1519.Роден е францускиот крал Анри Втори, татко на трите крала - Франсое Втори, Шарл Деветти и Анри Трети. Во текот на владеењето од 1547 до смртта во 1559 година, со поддршка на сопругата Катерина од Медичи, започна со ситематското прoгонување на хугенотите (француски протестанти) со што во 1562 година ја предизвика верската војна која Франција ја протресуваше цели 36 години.
1563 Со мировен договор во Амбоаза заврши верската војна во Франција со што хугенотите (француските протестанти) се здобија со ограничена слобода за религиска исповед.
1628 Англичаните во Америка ја основаа колонијата Масачусетс.
1629 Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики, кој во текот на владеењето од 1645 до 1676 годна, го задуши бунтот на кметовите и градското население.
1812 Шпанското собрание (кортес) во Каса усвои либерален устав. По враќањето на престолот во 1813 година кралот Фердинанд Седми го укина уставот и го обнови стариот поредок, но по избувнувањето на востанието во 1820 година, под притисок на востаниците го врати на сила.
1813 Роден е Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент. Ги откри Викторините водопади, езерото Њаса и многу други езера. Повеќе од 30 години престојуваше во Африка. Умре во 1873 година и како најголем британски истражувач на Африка, погребан е во Вестминистерската катедрала во Лондон.
1817 Во Братислава е роден Јосиф Милослав Хурбан, словачки писател, критичар и историчар. Најпознати негови дела се „Словачка и нејзиниот културен живот“, „Биографија на Људевит Штур“ и други. Умре во 1888 година.
1821 Роден е англискиот истражувач, писател, преведувач и дипломат Ричард Бартон, прв Европеец кој предводејќи ја експедицијата со Џон Ханинг Спик во 1858 година го виде езерото Тангањика во Африка. Работел во британската војска во Индија, а бил и конзул во Бразил, Сирија и во Италија. Како исклучителен полиглот многу преведувал, вклучувајќи ги прекрасните преводи на арапските приказни „Илјада и една ноќ“ во 16 тома, „Миризливата градина на шеикот Нефзау“. Напишал повеќе од 50 патописни книги од различни делови на светот, повеќето егзотични. Дела: „Првите чекори во Источна Африка“...
1873 Роден е Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам. Умре на 11 мај 1916 година.
1849 Роден е германскиот адмирал Алфред фон Тирпиц, кој како министер на морнарицата од 1897 до 1916 година значително придонесе за усовршување на моќната германска воена флота. Ги напиша мемоарите „Сеќавања“.
1872 Роден е рускиот балетски кореограф Сергеј Павлович Ѓагиљев, еден од најголемите во историјата на балетот, основач на прочуената група „Руски балет“, која со исклучителен успех настапуваше од 1909 до 1920 година.
1900 Роден е францускиот нуклеарен физичар и хемичар Жан Фредерик Жолио, познат како Жан Фредерик Жолио Кири, кој заедно со сопругата Ирена, ќерка на нобеловците Пјер и Марија Кири, во 1935 година ја поделија Нобеловата награда за хемија. Први ги создадоа вештачките радиоактивни супстанции: никлид фосфор, азот, силициум. Од 1946 година раководеше со Комесаријатот за атомска енергија и под негово раководство во 1948 година констуиран беше првиот француски атомски реактор.
1903 Идеологот на ТМРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, Серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
1906 Роден е германскиот воен злосторник Адолф Ајхман, главниот извршител на замислата на Адолф Хитлер за „конечното решавање“ на еврејското прашање во време на Втората светска војна. На судскиот процес во Израел беше утврдено дека тој во Европа раководел со злосторничката машинерија која во смрт испрати шест милиони луѓе, повеќето Евреи, за што му беше изречена смртна пресуда и во 1962 година беше обесен.
1917 Силите на Антантата во Првата светска војна спроведоа поморска блокада на Грција со што го покренаа процесот на политички борби и ја доведоа во нивниот воен сојуз, поради што прогерманскиот ориентиран крал Константин Први во 1917 година абдицираше во корист на синот Александар.
1920 САД одбија да го потпишат Версајскиот договор по Првата светска војна и да му се придружат на Друштвото на народите, поради страв од вовлеквуање во војна во случај на напад врз некоја од членките на Друштвото.
1925 Во Прилеп е роден Јордан Грабулоски, македонски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Од своите дела, со својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено отворен на 2 август 1974 година. Умре во Скопје, на 26 мај 1986 година.
1930 Умре англискиот државник Артур Џејмс Балфур, премиер на Велика Британија од 1902 до 1906 година. Како државен секретар за Ирска од 1887 до 1892 година се стекна со прекарот „Крвавиот Балфур“, поради начинот на кој го задушуваше ирското движење за независност, а како шеф на дипломатијата во 1917 година го објави планот (Балфурова декларација) за создавање на нациоална држава на Евриете во Палестина. Првиот странски шеф на држава кој ја поддржа Балфуровата декларација беше кралот на Србија, Петар Први Караѓорѓевиќ.
1933 Роден е американскиот писател Филип Рот. Дела: романите „Гради“, „Наша банда“, „Голем американски роман“, „Професор за желби“, „Кога беше добра“, „Ослободениот Цукерман“, збирката раскази „Збогум Колумбус“, есејот „Читајќи се себе и другите“.
1943 Во Тетово е формиран Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија.
1945 Владата на Велика Британија ја призна владата на Демократска Федеративна Република Југославија на чело со Тито.
1950 Умре американскиот писател Едгар Рајс Бароуз, познат по серијата пупуларни романи за Тарзан.
1970 Прв пат од создавањето на Западна и Источна Германија, во Ерфурт се сретнаа шефовите на влади на двете земји, Вили Брант и Вили Штоф.
1971 Најмалку 160 луѓе загинаа при ненадејното лизгање на земјата северно од бразилскиот град Сао Паоло.
1976 Во Загреб умре Иво Тијардовиќ, хрватски компиозитор, диригент и сценограф, еден од најистакнатите во поранешна Југославија. Роден е во Сплит, на 18 септември 1895 година.
1977 Во претседателската резиденција во Бразавил (поранешниот Француски Конго) беше убиен претседателот на Конго Маријен Нгуаби, за што обвинет и потоа погубен беше поранештниот шеф на државата Алфонс Масамба Деба. Власта ја презеде воената хунта, а за претседател во април 1977 година беше прогласен полковникот Јоаким Јомби Опанго.
1978 Во настојувањата да ги спречи упадите на арапските терористи, израелската армија окупира поголем дел на југот од Либан.
1982 Во Скопје умре Адем Гајтани, писател и преведувач од албанска националност во Македонија. Автор е на книгите „Светлина на срцето“, „Морска ѕвезда“, „Лебедова песна“ и други. Роден е во селото Подуево, Косово, на 21 јули 1939 година.
1994 Во експлозија на бомба подметната во подземната железница во главниот град на Азербејџан, Баку, загинаа 12 луѓе.
1994 Трупите на владата на Пном Пен го зазедоа градот Паилин на осток во Камбоџа, главното упориште на маоистичкото герилско движење „Црвени кмери“.
1996 Во главниот град на Филипините, Манила, во пожар во една дискотека загинаа најмалку 150 луѓе.
1997 Умре американскиот сликар од холандско потеко Вилем де Кунинг, втемелувач на апстрактниот експресионизам.
1999 Во експлозија на бомба која ја активираа исламски чеченски терористи на пазар во јужниот руски град Владикавказ, згинаа повеќе од 150 луѓе.
1999 По гаранцијата на саудискиот крал Фахад и јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела за чесното судење, Либија се согласи шкотското правосудство до 6 април 1999 година да ги предаде двајцата Либијци кои беа осомничени за подметнување на експлозија во американскиот патнички авион „Боинг 747“ во декември 1988 година врз Локерби во Шкотска во која загинаа 270 луѓе.
2000 Во Скопје е одржано Основачкото собрание на политичката партија Демократски сојуз. За претседател е избран Павле Трајанов.
2001 Изборите за градоначалник на Париз ги доби социјалистот Бертран Деланое, со што левицата ја презеде власта во главниот град на Франција, првпат за 130 години од времето на Париската комуна.
2002 Комонвелтот одлучи на една година да го суспендира Зимбабве од членството бидејќи еден дел од челниците сметаше дека претседателските избори во оваа земја не биле слободни и демократски.
2004 Тајванскиот претседател Чен Шуи Биан беше ранет со куршум во стомакот во градот Таинан во текот на претседателската изборна кампања.
2006 Умре прочуениот американски моден креатор Олег Касини. Го облекуваше Џеки Кенеди и многу ѕвезди од Холивуд. Роден е во 1913 година во Париз, од мајка италијанска грофица и татко руски гроф и дипломат. Пораснал во Италија, каде го отвори својот прв моден салон, за потоа во 1936 година да емигрира во САД и истата година да почне да дизајнира костими за филмските студија. Ги облекуваше многу познатите ѕвезди како што се Натали Вуд, Грејс Кели, Менри Монро и Џин Тирни која во 1941 година стана и негова сопруга. Во 1960 година Касини стана официјален моден креатор на тогашната прва дама на Америка Жаклина Кенеди, која благодарејќи на неговите креации стана една од најелегантните жени во Вашингтон.
2007 Во експлозија во рудникот „Уљановскаја“ во Кемеровската област во Русија, загинаа 102 од вкупно 203 рудари кои се наоѓаа во рудникот во моментот на експлозијата. Рудникот за јаглен „Уљановскаја“ е еден од најмодерните во Кузбашкиот регион.