На што се палат тинејџерите? Цеца, Лукас, Џогани, Миле и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Најтрагично е што пишува, "децата овде доаѓаат да се одвикнат". Да помислиш, глеј ги хрвативе колку напреднале отколку кај нас, дури и децата сами си рекле: "I must get this devil away from me!" и отишле.

Ова ме потсети на South Park епизодата кај што го праќаат Butters у камп за отстранување на хомосексуалноста од него. Целта на епизодата уствари беше да ги исмева таквите. Епа, исто гледам и на ова. Можам да го замислам моментот, ти уствари не ни слушаш таква музика, си отишол у кафана да се опуштиш и развеселиш малце од лош ден, утредента се будиш и у главата ти останала "Доказ" од Цеца па си ја потпевнуваш, твоите слушаат и за уши те влечат у кола, правец кампов кај што владее некој Картмен: Wir mussen die Turbofolken austraten, а ти си као "Noooooooooo!!!" :D

Камп за одвикнување од музика еј :pos:
 
Слушам Рок и Хеви метал,ама тинејџерите не се криви.Кога веќе сакаат да се пијанчат неможе да се пијанчат на СОНЦЕ НЕ МЕ ГРЕЕ.. или онаа од Ламбе МОРЕ ОД СОЛЗИ..

Орото Копачка за нив е Виенски валцер..
 
Tinejdzerit povejke gi sakaat one direction, christina aguilera,, selena gomes, taylor swift i drugi angliski pejaci i peajacki :P
 
Блаватска играше на шипка?

giphy.gif
 
Еден текст кој добро би дошло да се прочита:

Не дека проблемов е од големо општествено значење, ама решив да му се обратам.

Има маса на луѓе што едноставно не ја прават разликата. Луѓе кои уште сметаат дека турбофолкот и народната музика се едно исто. Дека сѐ е еднакво во тој кош на и тебе „сам сит, моје гузе сузају од туге“ и слично.

ЧЕКАЈ! ЧЕКАЈ ЧЕКАЈ! ЧЕКАЈ МАЛЦЕ!

Народе, не мешајте баби и жаби. Народната музика, без разлика дали доаѓа во форма на чалгија, староградска песна, или исконски bad ass зурли и тапани е НАРОДНО БОГАТСВО! Претставува бит на еден народ, и на народ од тоа време и место. Не е тоа Драгана Мирковиќ на крек, или Синан Сакиќ на лозова брља. Ве молам, средете си ги фактите пред да дискутирате за одредени работи.

Прво, темите кои што се разботуваат во текстовите на народната музика се далеку покомплексни и поразновидни, од простачките опевања на ниските страсти што е особено евидентно кај српскиот и бугарскиот турбофолк. Теми кои што се разборатуваат во нашата народна музика вклучуваат љубов, тага, себерефлексивни моменти и секако неизбежните егзистенцијални кризи кои што се така прикажани и доловени, модернисти и пост модернисти може да си идат дома и да си цуцнат од нивниот тестис.

Второ, народната музика, барем оние кои што знаат музика ќе ме разберат, е мајкое*ено музичко ремек дело, кое што захтева екстензивно познавање на техника на свирење инстурменти за да истата се изведе, особено кога станува збор за вокали. Мислите дека Елена Ристеска пее добро оти не сте ги слушале Костурчанки.

Луѓе, Васка Илиева е генијалец. Мене „Аир да не сториш мајко“ ми е горе-доле исто толку метал колку што ми е War Pigs од Sabbath. Некому Бадев, Сариевски и ним сличните им биле тоа што мене ми се Lemmy, Hendrix, Kirk Windstein, Еrykah Badu, Me’Shell Ndgeocello и други идоли кои што немам доволно гига мега рам да ги набројувам. Moра да се почитува и да се разбере дека не смее да се стави турбофолк и народна музика во еден ист простачки ќош.

Турбофолкот е музика крадени од Иран, Авганситан, и слично залепена на диско ритам со најшкарт лепак од Бит Пазар.Народната музика е креирана во урбани средини, креирана од градски луѓе, кои што се соочувале со градски проблеми во нивното време и доба.

Џогани е едно, Селимова-Желчески е дурго. Едното пее за цицки и газој со третораздена кореографија, додека второво пее за безврменски идеали во гласот на еден народ и една генерација.

Време е да ја научиме разликата нели?
 
Пејачите од соседството ги величаме, нашите ги пикаме под тепих
Аудициите и шоу-програмите од соседството со кои се преплавени некои наши телевизии се алиби за инвазијата на разни „ѕвезди“ од увоз, кои ги полнат нашите концертни и спортски сали и стадиони. За жал, поголемиот дел домашни пејачи можат само да сонуваат за тоа
AND_5176.jpg

ДОДЕКА ДОМАШНАТА СЦЕНА ЖИВУРКА

Зачестија гостувањата на разни „ѕвезди“ од соседството, кои одржуваат концерти пред преполни сали и стадиони. Доаѓаат во разни комбинации, на пример, заедно кафеански и поп-пејачи. Се разбира, на ниеден концерт не изостанува фразата: „Вие сте најмузикалната публика во регионот“. Си заминуваат со насмевка и со полни џебови, често со „црни“, неоданочени пари, бидејќи, како што велат упатените, дивите менаџери со разни трикови ги избегнуваат законските давачки. Од друга страна, ретко кој наш пејач или група има можност да ја наполни Универзална сала, а камоли СРЦ „Борис Трајковски“, чест на исклучоците. Некои наши докажани музички имиња, со децениски стаж, на солистички концерт чекаат речиси цел живот.
МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА ТЕЛЕВИЗИЈА
Борче Нечовски, претседател на управниот одбор на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП), вели дека итно треба да се почне со правење емисии за македонска популарна музика на телевизиите.
- Овој проблем со потценување на македонската популарна музика е стар 30 години. Веќе одамна состојбата премина во патологија. Од друга страна, не е случајно што телевизиите прифаќаат да бидат дел од пропагандната машинерија на странски шоу-програми и разни аудиции. Можеби, делумно, тоа е резултат на нашите комплекси дека сѐ што е од страна е подобро од нашето, но истовремено тоа е плод на нашата мрзливост и незаинтересираност да сториме нешто за нас самите. На пример, парите од музичките субвенции треба да се насочат за создавање два телевизиски канали на кои 24 часа ќе се врти македонска народна и забавна музика. Така ќе се создадат пазарни вредности, ќе се популаризираат наши домашни пејачи и автори, повторно ќе се создаваат македонски хитови - вели нашиот познат текстописец, продуцент и директор на многу музички манифестации.
Според Нечовски, непостоењето простор за промоција на млади музички имиња е една од основните причини за уништувањето на македонската популарна музика.
- Последиците од ова несовесно однесување кон сопственото музичко наследство се далекосежни, бидејќи младите што растат со турбофолк-музика од увоз нема да можеме да ги оправиме ни за 100 години - категоричен е Нечовски.

Неговиот колега Александар Ристовски-Принц, претседател на здружението на автори на музички дела „Шпато“, вели дека првите луѓе на некои наши телевизии немаат визија и желба нешто да сменат на подобро.
- Здружението на автори на музички дела „Шпато“ не може да се меша во уредувачката политика на медиумите и, за жал, можеме само да констатираме дека некои наши телевизии имаат уредници без визија и сопственици со тесни гради и плитко ќесе. Голем дел од телевизискиот аудиториум ги гледа музичките шоу-програми од соседството поради комплетниот професионален изглед, начинот како е сето тоа спакувано. Тоа чини многу пари, почнувајќи од студио, опрема, костими... Некој имал визија да биде гледан пошироко од своите граници, имал храброст и инвестирал. Со гаранција, кој било рок или поп-бенд од кај нас да застане на таква сцена ќе биде гледан и сакан и, секако, ќе полни сали. Значи, во прашање е само формата на производот. Е сега, дали кај нас ќе се најде некој со визија и храброст или и понатаму само ќе купуваме програма и ќе се занимаваме со евтина и понижувачка дневна политика... - коментира Принц.

ЗАЛУДНО ПОТРОШЕНИ ПАРИ
Антонио Димитриевски, музички новинар и уредник, посочува дека сѐ на естрадата функционира по принципот на сврзни садови.
- Честите гостувања на турбофолк и поп-ѕвезди од соседството се завршницата, а не почетокот на приказната. Нивната масовна посетеност е резултат на гледаноста на шоу-програмите, ѕвезди на Пинк, на Гранд, „Икс-фактор“ и други, кои се емитуваат во ударните термини. Кога се прикажуваат емисии во кои гостуваат домашните музички имиња? За жал, веќе ги заборавивме и имињата на македонските пејачи и композитори. Итно треба да се зголеми процентот на застапеноста на домашна музика на радијата и на телевизиите, и тоа во ударните термини. Авторите да се поттикнуваат да создаваат квалитетна забавна музика и на крајот, да не им се дозволи на разни бифеџии и кафеанџии да организираат концерти, кои, се разбира, носат огромна заработка. На пример, знае ли некој кој го донесе Дино Мерлин во Скопје, кој ги носи Мата Хари и Харис Џиновиќ? - прашува Димитриевски.
Според него, сите пари што досега се фрлија за наводно поттикнување на македонската забавна музика се залудни.
- Треба да се поттикне пуштање домашна музика на телевизија и на радио, а распродадените концерти ќе бидат последица на тоа - нагласува тој.

ДА Ѝ СЕ ВРАТИ ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА
Според Влатко Плевнеш, музичар, продуцент и од неодамна менаџер, рецептот за излез од оваа криза е да ја заштитиме домашната музика, со поддршка од државата, но на вистински начин.
- Да, треба да има гостувања од странство, но да пости некаков реципроцитет. ЗАМП би требало да предложи закон со кој емитување музика од регионот би се плаќало поскапо. Во последно време и јас организирам концерти на музички имиња од соседството, но пред сѐ, внимавам тие да се квалитетни изведувачи и сѐ да биде регуларно. Ако ме прашувате како да се заштитиме од напливот на кич и инвазијата од турбофолк од соседството, најпрво државата ќе мора да субвенционира организирање концерти со домашни изведувачи, бидејќи квалитетни имиња, секако, имаме. Само треба да ѝ го вратиме достоинството на домашната естрада - предлага Плевнеш.


Сепак, субвенционирањето, можеби, и не е лек за овој проблем, ако знаеме дека наши познати пејачи и групи како награда добиваа можност за одржување бесплатен концерт, но многу од нив не ја искористија оваа шанса.
Пејачката Верче Пандиловска смета дека кај нас нема ѕвезди како оние што доаѓаат од други земји, а за тоа и самите сме виновни, бидејќи сите други ни се побитни од она што го имаме дома.
- Мислам дека ќе помине уште доста време додека не создадеме пејач од тој калибар, бидејќи најпрво ќе мора да научиме да се цениме самите - вели таа.
Кантавторката Кристина Арнаудова ја лоцира одговорноста за ова фијаско на домашната забавна музика кај носителите на уредувачката политика во медиумите, пред сѐ, во телевизиите.
- Ако се погледне она што го емитуваат телевизиите, повеќе личиме на српска покраина. Сигурна сум дека сето ова е однапред смислено, бидејќи би било несфатливо телевизиите едноставно без причина да заборават дека постои македонска естрада. Со актуелната уредувачка политика на некои телевизии музичките ѕвезди од соседството секојдневно стануваат сѐ поголеми, а ние, домашните, стануваме безначајни нули - тврди Арнаудова.

ПОЕВТИНИ ВЛЕЗНИЦИ ЗА ПОГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ
Според рокерот Бени Шакири, најважно за музичарите во Македонија е законот да ги штити.
- Лекот е да се заштитиме според словото на законот. Да ни се овозможи на нашите концерти влезниците да бидат поевтини, да се стимулира нашата домашна музика. За заштита на нашата домашна култура треба да бидеме ослободени од данок или барем да ни го намалат, а на радијата и на телевизиите да се вртат наши спотови, наши песни. Сите што доаѓаат од надвор земаат „црни пари“, а нас ни бараат персонален данок и многу други давачки - ни рече Бени Шаќири.
Тој дополни дека во медиумите најмногу му се придава значење на она што е туѓо, а се омаловажува домашното.
- Ние, домашните, не сме интересни, а и напорите за стимулирање на домашната забавна музика не дадоа резултати. Но, еве и да снимиме нови песни, каде ќе се вртат тие - прашува Бени Шаќири.

narodna-muzika-banskoliev1.jpg

Закони по примерот на Хрватска

Во Хрватска музиката што доаѓа од други држави буквално се бојкотира, освен ако не е снимена во соработка со нивна продукциска куќа, велат упатените. Тоа е направено со прописи, кои стриктно се почитуваат и ја штитат домашната музика.
- Таму мора да снимиш песна за некоја од нивите продукции, евентуално дует со нивна ѕвезда, па да почнат да те пуштаат на радио или ТВ, како што беше случај со нашиот Тоше Проески. И што е најважно, на хрватските радија во ударните термини постојано се емитува домашна музика, а не како кај нас по полноќ - вели Антонио Димитриевски.

извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=416151621199&id=49&prilog=0&setIzdanie=23446
 
Ушче се во мода бе или појок? :D
 
Ушче се во мода бе или појок? :D
Замисли во живо имаш 6,500 луѓе во Борис Трајковски и сите отидоа да го гледаат големо гранде финале а таму секако беше големиот шунд.

Јас би рекол дека таму беа скоро се млади луѓе.
 
Замисли во живо имаш 6,500 луѓе во Борис Трајковски и сите отидоа да го гледаат големо гранде финале а таму секако беше големиот шунд.

Јас би рекол дека таму беа скоро се млади луѓе.

Да, али од друга страна ни салата не беше фул, плус имаше сигурно околу половина дојдено од надвор, да речам кои си ги поддржуваат пеачите (така барем спомна едно другарче кое беше таму со сиот кеф). Што значи околу 3000 Македонци и не е некоја огромна бројка, шо знам :D

Имам впечаток дека се намалува некако чудово, од нигде никаде.....а можи и грешам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom