На терапија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Добар старт морам да кажам на ниво браво. Одлична глума , сценарио и сцеа.
 
Топ серија, се гледа дека е работено на неа. Дај нека тргнат ова турскиве срања и дупли термин нека има
 
Ова е ПРЕ-ДОБ-РО! Јес да само 2 епизоди до сега, ама толку не сум бил импресиониран од наша серија по само две епизоди уште од времето како дете ко ја гледав Опстанок. Ми се допаѓа и што не е површна, туку продира длабоко во некои пори од нашето опкружување. Ликовите (бар за Милена и Владо можам да го кажам ова до сега) - одлично извајани, по само една епизода се поврзуваш со нив, и ги препознаваш, по малку од нив во ликот на твојата сестра, брат, најдобар пријател, роднина, комшија, колешка од работа, во себе... Не знам за вас, ама јас си ставив на снимање - цела серија. И ќе се репризира, сигурно.
 
Може е до мене, ама не ми е ништо уау досега. Може затоа што имав високи очекувања од трејлерот, а серијава досега не ми ги оправдува.

За драмска серија, епизода од 30 минути е малку. Режијата е добра, сценографијата е совршена, глумата е океј, иако очекувам подобра со тек на епизодите, ама сценариото моментално ми потфрлува. Ми нема жестина, ја нема жестината која ја преставиле во трејлерот, али како што реков почеток е, па ќе чекам со тек на епизодите да се подобрат.

И музиката на одјавната шпица ми е промашена, таква музика би била совршена за некој трилер, акција, ко од некој филм на Дени Вилнев или скандинавски ноар, за драма не баш.
 
Цел час глеам сител после не знам колку години, одлични две епизоди, Ристановски е полн погодок.
 
Имате живци да гледате дејствие сместено во соба три на три со мутави генерички дијалози кои убијаат во поим? Аууу вие сте сите за На Терапија.

Ова е поише као peep show пошто дефакто Одењето на психолог претставува загарантирана дискреција. Е овде е претставено како гледачот претставува воајер каде секоја епизода има по некој nutcase кои ние треба да го соживиме во тие 40тина минути.

Уф бреее дајте го Сефер и Ајшеѓул....
 
Убаво си рече штом не ти се свиѓа, гледај си ги Турците.

Третава епизода досега најдобра. Ангела и покрај тоа што е прв пат пред камера е одлична, за Никола нема што ни да се зборува.
 
Имате живци да гледате дејствие сместено во соба три на три со мутави генерички дијалози кои убијаат во поим?
Ко демек ако дејствието се одвива на поголем простор, по автоматизам треба да е подобро? Тогаш кој е според тебе најдобар филм? Пат околу светот за 80 дена? Оскаровецот или тој со Џеки Чен? Oh wait - Interstellar? Star Trek: Beyond?
Аууу вие сте сите за На Терапија.
Сме. Кој не е?
Психијатар*
Е овде е претставено како гледачот претставува воајер каде секоја епизода има по некој nutcase кои ние треба да го соживиме во тие 40тина минути.
По твојава логика, не смееме, ради воајеризам, да гледаме ни еден филм и серија? Оти во секој филм/серија ѕиркаме во нечиј/нечии животи. Што е тука поразлично? Фикција е бе друже! Нит нарушува нечија приватност, ни ликовите се реални.
 
нормално дека е монотона луѓе, како го замислувате вие одењето на психијатар, како во Бардовци кога се бркаат со фјуџитивс? :icon_mrgr: Six Feet Under е една од најмонотоните серии што излегле ако е за тоа ама и е од најдобрите.
 
нормално дека е монотона луѓе, како го замислувате вие одењето на психијатар, како во Бардовци кога се бркаат со фјуџитивс? :icon_mrgr: Six Feet Under е една од најмонотоните серии што излегле ако е за тоа ама и е од најдобрите.
Обично луѓето кои зборуваат за монотоност на филмови/серии, само заради тоа што нема акција, нема движење, нема промена на сетови и сцени, јас ги доживувам како оние на кои Fast and Furious им е во топ 10, а Жан Клод Ван Дам - омилен актер.
 
Дајте кажете кога ќе има репризи, или онлајн евентуално? Сакам да ја гледам ама не сум јас човек шо може да каже еј да секој ден ќе сум дома во 10:20 за да ја глеам серијата.
 
Дајте кажете кога ќе има репризи, или онлајн евентуално? Сакам да ја гледам ама не сум јас човек шо може да каже еј да секој ден ќе сум дома во 10:20 за да ја глеам серијата.
Репризите ќе одат во сабота во 23:30 (две епизоди) и недела во 23:30 (три епизоди).
Не верувам дека ќе има онлајн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom