bobi2008
_
- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 2.681
- Поени од реакции
- 182
Nadal - Verdasco 6-7 6-4 7-6 6-7 6-4, сигурно еден од најдобрите натпревари во последниве неколку години, на било која подлога.
Verdasco беше како препороден на Australian Open, не знам што променил, но многу се подобрил. Кога го победи Murray помислив да не имал Murray некаква повреда, но кога видов неколку гејма со Tsonga, работата беше јасна. Особено го подобрил неговиот forehand кој многу потсеќа на forehand-от на Nadal. Сервисот речиси му беше беспрекорен, во денешниот натпревар успеваше да сервира преку 210 km/h по 5 часа играње.
Ако продолжи со оваа форма и Nadal и Federer нема за него да се преголем залак.
Натпреварот речиси сите 5 часа се играше на високо ниво, а за тоа сведочи тоа што го изиграа најдолгиот поен во шестиот час од натпреварот. И двајцата имаа некои неверојатни удари, никој не сакаше да попушти. На крај сепак Verdasco попушти под притисокот, кога направи две двојни сервис грешки во последниот гејм. Многу тенисери би се откажале многу порано.
Nadal играше константно во текот на целиот турнир. Мислам дека му е ова најдобрата игра на тврда до сега. Порано знаеше да прави многу грешки на оваа подлога, но сега изгледа тоа му е сведено на минимум. За било кој друг тенисер ќе речев дека ќе биде тешко да опорави по толку долг меч за толку малку време, но Nadal и порано ни докажувал дека е спремен за долги мечеви, па така тоа не ме загрижува воопшто.