На денешен ден!

2009 Манчестер изгуби од Ливерпул:baeh::baeh::baeh::baeh:

Мала шала:smir:
 
1879 Во Улм, Германија, е роден Алберт Ајнштајн, американски физичар, Евреин со германско потекло, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. По доаѓањето на Хитлер на власт, Ајнштајн се откажа од германското државјанство и емигрира во САД. Покрај општата теорија на релативитетот го објави и законот за фотоелектричниот ефект со помош на квантната теорија и во 1921 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Принстон, на 18 април 1955 година.
:vozbud:
 
Денеска е Светски ден за заштита на потрошувачите
44г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група републикански заговорници го убија Гај Јулиј Цезар, римски восководец и државник, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Убиството на Цезар го означи почетокот на граѓанската војна, во која загинаа сите заговорници. По повеќегодишни воени пресметки власта ја приграби итриот Октавијан, кој воведе монархија против која се бореа заговорниците. Цезар е роден на 12 јули 100 година пред нашата ера.
1493 Славниот италијански морепловец Христофер Колумбо се врати од Мајорка, во Шпанија, од своето прво патување, кога и ја откри Америка.
1776 Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година.
1848 Во Пешта, со востанието на граѓанските и пролетерските маси и студенти против националното и феудалното угнетување од апсолутистичка Австрија и од високото унгарско племство, избувна Унгарската буржоаско-демократска револуција.
1867 Виенскиот двор, поради постојаната криза која ја потресе Австрија од револуционерната 1848 година, се откажа од унитарната држава и од тогаш Австриското царство се претвори во Австро-Унагарија. На централно ниво останаа само војската, надворешните работи и заедничкиот сегмент на финансиите. Во се друго Австрија и Унгарија имаа самостојност, но се наоѓаа во персонална унија.
1883 Роден е рускиот револуционер Сергеј Миронович Костриков, познат како Сергеј Миронович Киров, чие убиство во Ленинград во 1934 година советскиот диктатпр Сталин го искористи како повод да почне со масовната чистка. До 1938 година Сталин успеа физички да ги ликвидира повеќето од старите револуционери, учесници и водачи во Октомвриската револуција.
1898 Умре англискиот инженер Хенри Бесемер, кој во 1855 година ја пронајде постапката за преработка на суровото железо во челик, наречена „Бесемерова постапка“. Челичарницата која ја подигна во 1859 година во Шефилд и сега произведува челик.
1907 Во Финска во собранието првпат беа избрани жени.
1916 Претседателот на САД Вудро Вилсон, под команда на генералот Џон Першинг, во Мексико испрати 12.000 војници за да го фатат мексиканскиот револуционер Панчо Вија, но експедицијата заврши неуспешно.
1917 Револуционерите го принудија на абдицирање рускиот цар Николај Втори кој престолот му го понуди на својот брат, големиот војвода Михаил, но тој следниот ден, под притисок, се откажа од круната, со што после три века заврши владеењето на Романовата династија.
1922 Египетскиот султан ја зеде титулата крал како Фахд Први.
1937 Првата централна банка за чување крв со замрзнување заради трансфузија е основана во чикашката болница „Кук Кантри“.
1939 Германските трупи влегоа во Прага и ја окупираа Чешка, а следниот ден и Словачка, со што беше остварен планот за уништување на Чехословачка. Под закана од големи напади и уништување на Прага, претседателот Емил Хах во Берлин го потпиша актот за предавање на земјата на Третиот рајх. По влегувањето на Германците во Прага, Хитлер изјави дека „Чехословачка веќе не постои“. Франција и Велика Британија не сторија ништо за да ја спасат независноста на Чехословачка за која претходните неколку месеци и гарантираа во Минхен.
1948 Воспоставен е редовен цивилен воздушен сообраќај меѓу Скопје и Белград и обратно.
1957 Умре српскиот политичар од еврејско потело Моша Пијаде, претседател на Собранието на ФНРЈ, сикар и новинар. Поради печатењето на весникот „Комунист“, илегалниот орган на Централниот комитет на КПЈ во 1925 година беше осуден на 20 години затвор. Во времето кое го минуваше во затвор ги преведе „Капиталот“, „Бедата на филозофијата“ и „Манифестот на комунистичката партија“ од Карл Маркс. На второто заседание на АВНОЈ кон крајот на 1943 година во Јајце беше потпретседател на Претседателството. Во Јаце на 5 ноември 1943 година ја основа Националната новинска агенција на Србија - Танјуг.
1974 Во Скопје умре Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет "Македонска повест". Роден е во селото Будинарци, беровско, на 8 мај 1914 година.
1981 Умре Рене Клер, француски филмски режисер и писател на книги за филмот. Во повеќето дела го прикажува животот на родниот Париз. Негови најпознати филмови се „Под покривите на Париз“, „14 Јули“, „Молчењето е злато“, „Убавината на ѓаволот“, „Големите маневри“ и други. Роден е во 1898 година.
1983 Умре англиската писателка Ребека Вест, која по престојот во Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патописно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: роамните „Враќањето на војникот“, „Судија“, „Хариет Хјум“.
1990 Михаил Горбачов е избран за прв и последен претседател на Советскиот Сојуз. Како единствен кандидат за оваа функција доби 59,2 отсто од гласовите во Конгресот на депутатите.
1990 Во Ирак е обесен дописникот на британскиот весник „Обзервер“ Гарзд Фазофт заради наводно шпионски активности и покрај апелите од целиот свет испратени до режимот во Багдад да не му се одзема животот.
1993 Израелскиот претседател на владата Јицак Рабин по состанокот со претседателот на САД Бил Клинтон изрази подготвеност за компромис со Сирија на начин што во замена за мировниот договор, ќе и отстапи дел од Голанската висорамнина.
1993 ПТТ "Македонија", вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.
1996 Германските власти издадоа налог за апсење на иранскиот разузнавачки министер Алија Фалајхин поради вмешаност во убиството на курдски водач во Берлин, во 1992 година.
1997 Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
2000 Во Скопје умре Живко Јаневски, уредник на фотографија во „Нова Македонија“, голем мајстор на фотографијта. Роден е во селото Градско, Велешко, на 1 август 1940 година.
2003 Ширум светот, од Токио и Бејрут, до Париз и Вашингтон, стотици илјади луѓе протестираа на улиците обидувајќи се да го спречат американскиот воен напад врз Ирак.
2007 Најмалку 49 индиски полицајци се убиени, а 12 ранети во нападот на комунистичките бунтовници маоисти на гарнизот Рани Бодли кој се наоѓа во џунгла, во државата Чатишгар, околу 1.500 километри југоисточно од Њу Делхи.
2007 Четворица американски војници загинаа во источниот дел на Багдад кога покрај нивното возило експлодира бомба поставена покрај патот. По овој инцидент, бројот на американските војници загинати во Ирак од почетокот на инвазијата ја надмина бројката од 3.200.
 
1907 Во Финска во собранието првпат беа избрани жени. :wink:
 
37.Умре римскиот цар Тиберие (Клаудиј Нерон Цезар Август) посинок на Октавијан Август, кој во текот на владеењето ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања, но ги подобри финансиите и администрацијата, посебно во провинциите. Претходно се прослави во воеите походи во Германија, Панонија и во Далмација.
1480 Во Саброза, Италија, е роден Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја, што подоцна го доби неговото име, на 16 март 1521 година стигна до Тихиот Океан на Филипинските Острови. Загина во борба со домородците на островот Макатан, на 27 април 1521 година.
1534 Англија ги прекина сите врски со Римокатоличката црква. 1736.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Батиста Перголези. Дело: операта „Служавка господарка“.
1751 Роден е американскиот државник Џемјс Медисон, „татко на американскиот устав“, претседател на САД од 1809 до 1817 година. Со Алекасандер Хамилтон и Џон Џејм ја нашпишаа „Федералистички акти“ заради придобивање поддршка за ратификација на уставот со кој наместо конфедерација, се воведува поцврстата унија на федерални држави на САД.
1787 Роден е Георг Симеон Ом, германски физичар. Го откри односот меѓу струјата и електромоторната сила, според неговото име наречен Омов закон. Тој даде значајни прилози во акустиката, во оптиката на кристалот и во математиката. "Ом" е единица за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки. Умре во 1854 година.
1851 Шпанија склучи конкордат со Ватикан според кој римокатоличката вера стана единствена религија во земајта.
1859 Роден е рускиот физичар и електроинженер Александар Степанович Попов, кој ја пронајде и ја воспостави првата радиотелеграфска врска. Го направи првиот радиоприемник, пред италијанскиот пронаоѓач Гиљемо Маркони.
1917 Ден после абдицирањето на рускиот цар Николај Втори, неговиот брат големиот војвода Михајло, под притисок, се одрече од круната со што после три века заврши владеењето на Романовата динасија.
1925 Во Берлин умре Аугуст фон Васерман, познат германски лекар, научник - бактериолог, кој во 1906 година прв го воведе методот за преглед на крвта. Роден е во 1866 година.
1930 Умре шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, профашистички диктатор на Шпанија од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обиде да ја обедини Шпанија под мотото „една земја, една вера, една монархија“, но не успеа да создаде прифатлив политички систем. Поднесе оставка под притисок на војската од која не ја доби поддршката.
1934 Во Рим е потпишан италијанско-унгарско-австрискиот „Дунавски блок“, со кој беше поддржана експанзионистичката политика на Италија кон „Малата антанта“ - Југославија, Чехословачка и Романија.
1935 Германија потполно ја отфрли клаузулата за разоружување предвидена со Версајскиот договор со кој заврши Првата светска војна.
1939 Словачка, еден ден откако германаските трупи ја окупираа Чешка, по директива на Адолф Хитлер, е прогласена за „независна држава“, со што Чехословачка беше уништена.
1940 Роден е италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи. Филмови: „Пред револуцијата“, „Партнер“, „Конформист“, „Последно танго во Париз“, „Дваесетти век“, „Месечина“, „Смешен човек“, „1900“, „Последниот кинески цар“.
1956 Во Париз умре Ирена Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири, пронаоѓачи на радиумот. Ирена Жолио - Кири и нејзиниот маж Жан Фредерик Жолио во 1935 година ја добија Нобеловата награда за хемија. Родена е во Париз, на 12 септември 1897 година.
1962 Лансиаран е првиот советски сателит од серијата „Космос“. 1968.- Американските трупи во Виетнамската војна масакрираа најмалку 500 виетнамски цивили во селото Ми Лај, вклучувајќи деца и жени, меѓу кои и многу бремени жени. За ова злосторство иако целиот свет беше згрозен никој од сторителите не беше казнет.
1978 Терористичката организација „Црвени бригади“ во Рим го киднапира поранешниот италијански премиер Алдо Моро. Терористите го држеа во заложништво до мај 1978 година, кога и го убија.
1987 Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
1993 Во подметната експлозија во индискиот град Калкута загинаа 69 луѓе. 1999.- Европската комисија поднесе колективна оставка, првпат од основањето на ова извршно тело на Европската унија.
2005 Израелската армија го предаде градот Јерихон под палестинска управа.
2007 Тројца бомбаши-самоубијци со камиони наполнети со хлор во одвоени инциденти погодија цели околу градот Фалуџе, усмртувајќи најмалку осум лица, ранувајќи десттина лица и принудувајќи 350 Ирачани и повеќе американски војници да побараат медицинска помош поради изложеност на штетните материи.
 
1939 Словачка, еден ден откако германаските трупи ја окупираа Чешка, по директива на Адолф Хитлер, е прогласена за „независна држава“, со што Чехословачка беше уништена.
 
180 Умре Марко Аурелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото "Разгледување за самиот себе" во 12 книги. Роден е на 26.04.121 година.
1834 Роден е германскиот инжинер Готлиб Вилхелм Дајмлер кој во 1883 го конструирал првиот автомобилски бензински мотор. Тој мотор им овозможил брзина на возилата од 18 километри на час. Во 1890 година ја основал компанијата "Дајмлер Моторен-Гезелшафт" која 26 години по неговата смрт, во 1926 година се споила со фабриката Карло Бенц во компанија "Дајмлер-Бенц", производител на автомобилите "мерцедес".
1891 Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947 Во Скопје е формирана првата Хирушката клиника во Македонија.
1958 САД од космодромот Кејп Каневерал во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит "Вангард".
1963 При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969 Голда Меир, како прва жена во историјата на Израел ја презеде должноста премиер.
1976 Умре Лукино Висконти, италијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на наореалистичката филмска школа. Познати се неговите филмови "Земјата трепери", "Роко и неговите браќа", "Смрт на Венеција", "Гепард". Роден е на 2.11.1906 година.
1992 Република Македонија и Република Словенија воспоставија дипломатски односи.
1998 Жу Ронгџи стана премиер на Кина.
 
1584.Вo Санкт Петербург умре Иван Четврти Василевич - Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавје. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојуваше со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за земјата. Наречен е „Грозни“ поради грубоста во остварувањето на своите планови. Во настап на бес го уби и својот син. Роден е на 25 август 1530 година.
1745 Умре англискиот државник Роберт Волпол, прв британски премиер. Претседател на владата беше од 1721 до 1742 година, најдолг во историјата на Велика Британија.
1837 Роден е американскиот државник Стивен Гровер Кливлен, претседател на САД од 1885 до 1889 и од 1893 до 1897 година.
1842 Роден е францускиот писател Стефан Маларме кој значително влијаел на француската поезија. Дело: „Песни и проза“.
1844 Во Тихвин е роден Николај Андреевич Римски - Корсаков, руски композитор, диригент и педагог, професор на Петроградскиот конзерваториум и член на групата „Петмина композитори“, мајстор на инструментацијата и техниката. Покрај другото, компонирал 15 опери, од кои најпознати се „Царска невеста“, „Снегурочка“, „Садко“, „Мајска ноќ“ и други. Умре во Лубенск, кај Санкт Петербург, на 21 јуни 1908 година.
1848 Во Милано изби бунт против Австрија така што австрискиот фелдмаршал Јохан Јозеф Радецки мораше да ги повлече трупите од градот.
1858 Во Париз е роден Рудолф Дизел, германски инженер и научник. Во 1897 година, тој го конструира првиот мотор со внатрешно согорување на принципот со самопалење, наречен "дизел-мотор". Умре на 29 септември 1913 година.
1869 Роден е Артур Невил Чембрлен, британски политичар и државник водач на Конзервативната партија. Спрема агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање и двоумење, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и до почетокот на Втората светска војна. Умре на 9 ноември 1940 година.
1871 Прогласена е Париската комуна, прва пролетерска револуција во историјата, кога работничката класа воспостави власт и почна да управува со политичкиот и со општествениот живот во Париз, кој уште тогаш имаше повеќе од милиони жители. Иако траеше само 15 дена, таа изврши многу општествени реформи кои му дадоа правец на идниот социјалистички развиток.
1909 Во Софија умре Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата "Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина", "Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин", како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија. Роден е во Охрид, на 1 февруари 1834 година.
1913 Во Солун е убиен грчкиот крал од данско потекло Ѓорѓе Први, кој владееше со Грција од 1836 година.
1921 Бољшевиците со војска во крв го задушија бунтот во Кронштат, главната база на руската Балтичка флота. Бунтот го предизвикаа морнарите на флотата барајќи економски реформи и окончување на болшевичката политичка доминација. Кронштанските морнари и работници во 1917 година силно ги поддржуваа бољшевиците, и беа едни од најголемите поддржувачи на Октомвриската револуција.
1922 Британскиот колонијален суд на шест години затвор го осуди водачот на индиското движење за независност Махатма Ганди поради водење кампања за граѓанска непослушност.
1932 Роден е американскиот писател Џон Хојер Апдајк. Дела: „Кентаур“, На фарма“, „Парови“, „Ожени ме“ „Државен удар“, „Вештерките од Иствик“, збирка раскази „Иста врата“, „Голубови перја“, „Музичко школо“, „Проблеми“, „Музеи и жени“.
1936 Роден е јужноафриканскиот државник Фредерик Виле де Клерк, кој придонесе за окончување на расната дискриминација. Како преседател на Јужна Африка во почетокот на дваесеттите години од 20. век одлучувачки влијаеше на демонтирањето на режимот на апартхејдот.
1936 Умре грчкиот државник Елефтериос Венизелос, основач на Либералната партија. Беше пет пати престедател на владата од 1910 до 1933 година. Како премиер ги реформираше работничкото и аграрното законодавство и ги реаорганизира копнената армија и воената морнарица. Во пролетта 1935 година се обиде со револуција да ја спречи обновата на монархијата, но не успеа и мораше да емигрира во Франција каде и умре.
1938 Мексиканскиот претседател Ласаро Карденас ги национализираше сите приватни нафтени компании и го формира државниот нафтен монопол „Пемекс“.
1946 Француска Гијана, Мартиник и Гвадалуп добија статус на прекуморски департмани и станаа интегрален дел на Франција.
1948 Советскиот Сојуз од тогашна Југославија ги повика воените стручњаци, а следниот ден и цивилите, под изговор дека „се опколени со непријателство“ во обид југословенското раководство под притисок да го натера да го прифати курсот кој го наметна Информбирото, односно Москва.
1962 Во швајцарското градче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за ослободување на таа земја од француската колонијална власт.
1965 Во Рим умре поранешниот египетски крал Фарук Први, последниот монарх во Египет. На престолот застана во 1936 година, а во 1952 година од престолот го тргнаа побунетите офицери, по што беше принуден да оди во бегство.
1969 Претседастелот на САД Ричард Никсон издаде тајна наредба за бомбардирање на Камбоџа.
1970 Проамериканскиот генерал Лон Нол во Камбоџа изведе државен удар додека принцот Нород Сиханук беше во посета на Москва.
1975 Собранието на Тунис за доживотен претседател го прогласи Хабиб Бургиб.
1980 Умре Ерих Фром, германски филозоф. Критички ги толкува тезите на Фројд и ги анализира причините на самоотуѓувањето и деструктивноста. Најпознати негови дела се "Бегство од слобода", "Здраво општество" и други. Роден е во 1900 година.
1983 Умре поранешниот италијански крал Умберто Втори, последниот монарх на Италија, кој на престолот беше само еден месец. Стана крал во мај во 1946, по абикацијата на својот татко Виторио Емануел Трети, но и сам абдицираше во јуни 1946 година, бидејќи Италијаните на референдум се определија за република, по што мораше да емигрира и умре во Швајцарија.
1996 Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи.
1997 Израелците почнаа со изградба на еврејската населба Хар Хома во источен Ерусалим предизвикувајќи огорчени протести кај Палестинците.
1996 Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија.
2000 Со победа на кандидатот на Демократската партија на прогресот Чен Шуи Бијан, поддржувач за независност на Тајван од Кина, заврши 50-годишното владеење на Националистичката партија.
2003 Претседателот на Ирак Садам Хусеин, во едно од ретките појавувања пред јавноста, облечен во унифрма, преку телевизијата им соопшти на Ирачаните дека го отфрлил американскиот ултиматум да оди во бегство или да се соочи со војна.
2004 Во Скопје умре Тодор Мицов, маекдонски писател и критичар. Автор е на книгите поезија „Крепости“, „Збор и слика“, „Од 1 до 101“, „Скалила“, на монографијата „КУД Григор Прличев“ и на други дела. Роден е во селото Калиманци, Виничко, на 12 јуни 1949 година.
2007 Во судар на два товарни брода во Источнокинеското море, осум лица го загубија животот додека уште девет се водат за исчезнати. До сударот на еден кинески брод и еден брод регистриран во Хонг Конг, дојде во близина на брегот на провинцијата Џеџианг.
 
1903 - Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
 
1519.Роден е францускиот крал Анри Втори, татко на трите крала - Франсое Втори, Шарл Деветти и Анри Трети. Во текот на владеењето од 1547 до смртта во 1559 година, со поддршка на сопругата Катерина од Медичи, започна со ситематското прoгонување на хугенотите (француски протестанти) со што во 1562 година ја предизвика верската војна која Франција ја протресуваше цели 36 години.
1563 Со мировен договор во Амбоаза заврши верската војна во Франција со што хугенотите (француските протестанти) се здобија со ограничена слобода за религиска исповед.
1628 Англичаните во Америка ја основаа колонијата Масачусетс.
1629 Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики, кој во текот на владеењето од 1645 до 1676 годна, го задуши бунтот на кметовите и градското население.
1812 Шпанското собрание (кортес) во Каса усвои либерален устав. По враќањето на престолот во 1813 година кралот Фердинанд Седми го укина уставот и го обнови стариот поредок, но по избувнувањето на востанието во 1820 година, под притисок на востаниците го врати на сила.
1813 Роден е Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент. Ги откри Викторините водопади, езерото Њаса и многу други езера. Повеќе од 30 години престојуваше во Африка. Умре во 1873 година и како најголем британски истражувач на Африка, погребан е во Вестминистерската катедрала во Лондон.
1817 Во Братислава е роден Јосиф Милослав Хурбан, словачки писател, критичар и историчар. Најпознати негови дела се „Словачка и нејзиниот културен живот“, „Биографија на Људевит Штур“ и други. Умре во 1888 година.
1821 Роден е англискиот истражувач, писател, преведувач и дипломат Ричард Бартон, прв Европеец кој предводејќи ја експедицијата со Џон Ханинг Спик во 1858 година го виде езерото Тангањика во Африка. Работел во британската војска во Индија, а бил и конзул во Бразил, Сирија и во Италија. Како исклучителен полиглот многу преведувал, вклучувајќи ги прекрасните преводи на арапските приказни „Илјада и една ноќ“ во 16 тома, „Миризливата градина на шеикот Нефзау“. Напишал повеќе од 50 патописни книги од различни делови на светот, повеќето егзотични. Дела: „Првите чекори во Источна Африка“...
1873 Роден е Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам. Умре на 11 мај 1916 година.
1849 Роден е германскиот адмирал Алфред фон Тирпиц, кој како министер на морнарицата од 1897 до 1916 година значително придонесе за усовршување на моќната германска воена флота. Ги напиша мемоарите „Сеќавања“.
1872 Роден е рускиот балетски кореограф Сергеј Павлович Ѓагиљев, еден од најголемите во историјата на балетот, основач на прочуената група „Руски балет“, која со исклучителен успех настапуваше од 1909 до 1920 година.
1900 Роден е францускиот нуклеарен физичар и хемичар Жан Фредерик Жолио, познат како Жан Фредерик Жолио Кири, кој заедно со сопругата Ирена, ќерка на нобеловците Пјер и Марија Кири, во 1935 година ја поделија Нобеловата награда за хемија. Први ги создадоа вештачките радиоактивни супстанции: никлид фосфор, азот, силициум. Од 1946 година раководеше со Комесаријатот за атомска енергија и под негово раководство во 1948 година констуиран беше првиот француски атомски реактор.
1903 Идеологот на ТМРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, Серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
1906 Роден е германскиот воен злосторник Адолф Ајхман, главниот извршител на замислата на Адолф Хитлер за „конечното решавање“ на еврејското прашање во време на Втората светска војна. На судскиот процес во Израел беше утврдено дека тој во Европа раководел со злосторничката машинерија која во смрт испрати шест милиони луѓе, повеќето Евреи, за што му беше изречена смртна пресуда и во 1962 година беше обесен.
1917 Силите на Антантата во Првата светска војна спроведоа поморска блокада на Грција со што го покренаа процесот на политички борби и ја доведоа во нивниот воен сојуз, поради што прогерманскиот ориентиран крал Константин Први во 1917 година абдицираше во корист на синот Александар.
1920 САД одбија да го потпишат Версајскиот договор по Првата светска војна и да му се придружат на Друштвото на народите, поради страв од вовлеквуање во војна во случај на напад врз некоја од членките на Друштвото.
1925 Во Прилеп е роден Јордан Грабулоски, македонски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Од своите дела, со својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено отворен на 2 август 1974 година. Умре во Скопје, на 26 мај 1986 година.
1930 Умре англискиот државник Артур Џејмс Балфур, премиер на Велика Британија од 1902 до 1906 година. Како државен секретар за Ирска од 1887 до 1892 година се стекна со прекарот „Крвавиот Балфур“, поради начинот на кој го задушуваше ирското движење за независност, а како шеф на дипломатијата во 1917 година го објави планот (Балфурова декларација) за создавање на нациоална држава на Евриете во Палестина. Првиот странски шеф на држава кој ја поддржа Балфуровата декларација беше кралот на Србија, Петар Први Караѓорѓевиќ.
1933 Роден е американскиот писател Филип Рот. Дела: романите „Гради“, „Наша банда“, „Голем американски роман“, „Професор за желби“, „Кога беше добра“, „Ослободениот Цукерман“, збирката раскази „Збогум Колумбус“, есејот „Читајќи се себе и другите“.
1943 Во Тетово е формиран Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија.
1945 Владата на Велика Британија ја призна владата на Демократска Федеративна Република Југославија на чело со Тито.
1950 Умре американскиот писател Едгар Рајс Бароуз, познат по серијата пупуларни романи за Тарзан.
1970 Прв пат од создавањето на Западна и Источна Германија, во Ерфурт се сретнаа шефовите на влади на двете земји, Вили Брант и Вили Штоф.
1971 Најмалку 160 луѓе загинаа при ненадејното лизгање на земјата северно од бразилскиот град Сао Паоло.
1976 Во Загреб умре Иво Тијардовиќ, хрватски компиозитор, диригент и сценограф, еден од најистакнатите во поранешна Југославија. Роден е во Сплит, на 18 септември 1895 година.
1977 Во претседателската резиденција во Бразавил (поранешниот Француски Конго) беше убиен претседателот на Конго Маријен Нгуаби, за што обвинет и потоа погубен беше поранештниот шеф на државата Алфонс Масамба Деба. Власта ја презеде воената хунта, а за претседател во април 1977 година беше прогласен полковникот Јоаким Јомби Опанго.
1978 Во настојувањата да ги спречи упадите на арапските терористи, израелската армија окупира поголем дел на југот од Либан.
1982 Во Скопје умре Адем Гајтани, писател и преведувач од албанска националност во Македонија. Автор е на книгите „Светлина на срцето“, „Морска ѕвезда“, „Лебедова песна“ и други. Роден е во селото Подуево, Косово, на 21 јули 1939 година.
1994 Во експлозија на бомба подметната во подземната железница во главниот град на Азербејџан, Баку, загинаа 12 луѓе.
1994 Трупите на владата на Пном Пен го зазедоа градот Паилин на осток во Камбоџа, главното упориште на маоистичкото герилско движење „Црвени кмери“.
1996 Во главниот град на Филипините, Манила, во пожар во една дискотека загинаа најмалку 150 луѓе.
1997 Умре американскиот сликар од холандско потеко Вилем де Кунинг, втемелувач на апстрактниот експресионизам.
1999 Во експлозија на бомба која ја активираа исламски чеченски терористи на пазар во јужниот руски град Владикавказ, згинаа повеќе од 150 луѓе.
1999 По гаранцијата на саудискиот крал Фахад и јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела за чесното судење, Либија се согласи шкотското правосудство до 6 април 1999 година да ги предаде двајцата Либијци кои беа осомничени за подметнување на експлозија во американскиот патнички авион „Боинг 747“ во декември 1988 година врз Локерби во Шкотска во која загинаа 270 луѓе.
2000 Во Скопје е одржано Основачкото собрание на политичката партија Демократски сојуз. За претседател е избран Павле Трајанов.
2001 Изборите за градоначалник на Париз ги доби социјалистот Бертран Деланое, со што левицата ја презеде власта во главниот град на Франција, првпат за 130 години од времето на Париската комуна.
2002 Комонвелтот одлучи на една година да го суспендира Зимбабве од членството бидејќи еден дел од челниците сметаше дека претседателските избори во оваа земја не биле слободни и демократски.
2004 Тајванскиот претседател Чен Шуи Биан беше ранет со куршум во стомакот во градот Таинан во текот на претседателската изборна кампања.
2006 Умре прочуениот американски моден креатор Олег Касини. Го облекуваше Џеки Кенеди и многу ѕвезди од Холивуд. Роден е во 1913 година во Париз, од мајка италијанска грофица и татко руски гроф и дипломат. Пораснал во Италија, каде го отвори својот прв моден салон, за потоа во 1936 година да емигрира во САД и истата година да почне да дизајнира костими за филмските студија. Ги облекуваше многу познатите ѕвезди како што се Натали Вуд, Грејс Кели, Менри Монро и Џин Тирни која во 1941 година стана и негова сопруга. Во 1960 година Касини стана официјален моден креатор на тогашната прва дама на Америка Жаклина Кенеди, која благодарејќи на неговите креации стана една од најелегантните жени во Вашингтон.
2007 Во експлозија во рудникот „Уљановскаја“ во Кемеровската област во Русија, загинаа 102 од вкупно 203 рудари кои се наоѓаа во рудникот во моментот на експлозијата. Рудникот за јаглен „Уљановскаја“ е еден од најмодерните во Кузбашкиот регион.
 
1727 - Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. Ги удри темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри Природниот закон за општа гравитација, за меѓусебно приближување на сите тела, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Роден е во Вулстроп, на 25.12.1642 година.
 
Хмммм...
На денешен ден пред 50 години се изгради црното ПТТ:pos2::pos2:
па ај нека му се множат
 
43 п.н.е.- Роден е Публиј Овидиј Насон, еден од најталентираните римски поети, пријател на Вергилиј и Хорациј. Во своите исклучително музикални стихови најмногу внимание и посветуваше на љубовта. Неговите дела се одликуваат со фантазија, со психолошко забележување, со духовитост и хомор. Умре во 17-та година на новата ера.
1413 Умре англискиот крал Хенри Четврти, основач на династијата Ланкастер. На престолот дојде во 1399 година симнувајќи го својот братучед, кој во 1400 година под мистериозни околности умре во заробеништво во замокот Понтефракт. Во текот на владеењето ги задуши бунтовите на Велшаните и Ричардовите поддржувачи, но цената на тие војни беше големото оданочување на поданиците и исцрпувачката борба со парламентот за контрола на кралската каса. Последната година од неговото владеење го одбележа неговата тешка болест и острите фракциски борби во врвот на власта.
1727 Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. Ги удри темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри Природниот закон за општа гравитација, за меѓусебно приближување на сите тела, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Роден е во Вулстроп, на 25 декември 1642 година.
1815 Францускиот цар Наполеон Први триумфално се врати во Париз од прогонство на средоземниот остров Елба. По „100-те дена владеење“ во битката кај Ватерло во јуни 1815 година беше поразен од силите на антифранцуската коалиција и доживотно беше протеран на островот Света Елена во Атлантскиот Океан.
1828 Роден е Хенри Ибзен, норвешки писател. Во своите дела го осуди современото буржоаско општество и односите што владееја во него. Негови најпознати дела се "Нора", "Комедија на љубовта", "Непријател на народот" и други. Умре во Осло, на 23 мај 1906 година.
1875 Роден е корејскиот државник Сингман Ри, прв претседател на Јужна Кореја, кој по поделбата на Корејскиот Полуостров, како водач на Либералната партија во 1949 година стана шеф на државата. Од власта се повлече во 1960 година.
1890 Роден е италијанскиот пејач Бењамино Ѓиљи, еден од најголемите оперски тенори во 20. век. Повеќе од 40 години импресивно толкуваше 60-ина улоги, посебно во оперите на италијанските и француските композитори. Исто така, играше и во низа филмови.
1894 Умре унграскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската револуција во 1848 година, еден од најголемите противници на режимот на Хабзбуршката монархија. По упадот на хрватските сили предводени од банот Јосип Јелаичиќ во Унгарија во септември 1848 година, го организираше Комитетот за одбрана на татковината. Ги победи Хрватите и тргна кон Виена за да се пресмета со Хабзбурците, но унгарските реакционерни офицери го осуетија планот. Народното собрание во април 1849 година прогласи независност и ја симна монархијата, а во мај го избра за прв претседател на владата на слободна Унгарија. Републиката набрзо подлегна на надворешните воени напади. Емигрираше во август во 1849 година во Италија, а во Торино остана се до неговата смрт.
1898 Во селото Ѓувљанци, Кукушко, каде што беа откриени осум души од Кукушката чета, во тричасовна борба против турската војска загина еден четник, како и неколкумина војници. Тоа беше единствен судир со турската војска што се случи две години од појавувањето на првите агитационо-организаторски чети во Македонија.
1908 Роден е англискиот театарски и филмски глумец Мајкл Редгрејв. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунингова верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осаменоста на тркачот на долги патеки“, „Јуришот на лесната коњаница“, „Демони“.
1915 Роден е рускиот клавирист од германско потекло Свјатослав Теофилович Рихтер, најзначајниот пијанист во 20. век. Според одредени музички критичари, најголем пијанист во историјата на музиката. Оригинално ги толкуваше композициите од различни епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника со што ја воодушевуваше концертната публика ширум светот.
1929 Умре францускиот маршал Гердинанд Фош, кој во Првата светска војна командуваше во клучните битки против Германците на Западниот фронт.
1933 Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.
1934 Во Софија умре Ѓакон Евстати, македонски револуционер. Покрај другото, водеше борба против великогрчките, великобугарските и великосрпските чети во Македонија. Роден е во селото Нестрам, Костурско, во 1873 година.
1945 Во Втората светска војна почнаа завршните операции за ослободување на Југославија, за што клучна улога имаше пробивот на Сремскиот фронт три недели подоцна.
1956 Франција ја призна независноста на Тунис.
1972 Во лавина на планината Фуџи во Јапонија загинаа 19 алпинисти.
1980 Во Скопје умре Волче Наумчески, македонски писател. По Втората светска војна објави голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат "Поема за злото", "Пролетни желби", "Виорно време", "Седумдесет цветови" и други. Роден е во Прилеп, на 31 јануари 1916 година.
1986 Во Њујорк умре Бернард Маламуд, американски писател. Добитник е на Пулицеровата награда за романот „Поправувач“ (1971). Во 1979 година беше претседател на Американскиот ПЕН-клуб. Роден е во 1914 година.
1991 По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје е формирана првата Влада на Социјалистичка Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1991 Каледа Зија е избрана за премиер на Бангладеш.
1992 Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет. За претседател е избран Васил Тупурковски.
1994 Тунис го доби првото повеќепартиско собрание.
1995 Во Ирак упаднаа 35.000 турски војници во операцијата против курдските бунтовници.
1995 Во напад со нервен гас на јапонската верска секта АУМ Шинркјо во токиската подземна железница беа задушени 12 луѓе, а повеќе од 5.500 повредени.
1996 Еден од клучните ирачки генерали во Заливската војна Назар Хазраџи пребегна во Јордан.
1996 Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
1996 Во Скопје, во издание на приватното претпријатие „Круг“, излезе првиот број на дневниот весник „Дневник“.
2001 Најголемата нафтена платформа во светот за само неколку минути потона спроти бразилскиот брег, пет дена по силната експлозија во која загинаа 11 луѓе.
2003 Американските и британските сили ја почнаа инвазијата на Ирак, и покрај противењето на Франција, Русија, Кина и Германија, за само два часа по истекот на ултиматумот кој му го постави претседателот Џорџ Буш на Хадам Хусеин со синовите и соработниците да ја напушти земјата.
2005 САД ја усвоија стратегијата за превентивни удари против државите кои претставуваат закана.
2007 Најмалку 63 лица настрадаа во пожарот кој изби во дом за стари лица во местото Камишевачка, на Кавказ, во југозападна Русија, а беа повредени уште 30-ина.
2007 Најмалку 29 луѓе загинаа, а 30 беа повредени кога автобус се преврти и запали на автопат во Тајланд.
2007 Светската здравствена организација објави дека во супсахарска Африка во последните два месеци од менингитис умреле 1.670 лица, а уште 16.000 биле заразени со оваа болест.
 
1556.Кентерберијскиот надбискуп Томас Кренмер беше спален како еретик за време на римокатоличката реакција на кралицата Мери Прва. Како главен застапник на верската реформа во Англија воведе литургија на англискиот јазик и го состави „Општиот молитвеник“ на англиски.
1685 Во Ајзенах е роден Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката. Беше познат како виртуоз на оргули. Тој го доведе до совршенство барокот, усовршувајќи ги и продлабочувајќи ги дотогашните средства на музичкиот израз. Се смета дека неговите "Голдберг-варијации" за инструменти со калвиши и жици претставуваат ремек-дело. Умре во Лајпциг, на 28 јули 1750 година.
1804 Стапи на сила Наполеоновиот кодекс, француски кривичен и граѓански закон, со кој царот Наполеон Први, тогаш „доживотен конзул“, го реформираше правосудството.
1806 Роден е мексиканскиот државник Бенито Пабло Хуарес, по потекло од селско индијанско семејство, кој како претседател од 1858 до 1865 и од 1867 до 1872 година го донесе законот за одвојување на црквата од државата и спроведе низа мерки значајни за социјалниот и економскиот развој на земјата. Од 1858 година во тригодишната граѓанска војна ја предводеше борбата против реакционерните кругови кои ја соборија законската влада. Во текот на француската интервенција од 1861 до 1867 година ја предводеше борбата за независност на земјата, која заврши со пораз на интервенционистите и со стрелање на неговиот експонент царот Максимилијан Хабзбург.
1829 Во земјотресот, што ја зафати Шпанија, загинаа 6.000 луѓе.
1831 Австриската војска влезе во Италија за да му помогне на реакционерниот режим на италијанските државници во згаснување на народното востание.
1839 Во селото Крево, Псковско, е роден Модест Петрович Мусоргски, руски композитор, претставник на руската национална школа, застапник на реалистичкиот правец, член и најславен творец на композиторската „Група на петмина“. Поважни дела му се оперите „Борис Годунов“, „Хованшчина“, „Сорочински саем“, клавирската композиција „Слики од изложбата“ и други. Умре во Санкт Петербург, на 28 март 1881 година.
1871 Канцеларот Ото фон Бизмарк ја отвори првата седница на Рахјштагот (собранието) на новосоздаденото Германско царство.
1884 Во Франција се легализирани синдикатите.
1898 Во Блато, во Словенија, е роден Луј Адамич, американски писател од словенечко потекло. За време на Втората светска војна своите литературни и политички сили ги посвети на НОВ на народите на Југославија. Умре во Милфорд, во САД, на 14 ноември 1951 година.
1917 Бољшевиците откако го уапсија рускиот цар Никола Втори го принудија да абдицира. Царот, сите членови на неговото семејство и послугата, по наредба на Ленин водачот на Октомвриската револуција, беа ликвидирани, а потоа и искасапени во Екатеринбург (подоцна Свердловск) во јуни 1918 година.
1918 Со последната германска офанзива во Првата светска војна почна втората битка на Сома.
1919 Прогласена е Советската Унгарска Република, создадена без крвопролевање. Претседател на владата стана социјалистот Шандор Гарбаи, а комесар за надворешни работи водачот на комунистите Бела Кун. Владата ги национализираше индустриските и сообраќајните претпријатија, како и рудниците, банките и трговијата, воведе осумчасовно работно време и презеде дуги социјални мерки. Републиката падна на 1 август 1919 година, а главната улога во нападот ја имаа чехословачките и романските војници.
1945 Британски авиони во Втората светска војна го бомбардираа седиштето на Гестапо во Копенхаген при што загинаа повеќе од 70 германски нацисти, а по грешка погодија и француско училиште, усмртувајќи 86 деца и 10 калуѓерки.
1952 Кваме Нкрумах стана шеф на владата на Златниот Брег (подоцна Гана), како прв Африканец јужно од Сахара на функцијата претседател на влада.
1960 Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1960 Во Сао Паоло е роден Аиритон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Загина за време на трката во Имола, Италија, на 1 мај 1994 година.
1963 Затворен е злогласниот затвор „Алкатраз“ во заливот Сан Франциско.
1973 На вонредното заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации во Панама, САД и ставија вето на резолуцијата со која се бараше на Панама Вашингтон да и го врати назад суверенитот врз зоната Панамски канал.
1975 Комунистичката влада на водачот на пучистите во Етиопија потполковникот Менгисто Хаиле Маријамо соопшти дека е укинато 3.000 години старото царство. Последниот негус (цар) Хаиле Селаси, иако беше симбол на борбата за слобода, беше најбрутално убиен, а на јавноста и беше соопштено дека умрел од природна смрт.
1977 Премиерот на Индија, Индира Ганди поднесе оставка.
1985 Умре англискиот театарски и филмски глумец Мајкл Редгрејв, еден од најголемите актери во британското глумиште во 20. век. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунинговата верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осамениот тркач на долги патеки“, „Јуриш на лесната коњаница“. „Демони“.
1990 Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност.
1990 Во етнички судар меѓу Романци и Унгарци во романскиот град Тирг Муреш загинаа шест лица.
1991 Падот на саудискиот транспортен авион во Кувајт не го преживеа никој од 92 сенегалски војници и шест саудиски членови на екипажот.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1997 Претседателите на Русија и САД, Борис Елцин и Бил Клинтон, на самиотот во Хелсинки дадоа согласнсот за намалување на нуклеарните арсенали на двете земји.
1998 Умре руската балерина Галина Сергеевна Уланова, водечка балерина во „Бљшој театарот“ по Втората светска војна. Дебитираше во 1928 година во „Киров театар“, веднаш покажувајќи го раскошниот талент, по што набрзо стана прва балерина на „Бољшој театарот“. Пекрасно ги толкуваше водечките рољи во балетите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“, „Жизел“, „Пеперутка“, „Ромое и Јулија“. На крајот на играчката кариера стана балетски педагог во кореографското школо на „Бљшој театарот“.
1998 Во Скопје е одржано Основачкото собрание на политичката партија Демократска алтернатива. За претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1999 Албански терористи во напад на полициска патрола во центарот на Приштина убија четворица полицајци.
2000 Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори допатува во прва официјална посета на Израел.
2000 Тајванското собрание ја изгласа одлуката за укинување на забраната за директна трговија, сообраќај и поштенски врски со Кина, која важеше 50 години.
2002 Експлозијата пред американската амбасада во Лима, во која беа убиени девет лица, не го спречи претседателот на САД Џорџ Буш да го посети Перу.
2003 При пад на хеликоптер на ирачката граница, загинаа осум британски и четворица американски војници, кои се првите познати жртви меѓу напаѓачите на Ирак.
2004 Во судирот на непалските трупи со маоистичките бунтовници загинаа најмалку 500 бунтовници и 18 војници и полицајци.
2004 Авганистанскиот министер за цивилно воздухопловство Мирваис Садик, син на моќниот гувернер на провинцијата Херат, е убиен во напад од заседа во градот Херат, на запад во Авганистан.
2007 Најмалку 31 лице го загубија животот во одроните на земјиштето предизвикано од обилните дождови во пакистанскиот дел на Кашмир.
 
На денешен ден снема струја у Ново Лисиче цели 10 минути.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom