На денешен ден!

Добро бе, кој ти е тебе проблемот? Читај пред да постираш, не си на мсн па да се однесуваш како сакаш.
И после кукаш дека те мразам, па затоа ти бришам постови!

На денешен ден, јас избришав седум постови од темава.

Ако сакате сите да знаат дека ви е роденден и да ви отворат тема, ставете во кориснички панел дата на раѓање и ќе излегува известување на форум. Не мора секој да пишува тука, јас сум се родил на денешен ден, јас сум се родил денес пред толку и толку години.
 
21.01.2009

Родендени
на славни личности:

Stonewall Jackson 1824
J. Carrol Naish 1897
Christian Dior 1905
Billy Maxted 1917
Jinx Falkenberg 1919
Paul Scofield 1922
Telly Savalas 1924
Benny Hill 1925
Steve Reeves 1926
Audrey Dalton 1934
Placido Domingo 1941
Billy Ocean 1950
Geena Davis 1957
Jam Master Jay (Run-DMC) 1965
Charlotte Ross 1968
[FONT=&quot]Emma Lee Bunton (Spice Girls) 1978


[/FONT] На денешен ден во музиката:

1957 - Chuck Berry
ја сними "School Day."
1957 – Започна снимањето на вториот филм на Elvis Presley насловен "Loving You."
1965 - The Byrds ја снимија култната "Mr. Tambourine Man."


1966 -Се венчаа George Harrison и Patricia Anne Boyd. Нешто подоцна Patty го напушти Harrison за уште една музичка икона – неговото величество Eric Clapton.
1982 - B.B. King
ја донираше целата негова музичка колекција за Центарот за изучување на Јужњачката култура при Универзитетот во Мисисипи. Колекцијата вклучуваше 20,000 раритетни блуз дела.
1984 - Jackie Wilson почина после 8 годишна кома.
1987 - Aretha Franklin влезе во Rock 'n Roll Hall of Fame.
1990 – Деби издание на MTV's "Unplugged" со Squeeze како први изведувачи.
199
8Музичкиот ветеран Dick Griffey поднесува 6 милионска тужба против Dr. Dre за намерно прекршување на договорот за бизнис соработка во 1991, според кој Griffey би заработувал 25% од вкупните приходи на Dre.
1999 - R&B пејачот и пијанист Charles Brown, почина од откажување на срцето на 76-годишна возраст во Oakland, California. Brown го постигна својот прв хит со "Drifting Blues," во 1946.
[FONT=&quot]

[/FONT]
 
22.01.2009

Родендени на славни личности:

Sir Francis Bacon 1561
Lord (George) Byron 1788
Sam Cooke 1935
Seymour Cassel 1937
Steve Perry (Journey) 1953
Linda Blair 1959
Michael Hutchence (INXS) 1960
Diane Lane 1965
DJ Jazzy Jeff 1965
Regina Nicks (Regina Regina) 1965
Bererley Mitchell 1981



На денешен ден во музиката:

1901 – Роден е композиторот Hans Erich Apostel.
1916 - Роден е композиторот Henri Dutilleux.
1940 – Првото радио емитување на "Road to Happiness" на CBS
1959 - Buddy Holly ги направи своите последни самостојни снимки со акустична гитара и радиокасетофон. Песните беа постхумно издадени.
1960 - Sam Cooke потпиша договор со RCA Records.
1962 - Gene Chandler го имаше своето телевизиско деби со "American Bandstand."
1963 - The Drifters ја снимија "On Broadway."

1963 - Gerry & Тhe Pacemakers ја одржаа својата прва студиска сесија. Како резултат на истата беа продуцирани "Away from You" и "Pretend."
1966 - The Beach Boys ја снимија "Wouldn't It Be Nice".
1969 - Billy Preston станува 5-от Beatle
1971 – Филмот на Joe Cocker "Mad Dogs and Englishmen" го имаше своето премиерно прикажување во Лондон.
1981 – Слика на која John Lennon позира гол, е издадена како дел од меморијалното издание на магазинот Rolling Stone посветено на неговата смрт.
1984 - Barry Manilow ја отпеа националната химна на САД на Super Bowl XVIII.
1989 - Gene Simmons (KISS) и поранешната "Playboy" зајачица Shannon Tweed добија син.
1990 – Ден запаметен по поганиот јазик на Slash, гитаристот на Guns 'N' Roses, кој без трошка срам на неколку наврати употреби пцовки при примањето на признание во склоп на Американските музички награди.
1991 – Албумот "Mama Said Knock You Out" на L.L. Cool J's беше сертифициран како платинест од страна на Recording Industry Association оf America.
1993 - Metallica ја започнаа нивната "Nowhere Else To Roam" турнеја во Kalamazoo, Michigan.
1998 – Во Лос Анџелес, Snoop Doggy Dogg поднесе $10 милионска тужба против & Feldman, нивната мајка фирма Coopers & Lybrand и поранешниот сметководител на Gelfand - Steven Cantrock. Обвинението било поттикнато од неспособноста на гореспоменатите да управуваат со парите на познатиот рапер.


Насилно изменето од милиот модератор. :D
 
На денешен ден нашиот мил и драг форумџија Јован (из Охрида града) го напиша својот прв текст за "Дневник"

Честито ЈоФанче, да ти се множат.:wink:

Текстот овде.
 
На денешен ден, 1922 год. е роден Steven Hill, актер познат по улогата во Закон и ред (Adam Schiff, 10 сезони, 1990-200 год.). Роден е како Solomon Krakovsky, во Seattle, Washington, U.S.
(На денешен ден со маж ми славиме 6-годишнина :) sorry, морав да се пофалам)
http://en.wikipedia.org/wiki/U.S.
 
На денешен ден 02.03.1962 е роден еден од најдобрите рокери Јон Бон Јови:vozbud:
 
На денешен ден 1975 Чарли Чаплин е инаугуриран како витез од Кралицата Елизабета Втора
 
1765.Роден е францускиот хемичар Жозеф Нисефор Ниепс, пионер на фотографијата. Усовршувајќи ја литографијата од 1813 до 1820 година, прв во светот успеа да фиксира слика добиена во темна комора со помош на посребрена бакарна плочка прекриена со осетлив слој на асфалтен лак.
1785 Роден е италијанскиот писател Алесандро Манцони. Се залагал за обединување на Италија, силно поддржувајќи го националното движење во четериесеттите години на 19. век. Пишувал лирски песни, трагедии и романи. Дела: романот „Вереници“, посмртната ода за Наполеон Први „Света химна“, драмите „Гроф Кармањол“, „Аделки“.
1793 Франција и објави војна на Шпанија.
1809 Умре францускиот конструктор Жан Пјер Франсоа Бланшар, кој во 1785 година заедно со Џон Џеферсон со балон први го прелетаа Ламанш. Исто така го конструира и падобранот.
1820 Под притисок на востаниците, шпанскиот крал Фернандо Седми мораше да го врати на сила либералниот устав од 1812 година и ја укина инквизицијата.
1850 Роден е чехословачкиот државник Томаш Масарик, професор на Прашкиот универзитет, филозоф. Беше првиот претседател на Чехословачка од 1918 до 1935 година. Во 1900 година ја основа Народната странка, која во 1905 година беше премиенувана во Прогресивна партија. Од 1907 година беше пратеник во собранието на Австрија во кое се бореше против режимот на Хабзбуршката монархија и за автономија на Чесите. Се противеше на агресијата на австроунгарската политика на Балканот. Војната ја помина во емиграција, настојувајќи да добие согласност од сојузниците за независност на Чехословачка. Дела: „Социјално прашање - филозофски и социолошки основи на марксизмот“ (марксизмот го третираше како економски материјализам и едностран колективитет), „Самоубиството како социјална масовна појава на модерната цивилизација“, Принципи на моралот на Дејвид Хјум“, Основи на конкретната логика“, „Најнови филозофии на религиите“.
1857 Во Велс е роден Јулиус Вагнер фон Јаурег, австриски невролог, медицински научник и професор на Универзитетот во Виена. Тој беше еден од најпознатите невропсихијатри на современата епоха. Во 1927 година ја доби Нобеловата награда за физиологија или медицина за откривањето на терапевтската вредност на заразувањето со маларија во лекувањето на прогресивната парализа. Умре во Виена, на 27 септември 1940 година.
1872 Роден е Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар. Како еден од основачите на групата "Де Стил" (1917), во 1920 година објави манифест за "неопластицизмот". Од 1940 година живееше во САД. Неговото сликарство е одраз на сложени интелектуални напори. Тој е значаен претходник на новото сликарство. Умре во Њујорк, на 1 февруари 1944 година.
1875 Во Цибор, на Пиринеите, е роден Морис Равел, француски композитор. Тој е еден од најпознатите претставници на францускиот импресионизам, творец на многу оргинален израз. Најпознати дела му се оркестарската композиција "Болеро", операта "Шпански часовник", балетот "Дафнис и Клое". Умре во Париз, на 28 декември 1937 година.
1918 Болшевичката партија го промени називот во Руска комунистичка партија.
1876 На американскиот пронаоѓач Александер Грејм Бел му е признат патентот за пронаоѓањето на телефонот.
1926 Воспоставен е првиот телефонски разговор преку Атлантикот, меѓу Лондон и Њујорк.
1931 На 7 и 8 март Македонија ја погодија два силни земјотреси кои, покрај човечки жртви, предизвикаа и огромна материјална штета. Епицентарот на овие земјотреси беше меѓу Валандово, Удово и Струмица.
1932 Умре францускиот државник Арстид Бријан, кој беше 11 пати претседател на влада и добитник на Нобеловата награда за мир во 1926 година. Во Првата светска војна се залагаше за формирање на Солунскиот фронт, а по војната за создавање Обединети Држави на Европа и Друштво на народи.
1935 Со враќањето на Сарската област во рамките на Германија почна големата територијална експанзија на Третиот рајх, која заврши во 1945 година со пораз на Германија во Втората светска војна.
1936 Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер доведе војска во дотогаш демилитиризаната зона на целиот западен брег на реката Рајна, нарушувајќи ги со тоа клаузулите на договорите потпишани во Версај и во Лакорно. Германија беше осудена, но ништо не беше преземено.
1945 Потиснувајќи ги јапонските сили во Втората светска војна, британската 14 армија влезе во Мандалеј, вториот најголем град во Бурма.
1951 Иранскиот шеф на влада Алија Размар во една техеранска џамија уби исламски фанатик.
1962 Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало "ОСО 1" (орбитална сончева опсерваторија).
1971 Околу илјада американски авиони го почнаа бомбардирањето на Јужен Виетнам и на Лагос.
1983 Во експлозија на гас во рудник за јаглен близу турскиот град Ерегли загинаа 96 рудари.
1989 Кина објави вонредна состојба во Тибет по тридневните антикинески немири во јужната планинска провинција.
1989 Иран ги прекина дипломатските односи со Велика Британија поради објавувањето на книгата на британскиот писател со индиско потекло Саламан Ружди „Сатански стихови“.
1990 Во Скопје умре Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на весникот „Нова Македонија“, еден од основоположниците на енигматиката во Македонија. Роден е во Штип, на 26 февруари 1932 година.
1991 Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-ни учесници во бунтот против централната власт.
1995 Германските воени ветерани и нивните победоносни американски воени непријатели, во Ремаген заеднички го одбележаа полувековниот јубилеј од поразот на германската војска на Рајна, која го забрза поразот на Германија во Втората светска војна.
1996 Тројца припадници на американските вооружени сили се осудени на казна затвор од 6,5 до седум години, поради тоа што во 1995 година силувале едно 12-годишно девојче на Окинава, што предизвика бран на огорчени протести и барања американската војска да го напушти овој јапонски архипелаг.
1998 Италијанскиот воен суд го осуди поранешниот германски СС-капетан Ерих Прибке на доживотен затвор, прогласувајќи го за најголем злосторник во текот на Втората светска војна во Италија, извршувајќи масакар во Адреатинските пештери во близина на Рим.
1999 Умре американскиот филмски режисер Стенли Кјубик. Негови најпознати филмови се "2001: Одисеја во космосот", "Пеколен портокал", "Спартак", "Убивање", "Лолита" и "Широко затворени очи".
2004 Во близина на Мадагаскар при потонувањето на ферибодот „Самсон“ во циклонот „Гафило“ загинаа најмалку 115 луѓе.
2004 Кенон Џин Робинсон стана деветиот бискуп на Њу Хемпшир. Отворено соопшти дека е хомосексуалец.
2006 Најмалку половина милион луѓе во градовите ширум Франција протестираа против планот за намалување на невработеноста на владата на премиерот Доминик де Вилпен. Со планот се предвидуваше и полесно отпуштање на младите работници со надеж дека работодавачите полесно ќе се одлучуваат да ги вработат.
2007 Авионот „Боинг 737-400“ на индонезиската национална авиокомпанија Гаруда, со 140 патници и членови на екипажот, изгоре по неуспешното слетување на аеродромот во Џакарта, Индонезија, на островот Јава. Потврдена е смртта на 48 патници и на едно лице кое подоцна почина во болница.
 
Денеска е Меѓународниот ден на жената.
1500 Од Лисабон отплови португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал (1460-1526), кој на патот за Индија се одалечи со своите бродови од африканскиот брег во правецот кон Запад, кон копното на Јужна Америка, и така го откри Бразил, прогласувајќи го за португалска колонија.
1714 Во Вајмак е роден Карл Филип Емануел Бах (син и ученик на Јохан Себастијан Бах), германски композитор. Компонираше симфонии, клавирски концерти и стотина клавирски сонати. Умре во Хамбург, на 14 декември 1788 година.
1866 Роден е рускиот физичар Пјотр Николаевич Лебедев, професор на Московскиот универзитет. Го проучувал притисокот на светлината, докажувајќи дека постои механички импулс кај светлосниот зрак, што е од големо значење за вселенските појави.
1869 Во Париз умре Хектор Берлиоз, француски композитор, творец на романтични музички дела и на француската модерна програмска музика. Изврши големо влијание на европската музика не само со своите композиции, туку и со своите статии и критики. Се смета за основач на музичкиот романтизам. Најпознати дела му се "Фантастична симфонија", "Харолд во Италија", "Бенвенуто Челини" и драмската легенда "Проклетството на Фауст". Роден е во Париз, на 11 декември 1803 година.
1879 Роден е германскиот хемичар и физичар Ото Хан, професор на универзитетите во Берлин и во Гетинген, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1944 година. Во 1957 година ја потпиша Гетингеншката декларација, одбивајќи да соработува во развојот на евентуалното западногерманско нуклеарно вооружување. Во 1938 година го докажа распаѓањето на радиумот, а во 1939 година заедно со Фриц Штрасман го откри нуклераното цепење на јадрото на уранот. Ги откри и радиоактивните елеметни на мезоториумот, радио-ториумот и заедно со Лиза Мајтнер протоактиниумот.
1895 Родена е уругвајската писателка Хуанита Фернандес Морале, позната како Хуана Фернандес де Ибарбоуро, една од најистакнатите лирски поети во Јужна Америка, наречена „Хуана Америка“. Дела: збирка стихови „Дијамантски јазици“, „Див корен“, „Изгубена“, „Судбинска романса“.
1899 Во Велики Крѓевац, кај Бјеловар, е роден Мато Ловрак, хрватски писател - раскажувач и романсиер, автор на голем број дела, главно за деца, кои се одликуваат со едноставност на раскажувањето и со интересна фабула. Меѓу најзначајните негови дела се „Дружината на Перо Џумката“, „Возот в снег“, „Зелениот остров“ и „Пријатели“. Умре во Загреб, на 13 март 1974 година.
1904 Германија го ублажи антиезуитскиот закон од 1872 година, дозволувајќи враќање на поедини припадници на овој римокатолички ред.
1907 Роден е грчкиот државник Константин Караманлис, претседател на Грција од 1980 до 1985 година, основач на партијата „Нова демократија“. Првпат стана претседател на влада во 1955 и на оваа позиција остана до 1963 година, кога и доброволно емигрираше. Повторно состави влада во 1974 година, по падот на воената хунта, одигрувајќи клучна улога во обновата на грчката демократија.
1910 Врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген, Данска, во август 1910 година, 8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената. На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржаа под паролата - Борба за општо право на глас.
1917 Во Петроград (денешен Санкт Петербург) со немири и штрајкови почна Февруарската револуција. (Настанот се случи на 23 февруари според Јулијанскиот календар, кој тогаш беше на сила во Русија).
1917 Умре Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушни бродови (балони), според него наречени „цепелин“. Првиот воздушен брод летна на 3 јули 1900 година. Роден е на 8 јули 1838 година.
1921 Француските трупи влегоа во Дизелдорф и во другите градови во Руру бидејќи Германија не ги подмири воените штети според обврската од Версајскиот договор како поразена страна во Првата светска војна.
1921 Во Мадрид анархистите го убија претседателот на шпанската влада Едуардо Дата.
1930 Умре американскиот државник Вилијам Хауард Тафт, претседател на САД од 1909 до 1913 година, прв поранешен шеф на државата во американската историја кој од 1921 година до смртта беше претседател на Врховниот суд. Во текот на претседателскиот мандат воено интервернираше во Никарагва, која потоа беше под американска окупација од 1912 до 1925 и од 1926 до 1933 година.
1942 Умре кубанскиот велемајстор Хосе Раул Капабланка и Грауперо, светски првак во шах од 1921 до 1927 година. Загуби само една партија во периодот 1914-1924 година, по што е единствен во шаховската историја. Титуталата ја освои со победа на натпреварот со германскиот велемајстор Емануел Ласкер со 4:0, со 10 реми, а загуби од рускиот велемајстор Александар Аљехин, кој го победи со 6:3, со 25 реми. Дела: „Основи на шахот“, „Мојата шаховска кариера“.
1942 Јапонските трупи во Втората светска војна го зазедоа главниот град на Бурма, Рангун. Во војната Бурма имаше исклучително стратешко значење.
1945 Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
1946 Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија. Според член 1 од овој Закон и врз основа на член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија, името на Демократска Федерална Македонија се изменува и гласи: Народна Република Македонија. Според член 2 од истиот Закон имињата Народно собрание на Македонија, Президиум на Народното собрание на Македонија и Народна влада на Македонија, се изменуваат и гласат: Народно собрание на Народна Република Македонија, Президиум на Народното собрание на Народна Република Македонија и Влада на Народна Република Македонија.
1950 Советскиот маршал Климент Ворошилов објави дека Советскиот Сојуз изврши проба на атомска бомба, што предизвика шок во САД, бидејќи Американците беа уверени дека единствено тие поседуваат нуклеарно оружје. Голема паника во Вашингтон предизвика и изјавата на Ворошилов дека пробата била извршена уште на 23 септември 1949 година.
1954 Склучен е одбранбениот договор меѓу САД и Јапонија, со што Токио потполно се приклучи кон западниот политичко-воен сојуз.
1965 Во Јужен Виетнам беа распоредени 3.500 американски маринци, со што почна масовното вклучување на американските копнени трупи во виетнамската воена авантура, која заврши со целосен пораз во 1975 година и со загуба на повеќе од 58.000 Американци.
1971 Умре американскиот филмски глумец Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филмови: „Сигурноста на последно место“, Бруцош“, „Чувај се, професоре“.
1983 Умре англискиот композитор Вилијам Тарнер Волтон, творец на чувствителна и лирска музика со неоромантичен стил. Особено е значаен по оркестарските композиции, кои се одликуваат со долга мелодиска линија, богата со хармонија и сложен ритам. Дела: мелодрамата „Фасада“, „Концерт за виолина“.
1993 Јужнокорејскиот претседател Ким Јонг Сам смени двајца клучни генерали лојални на претходниот воен режим, во настојување да ја зацврсти цивилната контрола врз армијата.
1944 Кај Дурбан во Јужна Африка загинаа 64 патници на приградски воз при излетување од шините.
1996 Заврши неуспешниот мировен мандат на Обединетите нации во Руанда.
1997 Албанскиот претседател Сали Бериша доживеа понижувачки пораз кога бунтовниците го зазедоа градот Ѓирокастро, последното упориште на владините сили на југот на Албанија.
1999 Умре американскиот спортист Џо Ди Маѓо, легендарен бејзбол играч во њујоршкиот „Јенки“.
2000 Во Кина е погубен поранешниот провинцијален вицегувернер Ху Чангчинг поради подмитување. Тој е највисокиот функционер погубен во оваа земја за последните 50-ина години.
2001 Тричлениот совет на чилеанскиот апелационен суд со 2:1 пресуди дека на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче може да му се суди за кршење на човековите права по воениот удар кој го изведе во 1973 година во кој е убиен демократски избраниот шеф на државата Славадор Аљенде.
2003 Убиен е еден од основачите и водач на оруженото крило на палестинското исламистичко движење „Хамас“ - Ибрахим ел Макадма. Во ракетниот напад на израелскиот хеликоптер на Макадминото возило во појасот Газа беа убиени и тројца негови телохранители.
2005 Во акцијата на специјалната руска полиција во северен Кавказ, во местото Толстој-Јурт, е убиен Аслан Масхадов, водач на чеченските сепаратисти, еден од најзлогласните терористи на просторите на поранешниот Советски Сојуз.
2005 Сириските трупи почнаа повлекување од Либан, по сириско-либанскиот воен договор чии детали се договорени еден ден порано, при средбата во Дамаск на сирискиот претседател Рашид ел Асад со својот либански колега Емил Лахуд.
2007 Израелскиот министер за здравство Јакоб Бен-Јизри потврди дека во болниците во Израел е присутна смртоносна бактерија, и дека од почетокот на годината до тогаш предизвика смрт кај 200 луѓе. Се верува дека во прашање е бактеријата „Klebsiella pneumoniae“, една од најотпорните бактерии на антибиотици, безопасна за здравите луѓе, но фатална за пациентите со заслабен имунитет.
 
1872.Во Пиза умре Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј го основа револуционерното здружение "Млада Италија". Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Роден е во Џенова, на 26 јуни 1805 година.
1878 Во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Леонид Јанков, македонски револуционер и војвода. Песната „Трба, трби гевгелиска“ е посветена на овој 27-годишен војвода. Во месноста Ѓуров Дол, кај селото Ѓавато, Гевгелиско, на 2 септември 1905 година, во борба против турската војска, откако го уби турскиот јузубашија, со последниот куршум се самоуби.
1945 Токио во Втората светска војна е уништен во нападот на 300 американски бомбардери Б-29, при што загинаа околу 100.000 жители ја јапонскиот главен град.
1953 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Просветен работник", како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија.
1965 Во Скопје умре Стале Попов, македонски писател. Богословија заврши во Битола, а Теолошки факултет во Белград. Немаше постојана професија. Беше селски чувар, тутунски работник во прилепскиот монопол, службеник во Собранието во Белград, претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, управник на шумска дирекција и професор по македонски јазик. Литературната афирмација ја започна по ослободувањето на земјата. Во 1953 година го објави романот "Крпен живот", а потоа и романите "Толе Паша", "Калеш Анѓа" и "Дилбер Стана". Исто така, познати се и неговите повести "Опасна печалба" и "Мариовски панаѓур". Роден е во селото Мелница, мариовско, на 25 мај 1902 година.
1985 Во Битола умре Ацо Стефановски, доајен на Народниот театар во Битола и пионер на македонската театарска и филмска уметност. Роден е во Битола, на 10 декември 1922 година.
1987 Во Скопје умре Спасе Чучик, истакнат македонски просветно-педагошки работник, општественик и учесник во НОВ на Македонија. Тој е еден од првите просветни работници во слободна Македонија кои го понесоа товарот и одговорноста на мошне сложената и тешка општествена и просветителска задача и пристапија кон остварувањето на воспитно-образовната дејност на македонскиот јазик. Особено е значаен неговиот придонес, заедно со други автори, во издавањето на првиот македонски буквар во 1945 година. Роден е во Дебар, во 1907 година.
1992 Наместо терминот "милиција", што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува терминот "полиција".
1993 Сухарто по шести пат е избран за претседател на Индонезија.
1995 Полковник Станоја Богев е промовиран за прв генерал на полицијата на Република Македонија.
1997 Ватикан воспостави дипломатски односи со Либија.
 
1544.Во Соренто е роден Торквато Тасо, италијански поет. Се смета за најголем италијански поет во периодот меѓу Петрарка и Леонардо. Живееше во времето на ренесансата, а во својот богат опус настојуваше да ги изрази моралните дилеми на своето време, да го фиксира судирот меѓу доброто и злото, меѓу пороците и доблестите. Најпознати негови дела се „Ослободениот Ерусалим“, „Аминта“ и „Реторисмондо“. Умре во Рим, на 25 април 1595 година.
1820 Умре американскиот сликар Бенџамин Вест. Последните години од животот ги помина во Лондон, каде што го портретираше британскиот крал Џорџ Трети.
1857 Умре шпанскиот писател Мануел Хосе Кинтана, следбеник на класиката. Беше секретар на бунтовничкото движење за независност во времето на Наполеон Први кога владееше со Шпанија од 1808 до 1814 година. Дела: „Ода за Шпанија“, „Ода за печатот“, драмите „Пејало“, „Војводата од Висеа“, историското дело „Животите на славните Шпанци“, критиката „Правила на дармата“.
1885 Роден е англискиот возач на брзи автомобили и чамци Малколм Кемпбел, кој меѓу 1924 и 1935 година деветпати го собори светскиот брзински рекорд во возење автомобил, а меѓу 1937 и 1939 година трипати во возење чамци. Во 1935 година стана првиот човек кој со автомобил возеше побрзо од 300 милји на час (483 километри). Неговите рекорди ги собори синот Доналд, кој во 1967 година загина со чамецот „Сина птица“, при поставувањето на новиот светски рекорд на вода од 527,9 километри на час.
1892 Роден е американскиот филмски режисер Раул Волш. Филмови: „Багдатски крадец“, „Цена на славата“, „Умреа во чизми“, „Џентлменот Џим“, „Сребрена река“, „Светот во негови раце“, „Голи и мртви“.
1908 Умре Едмондо Амичис, италијански писател и патописец. Неговите дела, романот за деца "Срце" и патописот "Холандија" се преведени на сите јазици во светот. Роден е во 1846 година.
1913 Велика Британија и Германија постигнаа Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1915 Во Чикаго на првиот народен собир 468 делагати од САД и Канада го поддржаа обединувањето на Србите со другите јужни Словени. Иселениците во резолуција истакнаа дека „единствен спас е прекинот на сите врски со Австро-Унгарија“ и формирање на единствена држава.
1915 Велика Британија ја почна блокадата на Германија во Првата светска војна.
1916 Роден е англискиот државник и публицист Џејмс Харолд Вилсон, водач на Лабуристичката партија и премиер на Велика Британија од 1964 до 1970 и од 1974 до 1976 година. Дело: „Војна против сиромаштијата во светот“.
1917 Избувна Февруарската буржоаска револуција во Русија (според стариот каледнар - на 26 февруари).
1917 Британските трупи го зазедоа Багдад во Првата светска војна.
1918 Советската влада на чело со Владимир Илич Ленин и ЦК на РКП мина од Петроград во Москва. Тогаш Москва стана престолнина на првата социјалистичка земја во светот.
1931 Во Скопје е роден Драган Ѓаконовски - Шпато, македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика. Како автор на многубројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и џез музика, на македонската сцена се појави уште во првите години по војната. Како надарен музички инструменталист формира повеќе оркестри и групи. Умре во Скопје, на 3 јануари 1987 година.
1931 Во Куманово е роден Драгутин Аврамовски - Гуте, македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстрактни сликари и има особен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и илустрација. Умре во Скопје, на 12 септември 1986 година.
1938 Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегоа во Австрија.
1941 Американскиот Конгрес, на иницијатива на претседателот Френклин Рузвелт, го усвои „Законот за заем и наем“, со кој беше овозможено државата да може сите воени материјали да ги продаде, пренесе, замени, позајми, да ги даде под закуп. Со овој закон Велика Британија доби значителна помош во оружје во Втората светска војна, а САД официјално останаа надвор од војната.
1943 Бугарскиот окупатор изврши општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеа обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите беа конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи (од Скопје, од Битола, Велес, Штип и од други места) беа собрани во Монополот во Скопје, на 22 март беа транспортирани во логорот на смртта „Треблинка“ во Полска, во кој, по извесно време, германските фашисти ликвидираа над 7.000 Евреи.
1945 Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1955 Умре Александар Флеминг, шкотски микробиолог. Во 1928 година откри дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие Флеминг го нарече пеницилин, чија масовна примена започна во 1942 година. За ова откритие, заедно со Флореј и Чаин, во 1945 година ја доби Нобеловата награда за медицина. Роден е во Лохвилд, на 6 август 1881 година.
1975 Во Лисабон згасна буната на падобранските единици против левичарската воена влада, а поранешниот претседател генералот Антонио Рибеиро де Спинола побегна со група офицери во Шпанија. Следниот ден е основан т.н. Револуционерен совет за продолжување на револуционерниот процес започнат на 25 април 1974 година со соборувањето на режимот кој во наследство го остви Антонио де Оливеира Салазар.
1976 Поранешниот претседател на САД Ричард Никсон призна дека во 1970 година и наредил на Централната разузнавачка агенција да спречи Салвадор Аљенде да стане претседател на Чиле. ЦИА при соборувањето на Аљенде во 1973 година во многу го помогна воениот заговор на генералот Аугусто Пиноче.
1985 Ден по смртта на Константин Черњенко, за генерален секретар на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Советскиот сојуз беше избран Михаил Горбачов.
1990 Литванското собрание ја објави независноста од Москва. Литванија е првата советска република која излезе од Советскиот Сојуз.
1990 Чилеанскиот диктатор генералот Аугусто Пиноче по 16 години му ја предаде функцијата на Патрисио Ајлвин, но ја задржа командата врз оружените сили.
1996 Република Македонија е примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996 Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите-членки на ФАРЕ.
1998 Претседателот на Индонезија Сухарто, и покрај силните студентски протести, го започна седмиот петгодишен мандат, но набрзо беше принуден да поднесе оставка на функцијата шеф на државата.
2000 Во експлозија на гас во рудникот за јаглен Бараково во источна Украина загинаа 81 рудар.
2002 Во Скопје умре Илија Милчин, македонски артист и преведувач, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Прилеп, на 19 јуни 1918 година.
2003 Во Хаг е инаугуриран Меѓународен кривичен суд. Пред овој суд, кој има мандат да суди само за дела сторени по 1 јули 2002 година, можат да се поднесат тужби за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
2004 Во терористички напад на Ал Каеда на возови во Аточа, главниот железнички јаз во Мадрид, загинаа 191, а повредени беа околу 1.500 луѓе.
2006 Умре Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија. Милошевиќ беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген, во кој се наоѓаше од јуни 2001 година.
2007 Во експлозија на автомобил-бомба во Багдад убиени се најмалку 31, а ранети 30 луѓе. Камионот е „дигнат во воздух“ во близина на багдадскиот колеџ Ал Мустансирија во претежно шиитската населена област Ал Карада.




Ај бе што е ова само јас пишам,чекам зеленко од сите(10 поени) :)
 
1325.Основан е градот Теночтитлан, престолнина на државата Астека.
1572 Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ, автор на делото „Рибарење и рибарско приговарање“, едно од најоригиналните дела на ренесансната книжевност. Го преведе и делото „Ремедиа аморис“ на римскиот поет Овидио.
1733 Роден е Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Умре на 6 февруари 1804 година.
1741 Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син на царицата Марија Терезија и нејзин салвадор од 1765 до 1780 година.
1781 Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел (1738-1822) неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн.
1848 Ден по масовните демонстрации во Виена, падна полициско-апсолутистичкиот режим на канцеларот Клеменс Метерних. Канцеларот побегна во Велика Британија, а на илјадниците гневни виенчани кои се собраа во дворот на царот, Фердинанд Први им вети нов устав.
1860 Во Словенградец е роден Хуго Волф, австриски композитор, претставник на доцниот романтичарски правец. Најголемиот број клавирски композиции ги пишуваше на стихови од познати поети, првенствено од Хајнрих Хајне. Умре во Виена, на 22 февруари 1903 година.
1881 Членовите на тајното терористичко здружение „Народна волја“ го убија рускиот цар Александар Втори Николаевич Романов. Во текот на владеењето, во 1861 година Александар Втори ги ослободи селаните од феудалните обврски, спроведе реформи, го реорганизираше судството, управата и војската, и ја прошири државата со освојување на денешните Киргизија, Трукменија, Узбекистан и делови од Кавказ. Го наследи синот Александар Трети, кој владееше со слични методи.
1890 Во Пловдив умре Иван Генадиев, македонски писател, композитор и општественик. Тој е син на преродбеникот општественик Генадиј, митрополит велешки. Основно училиште заврши во Охрид, а средно училиште во Битола и во Цариград. Потоа студираше филологија на Атинскиот универзитет. Како студент пишуваше поезија и литургиски творби. Во 1859 година објави комедија во стихови, а потоа, во соработка со Григор Прличев и збирката гатанки и песни “Свингс“. Роден е во Охрид, во 1829 година.
1895 Во Њујорк изгоре лабораторијата на пронаоѓачот Никола Тесла со што изчезна огромната научна документација која тој со години ја собираше.
1907 Во Велес е роден Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Беше припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци. Сиот богат творечки живот го вгради во драмското творештво. До крајот на животот живееше од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Умре во Скопје, на 16 ноември 1995 година.
1928 Пукна браната „Ст. Френсис“ на околу 60 километри северно од Лос Анѓелес при што најмалку 450 луѓе се удавија.
1938 Во Франција социјалистот Леон Блум ја формира владата на Народниот фронт.
1969 Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација.
1972 Велика Британија и Кина се согласија да разменат амбасадори.
1974 Во Загреб умре Мато Ловрак, хрватски писател - раскажувач и романсиер. Автор е на голем број дела, главно за деца, кои се одликуваат со едноставност на раскажувањето и со интересна фабула. Меѓу најзначајните негови дела се „Дружината на Перо Џумката“, „Возот в снег“, „Златниот остров“ и „Пријатели“. Роден е во Велики Крѓевац, кај Бјеловар, на 8 март 1899 година.
1975 Во Белград умре Иво Андриќ, еден од најголемите писатели на поранешна Југославија. Освен песни во проза ги напиша и прочуените романи "Мостот на Дрина", "Травничка хроника", "Госпоѓица". Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Роден е во селото Долац, кај Травник, на 10 октомври 1892 година.
1986 Космонаутите Владимир Соловјов и Леонид Кизим станаа први членови на екипажот на советската вселенска станица „Мир“.
1990 Советското собрание го изгласа престанокот на 72-годишниот монопол на власт на Комунистичката партија.
1992 Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе.
1993 Во Скопје умре Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите уметници на 20. век во Македонија, претставник на експресионизмот во Македонија. Беше професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје и член на групата „Мугри“. Меѓу најзначајните дела се „Манастирски пејзаж“, „Презреано жито“, „Црвена арабеска“, „Жена“ и други, а од мозаиците најпознат е мозаикот во Спомен-костурницата во Велес. Роден е во Кавадарци, во 1927 година.
1996 Во градчето Данблејн, околу 40 километри северно од Глазгов, убиец во гимнастичката сала на основно школо усмрти 16 ученици во прво одделение, на возраст од пет и шест години заедно со нивната учителка и рани уште 13 ученици, а потоа изврши самоубиство.
1997 Јордански војник уби седум израелски ученици кои во текот на експлозијата ја разгледуваа областа наречена „Остров на мирот“ на израелско-јорданската граница.
1997 Во Белград умре Душан Геренчовски, македонски писател. Автор е на теливизиската драма „Белиот ѕид“ и на радиодрамите „Самоубијци“, „Црниот круг“. Роден е во Неготино, на 28 април 1933 година.
1998 Во Скопје умре Бошко Смаќоски, македонски писател. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија „Мајски ѕвончиња“, објавена во 1959 година и последната „Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија), објавена во 1998 година. Роден е во селото Модрич, Дебарско, на 18 септември 1938 година.
2001 Владејачкото авганистанско екстремно исламистичко талибанско движење заврши со уништувањето на две древни статуи со непроценлива уметничка и историска вредност на Буда во Бамијан.
2006 Во Скопје умре Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На 14 март 1952 година Османли стана првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) стана и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“. Османли беше прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и редовен професор по предметите Актерска игра и Интермедијално творештво со историја на филмот. Се занимаваше и со пишување на филмски и телевизиски сценарија, адаптации и драматизации на македонски литературни дела. Општо земено, неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа има добиено многубројни уметнички и општествени награди и признанија. Роден е во Битола на 29 мај 1927 година.
2007 Најмалку 42 лица, од кои повеќето деца, од епидемија на колера умреа за време од 24 часа во јужна Сомалија. Колерата чии симптоми се диареја и повраќање, може да доведе до смрт во рок од пет часа доколку не се лечи.
2007 Најмалку 48 лица настрадаа од студ или од последиците на обилниот дожд проследен со луњи и громови во северна Индија.


САКАМ ЗЕЛЕНКО :helou:
 
1558.Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде титулата римски цар без вообичаеното папско крунисување.
1804 Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот, австриски композитор, татко на прочуените виенски композитори Јохан, Јозеф и Едуард. Најзаслужен е за најголемата распространетост на виенскиот валцер во почетокот на 19. век. Умре во Виена, на 25 септември 1849 година.
1820 Роден е италијанскиот крал Виторио Емануел Втори, прв монарх на обединета Италија. Од доаѓањето на престолот во 1861 година до неговата смрт во 1878 година владеел како уставен монарх.
1844 Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај.
1879 Во Улм, Германија, е роден Алберт Ајнштајн, американски физичар, Евреин со германско потекло, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. По доаѓањето на Хитлер на власт, Ајнштајн се откажа од германското државјанство и емигрира во САД. Покрај општата теорија на релативитетот го објави и законот за фотоелектричниот ефект со помош на квантната теорија и во 1921 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Принстон, на 18 април 1955 година.
1883 Вo Лондон умре Карл Маркс, германски револуционер, творец на научниот социјализам, на неговите погледи кон општеството и законитостите на неговото движење. Творец е на низа капитални дела од областа на економијата, филозофијата, историјата и од други подрачја на општествените науки. Главни негови дела се „Прилог кон критиката на политичката економија“, „Капиталот“, „Економско-филозофски ракописи“, „Беда на филозофијата“, заедно со Енгелс - „Манифест на комунистичката партија“ и други дела. Роден е во Трир, на 5 мај 1818 година.
1891 Подморницата "Монарх" постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа.
1912 Во Москва умре Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар, кој се занимаваше со проучување на притисокот на гасовите, што е од големо значење за разбирањето на космичките појави. Тој докажа дека светлоста врши притисок на површината на која паѓа. Роден е во 1866 година.
1914 Цариградскиот мировен договор меѓу Србија и Турција е дополнет со Лондонскиот договор со кој заврши Првата балканска војна.
1932 Американскиот индустријалец Џорџ Истман, еден од пионерите на фотографијата и филмот, основач на компанијата „Кодак“ изврши самоубиство. Во 1844 година ја лансираше чувствителната фотографска хартија. Во 1899 година лансираше едноставна фото камера, а потоа истата година и целулоидна филмска лента прилагодена на камерата.
1938 Рускиот револуционер Николај Иванович Бухарин е стрелан по монтираниот судски процес за време на најжестоките сталинистички чистки. Беше осуден на смрт по измисленото обвинение за шпијунажа како „припадник на троцкистичко-жиновјевски и бухариновски контрареволуционерен центар“. Беше професор на Универзитетот во Москва каде предаваше политичка економија. Од 1918 до 1922 година беше главен уредник на весникот „Правда“. Дела: „Империјализмот и светското стопанство“, „Економија на преодниот период“, „Теорија на историскиот материјализам“.
1944 Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
1945 По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.
1965 Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија.
1979 Најмалку 200 луѓе загинаа при пад на авион од типот „трајдент“ врз една фабрика близу Пекинг.
1980 Во авионска несреќа во Варшава загинаа 87 луѓе, вклучувајќи и 14 членови на американскиот боксерски тим.
1983 Органзацијата на земјите произведувачи на нафта се согласија за намалување на цената на нафта од 15 отсто, првпат во 23-годишната историја на ОПЕК.
1991 „Бирмингемската шесторка“ - шест Ирци погрешно обвинети за подметнување експлозија во 1974 година во пабови во англискиот град Бирмингем после 16 години беа ослободени од затвор.
1995 Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во космосот со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур.
1996 Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
1997 Умре американскиот филмски режисер од австриско потекло Фред Цинеман. Филмови: „Седмиот крст“, „Луѓе“, „Тереза“, „Точно напладне“, „Сват“, „Одовде до вечноста“ (Оскар), „Оклахома“, „Старецот и морето“, „Приказна за калуѓерката“, „Човек за сите времиња“ (Оскар), „Операција шакал“.
2004 Шпанците и приредија изборно изненадување на владата на десниот центар и на премиерот Хосе Марија Аснар, враќајќи ги на власт социјалистите.
2005 Собранието на Кина го усвои законот со кој се одобрува употреба на воена сила во случај Тајван да прогласи независност.
2006 Ирачката полиција на повеќе места пронајде 86 тела со рани од куршуми, а сите тела беа врзани за рака и нога. По тој повод потврдено е постоењето на „одредот на смртта“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom