На што се палат тинејџерите? Цеца, Лукас, Џогани, Миле и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Аха. Значи ќе донесат таков закон да речеме, под изговор дека ја заглупува нацијата. Ја ќе си пуштам дома нешто од Аца у позадина дур спремам дипломска. Ќе ми влезе полиција и ќе ме уапси под разлог "придонесуваш кон оглупување на општеството", занемарувајќи го тоа што придонесувам кон научниот свет со дипломската, и стоејќи на тоа дека јас ја заглупувам нацијата преку тоа што го слушам тоа што ми се свиѓа и сум искрен према себе и другите, наместо да се кријам. Ми фали нешто тука... мислам дека е... логика!

Ако е твоево логика, тогаш треба да биде забрането:

- Турбофолк;
- Jersey Shore и сите такви MTV срања;
- Кафани;
- Трансови;
- Death Metal;
- Серии кои не се турски, индиски, шпански или американски со типичен американски хумор;

Доаѓаме до свет каде што преовладуваат само работи кои постојат само пошто надвладеало општото мислење (процентуално, не тотално) дека тоа е квалитетот. Евентуално, година по година се елиминира од све по нешто, се додека не остане закон дека се слуша само еден тип на музика, се практикува една филозофија, еден вид книги, една политичка партија, луѓето живеат по строг кодекс на нешта, при што секој станува сличен со другиот, се додека луѓето не се изедначат и не можеш да направиш разлика помеѓу мене и тебе. Тоа е убаво?

Убавината е во разликата. Убавината е во доброто и лошото. Како што one man's trash is another man's treasure, така one man's срање музика, is another man's радост и среќа. Во тоа е убавината на човековиот живот. Сонцето не би било посебно доколку би немало врнежливи денови. Радоста не би била посебна доколку нема болка. Она кон кое ти целиш е истребување на се она што мнозинството одлучило дека е срање (и покрај тоа што реално нема никаква штета од истото, наспроти глупиве и лесно побивливи тврдења дека ради оваа музика не доаѓале познати артисти во државата), при што го доведуваш човештвото кон намалување на убавината во уникатноста на секој човек. Олабави. Не ја барај убавината во музиката што не ти се свиѓа, нема да ја најдеш. Пробај да ја најдеш убавината во спротивностите на секоја индивидуа, во тоа што тој поседува завидувачки и незавидувачки карактеристики во себе, наместо да веруваш дека чим некој поседува една незавидувачка особина - не може да поседува и многу други завидувачки. Не суди од прва, не генерализирај и дај им шанса на луѓето, да ги запознаеш сите нивни доблести и (за тебе) негативни работи. Ако ги ограничиш да не прават нешто што не ти се свиѓа, тоа ќе се одрази и на правењето работи што ти се свиѓаат кај нив, контра-ефект од тоа што ти сакаш да го постигнеш.

Ако не ти се свиѓа теоријава која ја поставувам и сметаш дека во пракса јас не би бил во право, земи го за пример случајот со прохибицијата на алкохол во САД, дваесетите и триесетите. Сосема различен случај и навидум неповрзано, али преку искуството стекнато од истото, методот и таквото размислување (и од историски аспект, грешка која уназад се повторува и човештвото никако да ја научи) можеш да го потврдиш последниот дел од претпоследново параграфче што го напишав. Па на тебе, и на сите останати што читаат, ви оставам сами да пресудите, подобро не можам да ви ја објаснам грешката во вашето размислување.
Прво, почитувам кога некој дискутира вака, се труди да си го одбрани својот став. И би било ОК кога би се работело за нешто што е убаво, добро....... Но и самиот имаш изјавено дека знаеш дека турбото е шунд и дека нема што друго да се бара во него освен моментална подложност. Исто е и со .......... еве да речеме педофилијата. Различно е, и сега по твојава логика би требало да ја озакониме? Нели различностите се богаството. Или силувањето, ... јбга, си има типови кои уживаат во тоа ............ дали и тоа треба да би де озаконето? Нели уникатноста му се ускратува со сегашниот закон.
Така да како што ти пробуваш да ги посочиш позитивностите, во исто време биди спремен и за негативностите кои ги набројав. А за мене, а и многу други турбото спаѓа во категоријата силувачи, педофили, ......... и како такво треба да се забрани. И не само турбото, него и сите оние кои ги имам набројано претходно.
 
Точно, точно, у право си дека ако некој ужива у нешто не значи дека не треба да биде забрането. Али многу битна разлика е, ко што дури и имам таква реченица у еден од постовите, а тоа е:

и покрај тоа што реално нема никаква штета од истото, наспроти глупиве и лесно побивливи тврдења дека ради оваа музика не доаѓале познати артисти во државата

Односно, од педофилијата, садизмот и слични работи во кои уживаат некои постои некаква штета, затоа и се забранети. Директно му го уништуваш животот на некого. Како тогаш, ако се собереме 2000 души на концерт на Цеца, ние му уништуваме нешто на некој? На кој начин ние загрозуваме некого, физички или психички? Пошто нели тоа е поентата на законот? Зарем не е пологично кога веќе си тргнал со вакви забрани, да забраниш некои си метал свирки таму кај што праат шутки и си влагаат со боксови? И на крај у секоја музика да најдеш причина да ја забраниш? Јас сметам дека ако го забраниш турбо-фолкот, кој нема никаква штета (и ваквиве аргументи ги имам побиено милион пати), всушност му го уништуваш животот на оној на кој му забрануваш. Ми забрануваш мене да ми биде убаво, ми забрануваш да правам нешто што го сакам, иако тоа што го правам не му наштетува на никого. Таквата забрана автоматски ќе ми наштети на мене како човек.
 
Точно, точно, у право си дека ако некој ужива у нешто не значи дека не треба да биде забрането. Али многу битна разлика е, ко што дури и имам таква реченица у еден од постовите, а тоа е:

Односно, од педофилијата, садизмот и слични работи во кои уживаат некои постои некаква штета, затоа и се забранети. Директно му го уништуваш животот на некого. Како тогаш, ако се собереме 2000 души на концерт на Цеца, ние му уништуваме нешто на некој? На кој начин ние загрозуваме некого, физички или психички? Пошто нели тоа е поентата на законот? Зарем не е пологично кога веќе си тргнал со вакви забрани, да забраниш некои си метал свирки таму кај што праат шутки и си влагаат со боксови? И на крај у секоја музика да најдеш причина да ја забраниш? Јас сметам дека ако го забраниш турбо-фолкот, кој нема никаква штета (и ваквиве аргументи ги имам побиено милион пати), всушност му го уништуваш животот на оној на кој му забрануваш. Ми забрануваш мене да ми биде убаво, ми забрануваш да правам нешто што го сакам, иако тоа што го правам не му наштетува на никого. Таквата забрана автоматски ќе ми наштети на мене како човек.
Ти не сакаш да признаеш, или пак навистина мислиш дека нема штета. ИМА!!! А ако почнам да дискутирам за штетноста на турбото, ..... ќе ми трабаат 24ч да си го напишам првиот пост. А сакам и други теми да видам. Истото би се случило о со вториот, и тогаш мојот живот ќе треба да си го посветам на тебе/вас објаснувајќи ги сите негативности. Така да, ИМА штета, и за луѓето, и за државата. А ако се забрани, тебе нема никаква штета да ти предизвика, напротив, ќе се развиеш во правци кои ти биле непознати до тогаш.
 
Рики немаше да може да изнапише онаков интересен текст ако беше асли турбо фолкер, не спаѓа во класика, ок е :coffee:
А да ве прашам го знаете Алистер Кроули? Ако не го знаете сите сте турбо фолкери да в`ебам :icon_lol:

.....овој Алистер шо музика свиреше? Море да не беше тој што свиреше на армоника додека Дион пееше за Ѕвездите на Гранд, а Блаватска играше на шипка?

за сите што мрчите за турбофолкот, посебно музички неизградениот @kooperativa , мора да ве просветлам со ремек делата на музиката

прво ислушајте па коментирајте

БОНУС ТРАКА

http://www.youtube.com/watch?v=WGMfUD3odhA
 
Рики немаше да може да изнапише онаков интересен текст ако беше асли турбо фолкер, не спаѓа во класика, ок е :coffee:
А да ве прашам го знаете Алистер Кроули? Ако не го знаете сите сте турбо фолкери да в`ебам :icon_lol:
ебаве то металците (секташи :icon_mrgr:)

@arakenx

ко је крао јогурт (цела песна)
 
ВО ХРВАТСКА СЕ ОТВАРААТ КАМПОВИ КАДЕ ДЕЦАТА БИ СЕ ОДВИКНУВАЛЕ ОД ТУРБО-ФОЛК МУЗИКА
Овој камп кој изгледа како камп за некаква обука, или рехабилитациски центар - потсеќа на програмите кои се отвараат за младите кои имаат проблеми. Инструкторите ги водат младите низ војнички полигони, советниците водат групни терапии, а постојат и терапевтски групи. Тие патат од зависност од турбо фолк музика.

- Младите доаѓаат тука, за да се спасат од турбо фолк музиката. Ова е прв камп од таков вид во Хрватска, а веројатно и во цел свет. Голем процент од домаќинствата на Балканот слушаат ефтина, брза музика, играњето по маси и столови стана еден вид професионален спорт, а друштвениот живот на младите се сведува на кафана, или на некој мрачен турбо фолк клуб. - појаснуваат во кампот.

Ваквиот пристап кон музиката има своја цена, многу млади не можат да се одвојат од лошата музика. Зависноста од турбо фолк музиката си носи свои последици.

Оваа вест ја објави една хрватска веб-страна. Се разбира - ова е паравест. Но и тука во Македонија, многу млади луѓе, од кои повеќето се тинејџери, се "навлечени" на оваа музика со брзо темпо, за викенди главна цел им е да отидат во некоја кафана, да испијат четири до пет ракии и да се "забавуваат". Постојат толку многу други начини за анимација на младите, а да не зборуваме колку убава музика постои за сечиј вкус. Внимавајте на своите блиски.

- превземено од Ladybook

Капа му симнувам на тој што го измисли ова, споменик да му се крени под итно.
И кај нас да направат еден ваков нема да е лошо. :D
 
Абе има сељаци трубофолкери а има и сељаци металци се е релативно :icon_lol:. Шо е битно кој каква музка слуша и мене ми е турбофолкот сељачки и глуп али неможам да му се мешам на некој што музика да слуша. Ко мене исто некој да ми каже зашто слушам метал сигурно сум секташ и слично :icon_lol:.
 
Еве случка од пред 10 мин во кафиќот што е до мене. Следново се случува вака одат песните Animals, Hardwell Space man, Тони зен - Бас и онда следува Аца лукас - Лична карта, Аца Лукас - Далеко си, Тоше Проески - Морска Ѕвездо, Миле Китиќ - Шампањац и сега повеќе е потребен моабет?
 
Не кампови од лечење туку треба уште во прво оделение во школото децата да се лечат од турбо фолк и тоа да се третира како порок истото треба да се направи и со Турските, Индиските и останатите сапунски серии кои обасно ја напаѓат човечката интелигенција а после подолга употреба предизвикуват целосен крах на интелектуалните способности.
 
Абе има сељаци трубофолкери а има и сељаци металци се е релативно :icon_lol:. Шо е битно кој каква музка слуша и мене ми е турбофолкот сељачки и глуп али неможам да му се мешам на некој што музика да слуша. Ко мене исто некој да ми каже зашто слушам метал сигурно сум секташ и слично :icon_lol:.

Турбо фолкот не е само музика туку и социлошки стадиум на една личност. Секако дека има исклучоци. Но турбофолкот автоматски зад себе влече и насилно однесување, алкохол, брзо возење, неморално однесување и милон други ефекти кои се нормирани со оваа музика. Турбо фолк е производ на војната во Југославија кога општеството во Србија беше на најниско социо-културолошко ниво. Каде луѓето беа морално и финансиски на дното така југословенската музика која имаше квалитет се замени со кич а тоа се провлекува и до ден денес. Сељак и насилник може да биде секој тоа е точно но овде зборуваме за процент на сељци кои турбо фолкот ги произведува и оние произведени од други правци на музика.
 
За себе тврдам, а и секој кој ме познава може да потврди, дека јас не спаѓам во болдираниве категории. Дали ти на мене ќе ми го забраниш турбофолкот, како дел од малцинството што ја слуша истата музика, иако не ти штетам на никој начин, на сметка на мнозинството кое се понаша како што го објасни?
 
Ако прочиташ подобро во постот потенцирав дека има исклучоци. За забрана тоа никогаш не би ни помислил и никогаш не би одел на ограничување на единката. Единката е жртва на една општествената состојба. Затоа би работел на создавање на здраво општество и образование кое само по себе би го сузбило турбо фолкот.
 
Добар е турбо фолкот ако се конзумира во мали количини. Како на пример ѕидарско после 4. Кога си уморен да се опуштиш или некоја турбо фолк журка, концерт поопуштен така.
Турбо фолкот е за човек кога е уморен, а џезот кога си одморен.
 
За со ѕидарското

За кога е човек одморен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom