На крајот на денот, кој е вистинскиот начин за одмор и релаксација?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Емо денови... :icon_lol:
Колку сакаш...Ке чкртнам некој “расказ“ на зададена прилaгодувајќи ја темата во своја полза хаха, пуштам носталгично срцепарателно музиче и топ сум.

Зоната лечник-пaциент ја избегавам во задње време. Како си-супер, толку. :pos:
 
Ах кога не ми е денот така ми почнува на лево и така завршува. Цел ден си го прележувам, не сум тогаш воопшто дружељубива и се ми смета, си гледам филчиња и може да читам некоја книга и одвај чекам денот да помине.
А некогаш ми се случува да пуштам и некои тажни баладички и тогаш меланхолија на максимум.
 
Ги масирам од друштвово на МСН се додека не излеземе на кафе и да се изнамуабетиме со антидепресивни теми. :) Ако слушам музика и воопшто, ако останам дома, уште толку бедови ме маваат, па единствен лек за мене е да излезам.
 
Музика, спорт, филм, книга, па и пријателско кафе со тоа што нема шанси да се пожалам, туку напротив ќе одам против својата состојба смеејќи се ко по обичај.
 
Трчам.
Ако не најдам екипа за баскет одам на стадион и сам си трчам кругови, поопуштачко нешто од тоа за мене не постои.
Слушање музика и кафиња ама ич не ми помагаат, уште толку се нервирам кога седам во место.
 
Плачење. Ништо не ми помага повеќе од плачењето. Кога ми е тешко, кога сум нерасположена веднаш ќе се исплачам и после сум како нова :)
И музиката има голема улога во опуштањето, ама некогаш може па да слушнам некоја песна на пр. што ќе ме докрајчи и сепак, завршува со плачење.:pipi:
 
си пуштам трансче на слушалици до даска и одма сум ин д мууд...
 
Си дозволувам да паднам во потполна депресија, да се сместам удобно во неа, еден час, два, потоа ќе излезам, светот е розов повторно.:pipi:
 
Ме опушта музика и излежување, а секоја нервоза можам да ја смирам со my melody
 
Музика, спорт, филм, книга, па и пријателско кафе со тоа што нема шанси да се пожалам, туку напротив ќе одам против својата состојба смеејќи се ко по обичај.
Заборавив една добра работа - пишувањето дневник, со тоа што првите страни се доста емо а веќе следните се како селф хелп прирачник:pos:, за на крај да завршам со заклучокот дека не треба да бидам неблагодарна кучка туку задоволна со тоа што го имам и ентузијаст за добивање на тоа што го немам :pipi:.
Ама пишувањето дневник фаќа многу време и е далеку од уметност, така да често се префрлам на пишување прози и поезии од проста причина што таквото расположение знае да биде доста инспиративно :wink:.

Ps. Тоа со трчањето и тешкиот физички напор стварно држи вода :helou:
 
Ke si legnam na krevet ke si ja pustam Tajno moja od Tose i za 5 min denot mi stanva poubav
 
Еве ти релаксација,
еве ти уште едно за опуштање.

Бидејќи ова ти е трета дупла тема што ја затекнав во последните 30 минути, имаш ексклузивна можност да одбериш каде да ја преместам. И не само тоа, ако во следните 10 минути начекам уште некоја тогаш ти си добитничка на многу вредна награда.
 
Еве ти релаксација,
еве ти уште едно за опуштање.

Бидејќи ова ти е трета дупла тема што ја затекнав во последните 30 минути, имаш ексклузивна можност да одбериш каде да ја преместам. И не само тоа, ако во следните 10 минути начекам уште некоја тогаш ти си добитничка на многу вредна награда.
е за ова и не си баш во право..ти советувам прво да ги прочиташ убаво постовите види прво за што се работи а после реагирај......Инаку знаеш што е смешното тука? Што тие две горенаведени теми сеИДЕНТИЧНИ..ако би требало нешто да бришеш и преместуваш ете ти а мојата има сосема друга тематика.....па сеа ти види.......ццццццццц
 
полека полека ќе ви тргнит и вас денов лошо :) јас се расположвам со музиче и едно попладневно кафенце со добро друштво :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom