живо.
 
Уште не можам да сфатам колкав треба да е степенот на ненормалноста кај родителите што го направиле ова... А се ми мириса дека е дете надвор од брак или плод на инцест.
А за имево не ми е јасно што се крева толку фама. Се сеќавате на Бошко што се роди 3ти ден Божиќ? Името му е симболично и неофицијално. Згора на тоа не е непостоечко или измислено, Најдо/Најде/Најден/Најденка прашајте од постарите (дедовци/баби) дали постоеле овие имиња порано и колку често им ги давале на децата.
Знаете ли дека има женско име Шаторка? Женава е родена 1963 два дена после земјотресот во Скопје во шатор!
 
Страшно,сирото дете.
Малку ми е малку чудно да е оставено машко дете..Албанци не оставаат машки деца.
А кој рече или тврди дека е од Албанец оставено бебето-дедето
можеби е од нокоја болгарка на привремена работа во арачиново.
 
Уште не можам да сфатам колкав треба да е степенот на ненормалноста кај родителите што го направиле ова... А се ми мириса дека е дете надвор од брак или плод на инцест.
А за имево не ми е јасно што се крева толку фама. Се сеќавате на Бошко што се роди 3ти ден Божиќ? Името му е симболично и неофицијално. Згора на тоа не е непостоечко или измислено, Најдо/Најде/Најден/Најденка прашајте од постарите (дедовци/баби) дали постоеле овие имиња порано и колку често им ги давале на децата.
Знаете ли дека има женско име Шаторка? Женава е родена 1963 два дена после земјотресот во Скопје во шатор!
Арно ко не ја крстиле земјотреска... а цела среќа што немаме вулкани низ македонијава
 
Арно ко не ја крстиле земјотреска... а цела среќа што немаме вулкани низ македонијава
Точно е ова наведеното со ШАТОРКА......................ама
првото родено дете по катастрофата во Скопје машко-скопјанче, сега скопјанец,
прав скопјанец и така сега наречен стар скопјанец,ова колку да се знае дека и во овој град пред 50 години ималу луѓе а и пред 500.(на некои мариовци ова не им е јасно)
-----------------
Веднаш по земјотресот,кога многу животи згаснаа,почна уште еден живот.
се слушна тенок детски плач и глас. На шаторот од каде што дојде гласот пишува
„ Гиниколошко “- Дете доаѓа на свет. Денес на 26 јули. Прв живот по толку смрти.
Машко. Мајката предлага да се вика-крсти ТРЕСКО, за спомен на денешниот ден.
Животот победува и си тече понатака.
Но најмногу има движење пред шаторот на кој што пишува „ Хирургија “.
ТРЕСКО и денес е помеѓу нас.
 
Страшно,сирото дете.
Малку ми е малку чудно да е оставено машко дете..Албанци не оставаат машки деца.
Албанци,Македонци,Евреи,Арапи,Американци,Французи итн Не оставаат деца без разлика машки или женски, туку остава некој изрод што не ни заслужува да оди на земјава .Немојте да генерализирате барем тука.
 
Овде на форумов нешто као инквизиција да има или што ... смртни казни, палење, колење, бесење, дерење и сл. дури и да постојат ваквите смртни казни овдека пак ќе се повторуваат истите нешта, тој/таа што го направил/а ова не е при здрава разум и баш му/и е гајле дали ќе лежи во затвор или пак ќе биде убиен/а со инекција или пак на електрично столче и сл.
Лани кога се случи масакрот на децата кај Смилковско 90% од форумџиите овдека едногласно велеа смртна казна а еве гледаме дека дури ни судењето не им е започнато на убијците т.е. осомничените како ли да ги наречам а помина цела година од тогаш ... овдека на форумов се се собрале најголемите паметњаковци, стручњаци, инспектори и се знаат па дури и самите казните ги одредуваат ко да се судии ... ко да не постојат полиција и судови ... не бидете ко мали деца чим случкава е случена во Арачиново тогаш станува збор за Албанче, таму нема ниту еден Македонец ... да не ве/не чуди и кај нив се случуваат вакви работи вонбрачни деца и сл. само кога веќе таа не го абортирала на време барем да го подарела бебето во некој дом живо и здраво, а вака цел живот ќе оди сакато ни криво ни должно !
точно
а и стариот што даде изјава за тв ка=а дека знаат чиво е детето и рече еве тука погоре 5-6 куќи
кави бугарки проститутки незнам што
детето е од албанка ( вонбрачно) или пак инцесно и КРАЈ
и да нема никад да признаат во јавност дека е така пошто ке летаат глави
 
Малиот Најден, во текот на вчерашната операција на Kлиниката за уво нос и грло, на секунда ги затворил очите и го загубил здивот, раскажуваат растреперените лекари кои биле дел од операцијата, пренесува весникот Дневник.
- Го изгубивме! – помислив. Детето помодре, ние сите над него без здив бдеевме, но тој одеднаш силно ги отвори своите очиња: Еве сум, сакам да живеам !- како да рече. Му се врати бојата на лицето, а ние успеавме да завршиме една многу тешка и сложена операција – трахеотомија. Најден е чудо од дете, како лекар не можам да поверувам во неговата волја за живот, каков борец е тој, тоа дете е посебно, неверојатно храбро. Иако има само неколку месеци, ја издржa болката. Пред да го сретнам навистина не можев да разберам зошто толку многу јавноста сака да знае за ова дете, сега знам, Најден е чудо од дете, изјавил дирекоторот на Клиниката за уво нос и грло Никола Николовски за Дневник.
Директорот на Клиниката објаснил дека операцијата на малиот Најден била направена во речиси последен момент.
- Поради отсечениот јазик, ткивата околу него по природен пат почнале да се регенерираат, но, за жал, во случајот на Најден тоа не било на позитивен начин, туку тоа ќе го убиело. Работата тргнала на лошо. Ткивото почнало да го заробува неговото грло. Направивме исклучително тежок зафат. Сега Најден е стабилен, има можност самостојно да дише, а многу скоро ќе почне да се храни со цевче од стомак. Најден пред себе има уште зафати, но пресадувањето јазик ќе биде една од најсложените. Досега во светот на само две деца им била правена таква операција. Во контакт сме со врвни лекари од Лондон, Америка и Дубаи. Сите се заинтересирани за случајот на Најден. Сите толку многу сакаат Најден да успее, дури лекарите од Дубаи ни понудија тоа да го направат бесплатно. Овој тип операции се речиси експериментални, оти многу ретко се случува дете да остане без јазик, објаснил Николовски за весникот.
Најден уште неколку дена ќе биде на Kлиниката за интензивна нега а потоа се очекува да биде префрлен во неговата соба.
Директорката на детската клиника Аспазија Софијанова за Дневник информира дека тим од лекари и медицински сестри будно ја следат состојбата на Најден.
- Ако кажам дека треперев за време на операцијата како за син што сум го родила, не знам дали некој ќе ми верува. Најден едноставно н` освои, правиме с` што може тој да се извлече. Операцијата помина добро. Сега комплетно го средиве дишењето, да го средиме и голтањето и Најден ќе може малку да се одмори од лекари и од болници, изјавила Софијанова за Дневник.
Извор: Дневник
 
Како не му било жал на родителите за детево, монструми се тие, жално за бебето што на оваа возраст води борба за живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom